Најнапред здраво на сите, бидејќи сум нов на Форумов !!!
Барав на Нет мислења и искуства за погореопишаниот телефон и наидов на оваа тема па како корисник на телефонот не можев да се воздржам а да не искоментирам и Ви го претставам јавно моето искуство со телефонот.
Прво и Основно мој совет: Ако планирате да купите телефон и имате 150 евра НЕ ГО КУПУВАЈТЕ ОВОЈ ТЕЛЕФОН. За истите пари имате во Анхоч ЛДК 5 инчен смартфон кинески 100 пати подобар и поквалитетен од овој мада боља варијанта Ви е да купите половен или со пониски перформанси али МАРКА ТЕЛЕФОН не кинески, еве и зошто (Ке Ви го раскажам моето искуство):
Телефонот го купив во Мај 2013 година свесен дека е кинески али вработените во АМЦ ме убедуваа дека поминал тест за квалитет бла бла, дека под бренд КВАРТ они не застанувале позади брендот ако не бил квалитетен, демек и Ајфон го правеле во Кина па бил квалитетен и што уште не за да го купам. И ме убедија, као си викав ново си е ново а и што ми е гајле има 1 година гаранција па нека го поправаат ако не дај боже се расипе. И што се случуваше. Прво звучникот не помина ни месец два користење почна да крчи, и си викав ај таков е кинески е послаб звучник имаат ставено али како поминуваше време звукот стана неподнослив па ајде на Сервис, и ми го сменија и као ми кажаа дека не сум требало многу гласно да го пуштам звучникот (А бе ајде, телефонот не баре сум го купил на сајлент да биде цело време или звучник да не уклучам да послушам музика или изгледам филм...). И не помина ни месец дена од сервисот (Да не зборам дека 10 тина дена од телефон без телефон останав) при уклучување на полнач престана да полни, се испразни батеријата и толку од телефонот, јас пак без телефон - Проблем со конекторот... И пак на сервис нервозен и по пат си викав на самиот себеси дека ем сум си кажал у минатото дека кога техника е у прашање кинески срања никако али ај, се зезнав и сега враќање нема. И у сервис ми викаат демек јас сум бил крив не сум го пикал пуњачот нежно у телефонот. Јас ним им викам а бе луѓе свесен сум дека телефонот е кинески и само да знаете колку му се тресам и колку го пазам али не е квалитетен, не се квалитетни материјалите во него, направете нешто си ја брукате фрмата АМЦ со вакви неквалитетни работи. Они мене пак јас сум бил крив нежно требало. И стварно не ми е јасно што нежноќа треба да уштекаш пуњач у телефон. Сигурно со чекан не го набивам пуњачот, нормално како и со сите други телефони и уреди по дома со кои фала му на бога немам проблем.
И ајде правеа што правеа ми го примиа телефонот на сервис и као ај сега ти ја признаваме гаранцијата али нареден пат нема веќе као јас сум бил крив не сум ракувал нежно со телефонот небаре јас прв пат зимам телефон у рака.
Да не зборам дека металниот оквир од телефонот почна да се љушти од ставање и вадење од футрола (А за тоа у сервис ми викаат паѓан ми бил телефонот. Јас ним им викам а бе луѓе ако е паѓан нема бојата да се љушти ќе има видливи оштетувања и гребаници или вдлабнувања а ова нема нигде као што гледате-неквалитетен е материјалот на изработка на оквирот... )
А заборавив да спомнам дека оригиналниот полнач од кутијата се скрши уште првиот месец па купував нов од Самсунг зошто кабелчето за полнење беше шо да Ви раскажувам....
И така сега молам бога да не ми се расипе пак телефонот за да не морам пак да идам у сервис и да ги слушам и се нервирам како јас не сум знаел како треба со телефонот.
Што се однесува до софтверски надградби како секој друг нормален БРЕНД е тоа е посебна приказна. Телефонот е NO NAME што се однесува на глобални рамки. Како КВАРТ го има само во МК. Политиката на кинеските компании е доколку нарачаш поголема количина ти ставаат име какво сакаш, можеш и твоето име да го стават само ако ти е заштитено и доколку нарачаш не знам на пример цел контејнер од еден ист производ или како предвидел тој што го произвен (мислам на количината за нарачка). Е сега АМЦ нешто покушале и изработиле некоја си ВЕБ страна као КВАРТ ЕЛЕКТРОНИКС каде што ако ја отвориш има само технички спецификации и ништо друго, ни каде е произведено ни Супорт, ни Контакт детали за призводителот ни надградби ни ништо друго. Со еден збор ШИТ, исто како да отвориле рекламна страна за АМЦ ама под друго име. Барем да се потруделе и да го равиваат како што треба брендот и странава а не вака.... Ставиле некоја слика од некоја си фабрика која што слика мене ми личи на некоја фотошоп изработка....
И Хрватите или Швајцарците беа не сум сигурен заштитија бренд КВАДРО пред многу години али внимателно одбираа кинески производители и квалитет на призводите што ги нарачуваа под тој бренд па сега КВАДРО имаш од телевизори, преку ДВД плеери и опрема, фрижидери и што уште не .... и секако 3 години гаранција и квалитет невиден. Уште ги користам производите по дома од КВАДРО иако поминаа повеќе од 10 години. Е така се развива бренд а не како овие нашиве со КВАРТ. Во ред е не дека може нема и квалитетни производи али како добавувач и како сериозна фирма која треба да се развива и трае и не е само за еднаш да продаде треба доколку види неквалитет сама да ги повлече производите и ги отклони недостатоците а ако некој производ од серијата не се погоди (и тоа се дешава) веднаш да го замени со нов па купувачот да раскажува како фирмата стварно е сериозна и ја препорачува на други а не незадоволен да си заминува и вика ко ја НИКАД ВИШЕ производ од таа фирма.
Така да бидејќи оној што се зезнал ко мене и веќе купил КВАРТ телефон нема го користи си го таков каков што си е и да не чепка многу за да не остане без тоа што го има дур работи зошто ако заминеш на сервис не дај боже ќе ти кажат ти си крив... Извини батка ама ова не ти е под гаранција... И после боље фрли го телефонот....
А дур милите и убави од АМЦ не се свестат и не ја развијат веб страната со надградби (ако ја развијат уопште) и ако не се откажат од увоз на телефониве ние ќе си чекаме и подзинати ќе ги гледаме тие што биле попаметни и купиле ХТЦ, Самсунг, ЛГ, АЛКАТЕЛ, СОНИ .... како едноставно си кликаат на копчето систем апдејт и како сам телефонот си прави надградби или едноставно си идат на интернет на веб страната на производителот и таму наоѓаат се што им треба или ги интересира за дадениот модел !!! И тоа нормално бесплатно зошто ТИЕ СЕ СЕРИОЗНА ФИРМА и им е стало да купувачите бидат задоволни и понатака у иднина пак купат производ од нивната фирма т.е од нивниот БРЕНД.
И памет за друг пат КИНЕСКИ работи-техника со непроверен квалитет што брендот го има само у МК НИКАД више. И купување на техника од АМЦ исто така НИКАД више. А греота, фирмата имаше реноме као.....
Поздрав за сите