Quart QT550 Smartphone

  • Креатор на темата Креатор на темата SpiderWeb
  • Време на започнување Време на започнување
ајде бре нешто повеке за телефонов сакам да го земам!!!
 
QUART како и еден куп други '' брендови" од типот на VIVAX, NEO, BEKO не се ништо друго туку ребрендирани кинески no name производи. QUART бренд во светот не постои, него го има заштитено само АМЦ кај нас и на ниедно друго место. Доколку сакате ефтини андроиди sирнете ги dx.com и tinydeal.com , но ризик секогаш постои за купување од интернет за разлика од купување од продавница
 
Хахахха па уште и странава од АМЦ е нешто сомнителна за Хром, така да не фала quart телефон. Овој сигурно е од истата гаража кај што ги прават 110% идентичните копии на Самсунг Галакси :pos:

Почитувани,
Следејќи ја дискусијата решивме официјално да се обратиме за да ги расчистиме недоразбирањата, недостатокот на информации околу производите од брендот Quart.
Брендот Quart е заштитно име (trade mark) на АМЦ ДОО и под него во моментот АМЦ увезува LCD, LED, 3D телевизори, паметни телефони и таблети.
Накратко во превод тоа значи, АМЦ ги контактира произведувачите (за кои не е тајна дека се од Кина, ќе се навратиме на тоа подоцна) од нивното производно портфолио бира производи, се контролираат производите и на крај се брендираат под брендот Quart и се продаваат. Во моментот брендот Quart е исто така достапен во Србија како и во Македонија со стратешка тенденција да стане регионален бренд. Квалитетот на производите од брендот Quart е нешто за што стои АМЦ со сето свое реноме, искуство и присутност на пазарот во Македонија. Значи за сите производи има обезбедено сервис, техничка поддршка, одржување како во гарантен така и вон гарантен рок.
Брендот Quart спаѓа меѓу таканаречените ценовно достапни В (Бе) брендови во кои има имиња и како Grundig кои се одликуваат со висок квалитет и секако визуелно добар дизајн.
Коментарите на некои веруваме недоволно информирани корисници како функционираат работите во принцип од типот на „се прави во гаража“, „се прави на брод“ и слично не сме сигурно дали воопшто треба да го коментираме бидејќи ако не се смешни би биле тажни. Што и да велиме за кинеските производи, факт е дека Кина станува најголема извозна сила на светот. Оние позапознаените знаат дека Apple производи како iPhone, iPad итн се произведуваат во концернот Foxconn кој е асемблер и на најголемиот број компоненти за лаптопи и персонални компјутери на светот (матични плочи). Foxconn исто така најчесто Foxconn ги склопува повеќето од компонентите за лаптопи и персонални компјутери на брендови какви што се HP, Dell, Toshiba, Asus, Acer и останатите светски ИТ премиум брендови.
Сите производи од Quart и пред да се брендираат поминуваат низ сертификациските постапки за CE, ISO и други безбедносни сертификати пропишани како од македонските тела, така и од Европската Унија. Доколку некој е вистински заинтересиран дали е тоа така, слободно го покануваме во седиштето на АМЦ каде ќе му се презентираат сите можни сертификациони документи за било кој производ од Quart кој е актуелен во моментот.
Контра на сите отровни коментари од оние нели кои пишуваат отровни коментари е корисничкото искуство на сите оние кои дома во моментот имаат телевизори, монитори или телефони Quart. Токму пишувачот на оваа објава, одговорен за маркетинг и ПР во АМЦ е лично голем фан на Quart и дома двата телевизори и мониторот за компјутерот му се Quart, веќе се стари по 2 години и воопшто немаат никаков проблем. Ги покануваме и другите корисници кои веќе имаат дома Quart да ги споделат своите искуства со цел да се развие вистинска дебата на искуства а не дебата на кој по отровно мислење ќе каже.
Веруваме дека доволно објаснивме општо за брендот Quart продолжуваме конкретно за телефонот QT550.

QUART QT550 и таблети Quart
Телефоните и таблетите Quart се кинеско производство во компанија која е создадена од поранешни инженери на Foxconn (како што пишавме фабриката која ги произведува iPhone и iPad) и кои решиле дека нема веќе да работат за други, туку за себе, излегуваат од Foxconn и отвораат сопствена фабрика. Се работи за познато име во круговите кои тоа го работат професионално а на обичните корисници тоа нема да им е важно.
Важно е дека пред воопшто да се нарача телефонот минуваат неколку месеци во дефинирање на спецификација, тестирање, проверка на квалитет, дури телефонот да излезе во продажба. Истиот модел телефон од овој произведувач низ светот е познат по разни имиња, кој трговец како го порачувал низ светот, така му ставал свое име. Значи телефонот не е нешто специјално направен за АМЦ, туку тоа се милиони и милиони телефони низ светот, само во Македонија ќе се викаат Quart.
Бидејќи ништо не се заменува со личното искуство постојано и преку социјалните мрежи и сите наши маркетинг канали апелираме, заинтересираните за овие производи, да дојдат во салон на АМЦ да го тестираат телефонот или таблетот пред да го купат. Така се создава меѓусебна доверба меѓу трговецот, брендот и купувачот.
Во прилог бидејќи без факти муабетот е само празна филозофија ви постираме неколку слики од хардвер тест софтверче кое ги покажува сите карактеристики на телефонот и benchmark споредба со исто такво софтверче со Samsung GalaxyS.
Дополнително ги покануваме сите оние учесници на форумот, кои имаат скептично мислење за телефонот, да дојдат во АМЦ, ќе се договориме, пишете на contact@amc.com.mk да добијат телефони на тестирање со цел да пишат издржано мислење после вистинско користење.
Извинете за одземеното време
АМЦ ви посакува пријатен ден

20130424_144900.jpg20130424_144906.jpg20130424_144931.jpg20130424_144942.jpg20130424_144951.jpg20130424_144900.jpg20130424_144906.jpg20130424_144931.jpg20130424_144942.jpg20130424_144951.jpg20130424_145015.jpg20130424_145027.jpg
 
Фино ова вака шо го објасна, повеќе од страв да не се извалка Quart како бренд и АМЦ како компанија отколку поради друго нешто, сигурно оваа задача денес што ти ја даде шефот ти беше најголемата за денеска :) Ако, знаеме дека тоа ти е работа...
по ова што го кажуваш испаѓа дека она народната, која патем е произлезена токму од кориснички искуства, на кои се повикуваш ти, и има неколку верзии:

“Ne pitaj sta je bolje, pitaj sta je skuplje“ или
“Сиромавиот плаќа двапати“ итн...

нема врска и е измислена од чист сеир, за богатите да им се смеат на сиромашните...ама не е баш така.

Факт е дека кинеските производи се се подобри и подобри, а тоа има секако полза и за вас, пошто статистички народот се повеќе осиромашува, па ваквите производи ќе станат се подостапни за обичниот народ, за тие што живеат од една пензија, од една просечна плата и сл..а секој што малку повеќе има пари, и е малку повеќе упатен во техниката, нема ни да ги погледне тие вашите Quart производи, туку ќе си земе Samsung, LG, Philips, Sony, Panasonic итн...заради минат труд ко што викаат...затоа што тие се познати марки, докажани, макар и поскапи, сепак 90% би се одлучиле за такво отколку за нешто no name...

Ако Quart се “исто еднакво добри“ како другите, зошто цените не им се поголеми, да го потврдат тој квалитет, туку се 30%-40% поефтини? Или пак од друга страна, зошто Samsung на пример е за исто толку проценти поскап? Оти така им чини? Или пак производната цена им е иста како и со Quart ама од шо овие се Samsung па сега ќе наплаќаат поскапо, за шо? За екстра профит?

Не за џабе рекле...квалитетот чини ПАРИ! Има и една изрека во економијата-“не постои бесплатен ручек“. Што значи, во денешново општество, гладно за пари и превласт, НЕМА ТЕОРИЈА, која ќе дозволи производ од типот на Quart да биде до толку квалитетен, издржлив, се се...за цена која е значително помала од производ од типот на Samsung (ги земам за пример само...)

Сe знае која е целната група за овие производи и нема потреба да ги величате до небо и да ги рамните со нешто зад кое стои традиција, гаранција, задоволни купувачи и сл...

П.С. Имав и јас на времето мп3 плеер од кај вас...му пропаднаа копчињата, џекот за слушалки се одлеми...и ене го така сега собира прашина...
 
Bobipp...Заради официјалноста на овој пост, на овој дел нема да реплицираме, ти си настапуваш во форумско, тролерски стил, и тоа е сосема ОК, тоа си го носи формата форум во својата посредна комуникациска природа.
по ова што го кажуваш испаѓа дека она народната, која патем е произлезена токму од кориснички искуства, на кои се повикуваш ти, и има неколку верзии:

“Ne pitaj sta je bolje, pitaj sta je skuplje“ или
“Сиромавиот плаќа двапати“ итн...

нема врска и е измислена од чист сеир, за богатите да им се смеат на сиромашните...ама не е баш така.
Ова секако дека во некои работи е така, во некои не е. Пример, не возат во светот сите Mercedes или BMW, туку има пазар од најскапите до ценовно достапни автомобили.
Во принцип мобилната телефонија е најударна потрошувачката електроника во моментот во светот.Производите во неа т.е. мобилните телефони се реално достапни и за сиромашни земји како нас, т.е. може ако некој решил да зема бренд телефон тоа на крај и да си го дозволи, па затоа тука е најизразен и феноменот на емотивно задоволство од брендот, во превод задоволството да ја користиме психолошки создадената вредност на вредност. Тоа значи дека можеби iPhone не е технолошки подобар од Samsung Galaxy серијата, ама емотивната вредност на брендот Apple е поголема од онаа на Samsung во моментот (на кратко, пофраер си ако имаш iPhone 5 од Galaxy S3 и тоа е тоа.) Затоа многумина се одлучуваат сепак да си следат премиум брендови бидејќи и тие се „реално“ достапни. Тоа пример не може да се следи во автомобилската индустрија. Реално на секој му е сон да вози некој боли глава Mercedes, ама многумина на крај се одлучуваат за реалниот избор, бидејќи и тој има свој квалитет, и тој те превезува од точка А до точка Б без да мора да ја преплатиш емотивната вредност на трокраката звезда.
Факт е дека кинеските производи се се подобри и подобри, а тоа има секако полза и за вас, пошто статистички народот се повеќе осиромашува, па ваквите производи ќе станат се подостапни за обичниот народ, за тие што живеат од една пензија, од една просечна плата и сл..а секој што малку повеќе има пари, и е малку повеќе упатен во техниката, нема ни да ги погледне тие вашите Quart производи, туку ќе си земе Samsung, LG, Philips, Sony, Panasonic итн...заради минат труд ко што викаат...затоа што тие се познати марки, докажани, макар и поскапи, сепак 90% би се одлучиле за такво отколку за нешто no name...
Пример АМЦ е најголем продавач на лаптопи во Македонија и еден од најголемите за телевизори. Значи како продавачи и овластени сервисери на многу брендови имаме секакви искуства и со премиум брендовите кои ги набројуваш погоре. Еве пример, еден многу познат бренд на лаптопи, чие име асоцира на квалитет и издржливост во минатите години толку потфрли на глобално ниво, што квалитетот не му веќе ни петтина од тоа што биле. Друг бренд на лаптопи за кој до неодамна имаше скептичност се покажа како многу издржлив нерасиплив производ од типот на еден дефект на 1000 и повеќе лаптопи од продаден модел. Значи во принцип би требало да значи ама купувањето на премиум бренд не е секогаш автоматска гаранција за квалитет за платената повисока вредност на производот. Е сега сите брендови по правилата на играта си имаат гарантен период на замена, поправка и слично, што секако и АМЦ го нуди и за производите за брендот Quart. Во превод, без разлика дали си купил телевизор Philips или Quart; ако и двата се расипат во својот гарантен рок и за двата имаш обезбедено замена, или поправка или што и да предвидува сервисната постапка за конкретниот случај.
И овде некогаш тоа е така некогаш не е. Да не се разбереме погрешно, АМЦ никако не го фаворизира Quart пред останатите брендови кои ги продаваме. Право на нашиот клиент е дали ќе купи Quart телевизор или пример Samsung или Philips од најновите 8-ца серии. Сакаме да објасниме дека за сите производи постои пазар, и заинтересирани купувачи а и зад сите производи има обезбедено корисничка поддршка.
Ако Quart се “исто еднакво добри“ како другите, зошто цените не им се поголеми, да го потврдат тој квалитет, туку се 30%-40% поефтини? Или пак од друга страна, зошто Samsung на пример е за исто толку проценти поскап? Оти така им чини? Или пак производната цена им е иста како и со Quart ама од шо овие се Samsung па сега ќе наплаќаат поскапо, за шо? За екстра профит?
Емотивната вредност која се доплаќа за производот како што објаснивме горе. Секако дека Quart QT550 нема намера да му парира на Samsung Galaxy S3/4 или iPhone ама пример зарем мислиш дека Quart не се произведува веднаш до фабриката во која се произведува пример Alcatel. Речиси е исто, само Alcatel постои повеќе време на пазарот, низ годините и тие создале свои купувачи од доверба, го развиле и заземале својот дел од пазарот.Повторно ќе го кажам личниот пример. За детската соба имав LG монитор за компјутерот а за мојот личен компјутер Quart монитор. Во спалната имам Quart LD23. LG мониторот како премиум бренд ми се расипа за 1 година и му нема спас, па во детската отиде Quart мониторот а како мој монитор го користам телевизорот LD23. Искрено сликата е топ,секој ден го преместувам и извади VGA кабелот, повторно намести го на другото место да биде како телевизор. И нема мрдато. Инаку во телевизорите Quart најчесто панелот внатре е Samsung, како најголем произведувач на панели во светот.
Не за џабе рекле...квалитетот чини ПАРИ! Има и една изрека во економијата-“не постои бесплатен ручек“. Што значи, во денешново општество, гладно за пари и превласт, НЕМА ТЕОРИЈА, која ќе дозволи производ од типот на Quart да биде до толку квалитетен, издржлив, се се...за цена која е значително помала од производ од типот на Samsung (ги земам за пример само...)
Повторно се враќаме на материјализација на емотивната вредност на брендот. Постои изрека...вредноста на IPhone e 30% технологија и 70% дизајн и емоција. Apple тоа го крева на ниво на уметност за што сите брендови на светот им симнуваат капа, тука нема дилеми.Samsung почнува да му се приближува ама се далеку зад нив.
Сe знае која е целната група за овие производи и нема потреба да ги величате до небо и да ги рамните со нешто зад кое стои традиција, гаранција, задоволни купувачи и сл...

Не величаме ништо, како што потенциравме горе, АМЦ е најголем ИТ ланец за малопродажба во Македонија, и сите тие премиум брендови се нешто што кај нас се купува се користи се создаваат нови и нови задоволни купувачи. Ние се обидовме со нашиот пост да разјасниме како функционираат работите со цел оној кој не е упатен да се информира а оние злонамерните да им ги спротивставиме фактите. Наш предлог е, еве да се обидеме реално да ја надминеме твојата скептичност. Ќе ти понудиме Quart QT550 телефон на две недели на тестирање. Доколку не си задоволен од неговиот квалитет слободно можеш лом да го правиш Quart по форумите ширум Македонија. Доколку си задоволен од неговиот квалитет ќе го добиеш како подарок од АМЦ без никаква обврска јавно да пишеш овде на темата дека си задоволен од телефонот како производ. Доколку самиот сакаш, тоа е во ред, ете ние не обврзуваме.
Со надеж дека ќе ја прифатиш нашата понуда, АМЦ ти посакува пријатна вечер.

П.С. Имав и јас на времето мп3 плеер од кај вас...му пропаднаа копчињата, џекот за слушалки се одлеми...и ене го така сега собира прашина...
 
Важи бе ајде :) Пратете ми го по пошта, секако бев за купување нов телефон.

П.С. За да “легне“ договорот, еве ќе потврдам дека имам од АМЦ купено Асус лаптоп, не еден, два :) презадоволен, иако некои работи со тек на време му откажаа, али она главното, плочата, процесорите и мониторот се КОСКА! А новиот па, 15 месеци направи старост, батеријата како вчера да е купен (y)
А мислам дека ги насетувам кои се тие два бренда шо ги спомна деки едните изневериле, а другите изненадиле али ај да не се шириме до толку :D
 
А во кој град живееш. Ако во твојот град има АМЦ може да се организира да се подигне од локалниот салон. Не мора по пошта. Инаку утре ќе мора да видам со менаџментот ама сметај дека работата ќе биде средена.
 
Прилеп има АМЦ, вториот лаптоп оттаму го купив :D
 
Зошто некој би купувал Quart smartphone,кога за 9500-10000 илјади има многу подобри и поквалитетни телефони.Мој избор би бил LG L7,кој е далеку подобар и како бренд,но и со подобри спецификации
 
јас го купив телефонот пред 3 дена QUART QT550 NEW dual sim dual core 512 ram 1 GB rom 4 gb internal android 4.0.4 од AMЦ 9990 денари и го продавам за само 8990 денари со фискална сметка и гаранција користен е само 1 ден
 
Имам купено кварт 7 инчен таблет и за мене лично се покажа како одлично машинче. Моментално пишувам од него и го имам веќе 6 месеци. Користен секојдневно и без никаков проблем. Факт е дека кинезаријата станува се подобра.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom