Верски вести III

Член од
7 мај 2013
Мислења
1.580
Поени од реакции
385
До фановите на Малала.
Треба секогаш да се земат двете страни на приказната во обзир.

http://topinfopost.com/2013/07/22/the-talibans-letter-to-malala-yousafzai

A senior Taliban commander on Wednesday published an open letter to Malala Yousafzai, in response to her speech at the United Nations on July 12, on the occasion of her 16th birthday.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.779
Поени од реакции
8.235
До фановите на Малала.
Треба секогаш да се земат двете страни на приказната во обзир.

http://topinfopost.com/2013/07/22/the-talibans-letter-to-malala-yousafzai
Треба.
Еве ја другата страна.








Аднан Рашид, прототалибанец, убиец во обид на Первез Мушараф, заробен заради тој обид за обид, осуден на смрт, ослободен од нинџа желкиве погоре на сликата, иншаллах, а сега и писмописец, мајстор за решавање логички рубикови коцки и дедукционист пар екселанс. Еве доказ.

You have said in your speech yesterday that pen is mightier than sword, so they attacked you for your sword not for your books or school.

Овде Аднан, нека Аллах го варди, вели дека Малала во нејзиниот говор поентирала со реченицата "Моливот е посилен од мечот", со што таа уствари си признала дека книгите ги користела како средства за агресија, образованието како оружје и елоквентноста како куршум, па тие ја пукале со шмајзер директно у глава во самоодбрана.
И во право е човекот. Малала има 16 години, веќе 7 години е полнолетна и зрела за приплод, но наместо да бараат сопруг со нејзиниот татко, тие пукаат со моливи и напаѓаат со книги и чудни повеќесложни зборови.

 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
До фановите на Малала.
Треба секогаш да се земат двете страни на приказната во обзир.

http://topinfopost.com/2013/07/22/the-talibans-letter-to-malala-yousafzai

A senior Taliban commander on Wednesday published an open letter to Malala Yousafzai, in response to her speech at the United Nations on July 12, on the occasion of her 16th birthday.
Ти на пример која страна ја зема да погодам?
Taliban attacked you, was it islamically correct or wrong, or you were deserved to be killed or not, I will not go in this argument now, let’s we leave it to Allah All mighty, He is the best judge


 
Член од
21 декември 2012
Мислења
924
Поени од реакции
452
Муслиманските верници денеска го прославуваат Курбан Бајрам


Муслиманските верници ширум светот денеска го прославуваат првиот ден од еден од двата најголеми празника во Исламот, Курбан Бајрам.

Овој празник се прославува четири дена и се нарекува аџиски бидејќи во Мека завршува главниот годишен аџилак, што е обврска на секој муслиман барем еднаш во животот, доколку финансиски тоа може да го дозволи.

Празникот почнува два месеци и десет дена по Рамазан, а првиот ден се одредува според појавување на Младата месечина.

Курбан Бајрам или празникот на жртвите секоја година се случува во различно време, бидејќи исламската лунарна година е за околу 11 дена пократка од онаа од грегоријанскиот календар.

По утринската молитва во џамијата, традицијатата налага посета на гробиштата. Вообичаено верниците принесуваат и жртва- овца, а курбанското месо се дели на три дела, еден за сиромашните, вториот за роднините, а третиот се остава во домот. Курбанското месо се дава и верниците од другите религии.
автор:
Нетпрес
http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=140243&kategorija=1

 

SuBZerO

Бигус Дикус
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.862
Поени од реакции
4.811
Гувернер убиен во џамија во Авганистан, бомбата скриена во микрофонот

15.10.2013 | 15:06
Извор: Нетпрес
Прочитано: 110 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот



Гувернерот на авганистанската провинција Логар, Арсал Џамал, убиен е утрово додека им се обраќал на верниците во џамијата по повод почетокот на исламскиот Курбан Бајрам, пренесуваат локалните медиуми.

Бомбата поставена во микрофонот,активирана е во моментот кога Џамал започнал со својот говор, после молитвата со која бил обележан почетокот на празникот.

Во експлозијата повредени се уште осум лица.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Глад во Сирија: Свештениците одобрија јадење на мачки, кучиња и магариња

15.10.2013 | 19:57
Група на сириски муслимански свештеници донеле одлука, односно фетва, со која на луѓето кои што живеат во околните делови на Дамаск им се дозволува да јадат месо кое што инаку е забрането за јадење, па така, тие објавиле дека дозволено е да се јадат мачки, кучиња и магариња, само за луѓето да не умрат од глад.

По извештаите дека во пределите опколени од страна на бунтовниците владее голем глад, сириските муслимански свештеници донеле одлука, односно фетва со која на луѓето им се дозволува да јадат мачки, кучиња и магариња.


Агенциите за помош ја повикале владата да обезбедат пристап до хуманитарните залихи кои што би им помогнале на луѓето кои останале заглавени во окупираните делови.
Според досегашните информации, најкритична е состојбата со гладот во предградието Муадхамиј, каде што повеќе стотици луѓе успеале да побегнат во текот на викендот, кога на сила била одлуката за прекин на огнот.

Својата порака муслиманските свештеници ја опишале како молба за помош и додале дека доколку ситуацијата продолжи да се влошува, луѓето ќе мораат да го јадат месото од мртвите, само за да преживеат.
Хуманитарните агенции пак предупредиле дека обезбедувањето на храна би требало да биде приоритет, исто како што се приоритетни и програмите за уништувањето на хемиското оружје.

Генералниот директор на организацијата Доктори без граници, Кристофер Стоукс, изјавил дека ситуацијата е апсурдна затоа што на хемиските инспектори им се обезбедува слободно движење, додека пак конвоите во кои што се наоѓа помошта се целосно блокирани.
http://tocka.com.mk/1/108124/glad-vo-sirija-svestenicite-odobrija-jadenje-na-macki-kucinja-i-magarinja
--- надополнето: 15 октомври 2013 во 23:42 ---
Муслиманите го слават Курбан Бајр

Муслиманските верници го слават празникот Курбан Бајрам, вториот најголем празник на муслиманите по Фитр Бајрам. По молитвата, верниците го почнаа тридневното славење, во кога почитта кон Алах се одбележува со жртвување или симболичното колење на Курбанот.

Поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи, ги повика сите верници искрено да се вратат кон начелата на Исламската вера, да негуваат хумани вредности кон сите граѓани, без разлика на верата и мислењето.

„ИВЗ се гордее со следбениците на Исламот во нашата земја. Честит Курбан Бајрам. Апелирам до сите семејства, индивидуи денеска да се посетат меѓу себе, да се поздрават, да чинат добри дела, да се прегрнуваат меѓу себе, да шират љубов и хармонија, да шират мир со сите кои живеат во Македонија. Честитки од срце и уште еднаш - честит Курбан Бајрам“, порача Сулејман Реџепи – поглавар на ИВЗ.

Со Курбан Бајрам завршува и аџилакот, кој е петтиот обред на Исламот со кој се докажува солидарноста и благосостојбата.

„На сите кои се на аџилак од Македонија, околу 900 аџии, им посакувам Алах со својата безгранична сила да им го прифати аџилакот, но и сите оние што не го завршиле овој верски обред, да даде Алах наредната година тоа да го сторат“, рече поглаварот на ИВЗ.

Курбан Бајрам се карактеризира со подготвеноста на верникот за жртвување во името на Бог. Куранот, Аџилакот и Курбанот се суштински содржини на Курбан Бајрамот кои претставуваат три високи исламски идеали. Куранот го претставува образувањето и богобојазливоста, Аџилакот взаемната почит, а Курбанот жртвувањето за другите.
http://alsat.mk/index.php/vesti/od_zemjata/5251-Муслиманите-го-слават-Курбан-Бајрам.html
--- надополнето: 15 октомври 2013 во 23:42 ---
Курбан Бајрам прославен и во Шутка
Со утрински молитви во џамиите и верските објекти низ Македонија, муслиманите го прославуваат првиот ден од вкупно четирите, на еден од двата најголеми празници во Исламот, Курбан Бајрам. По утринската молитва во џамиите, се посетуваат гробиштата. Традиционално се принесува и жртва овца, а курбанското месо се дели на три дела - еден за сиромашните, друг за роднините, а третиот се остава во куќата. Вака вчера беше во општината Шуто Оризари каде што верниците во чест на празникот колеа добиток.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=BE3D4FB335B66E4B8DC4628197A8986C
--- надополнето: 15 октомври 2013 во 23:44 ---
Аџиите ритуално го каменуваа ѓаволот
Стотици илјади муслимани вчера се собраа во долината Мина во близина на Мека, за да учествуваат во симболичното каменување на ѓаволот, последната етапа од аџилакот во Саудиска Арабија. Муслиманите ширум светот вчера го одбележаа првиот ден од Курбан бајрам, еден од двата најголеми празници, и фрлаа камчиња врз камените столбови што го претставуваат ѓаволот. Годинава бројот на аџии споредено со лани е преполовен и изнесуваше околу 1,5 милиони.

Но, за време на празникот се случија и инциденти. Во експлозија на бомба, поставена во близина на една сунитска џамија во северниот дел на Ирак загинаа 12 верници, а 24 се повредени по утринската молитва, а во Авганистан, исто така во експлозија во џамија загина гувернерот на провинцијата Логар, додека 15 лица се повредени. Бомбата била поставена во микрофон.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=FC231419AEACB94A9D97C9282350D013
--- надополнето: 15 октомври 2013 во 23:46 ---
„Белата вдовица“ се крие во одалечени реони на Сомалија

Британската терористка Саманта Лутвеит, позната како „Белата вдовица“ се крие во оддалечените реони на Сомалија, заедно со други членови на терористичката група Ал Шабаб.

15.10.2013 15:40:06

Британската терористка Саманта Лутвеит, позната како „Белата вдовица“ се крие во оддалечените реони на Сомалија, заедно со други членови на терористичката група Ал Шабаб.
Весниците во Лондон пишуваат дека одметната Британка, по која има меѓународна потерница, самата ја откри својата локација, откако на Твитер напиша дека патува кон еден град во Сомалија, кој е далеку на периферијата од оваа просторна, но ретко населена земја на Рогот од Африка.
На социјалната мрежа, Лутвеит напишала дека се загубила низ пустите и празни реони на земјата, движејќи се кон планинсиот масив Галагала. Локацијата што таа ја има опишано се наоѓа близу до градот Бари.
Лутвеит е по четврти пат мажена за еден од водачите на терористочката група Ал Шабаб. Во Кенија таа и порано беше на потерничка листа, а сега Лутвеит се бара за учество во тарористичкиот напад во Најроби, кога во масакрот во модерниот трговски центар во кенискиот главен град, беа убиени повеќе од 60 луѓе,меѓу кои и деца,како и дваесетина странски државјани.
Групата Ал Шабаб, која е поврзана со мрежата на Ал Каеда, ја презеде одговорноста за нападот, тврдејќи дека тој е изведен како знак на одмазда за учеството на кениските трупи во операциите против исламистичките терористи во Сомалија.
Саманта Лутвеит (29) е поранешна сопруга и вдовица на Џермеин Линдзи, еден од четворицата бомбаши самоубијци кои на 7 јули 2005 извршија терористички напади врз лондонската подземна железница и еден градски автобус, убивајќи 52 лица.Од бракот со Линдзи, Британец од Јамајка кој преминал во исламската религија, таа има едно дете,но во низата бракови со повеќемина мажи, се верува дека таа е мајка на четири мали деца.
Лутвеит која уште во Велика Британија премина во ислмот и се облекуваше во традиционалните муслимански облеки, оставјаќи го откриено само лицето, на својата интернет страница има напишано дека „стравот може да предизвика (човек) да направи разни работи“
http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=64760#.Ul23e9JHLKg
--- надополнето: 15 октомври 2013 во 23:48 ---
вторник, 15 октомври 2013, 16:51
Европа
За прв пат жена ќе ја води Лутеранската црква во Шведска
Шведската лутеранска црква за прв пат во историјата ќе биде водена од жена односно од бискупот Антје Јакелен

За нејзиниот избор гласале 55,9 отсто од бискупите со право на глас, по повлекувањето на Андерс Вејрида од челната позиција на Лутерантската црква.
Јакелен (58) е свештеник од 1980, а бискуп станала од од 2007. година. Таа е мажена за свештеник и има две деца.
До 2000 година оваа црква имала статус на државна црква, а од 1960 година дозволила на жените да бидат свештеници.
И другите лутерански цркви имале жена за „водач“ како што се во Германија, Норвешка, САД и во Канада
http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=25726

--- надополнето: 15 октомври 2013 во 23:54 ---
15 октомври 2013 - 17:12
Нигериската војска тврди дека убила 40 исламистички бунтовници

Нигериската војска објави во вторникот дека одбила три координирани напади во североисточната покраина Борну, убивајќи притоа 40 герилци.

Герилската група Боко Харам повеќе од четири години се бори за исламска држава во верски мешаната Нигерија.

„Терористи...непознати сили се обидоа да изведат координиран симултан напад врз Бама, Гвоз и Полк, во неделата навечер“, изјави воен претставник од покраината Борну.
Тој истакна дека војската успешно ги одбила сите напади и дека убила 40 терористи, а неколку ранети напаѓачи успеале да побегнат.
Агенцијата Ројтерс наведува дека нигериската армија обично објавува дека загинале голем број на бунтовници, а речиси никој од редовите на војската и додава дека е најчесто е невозможно да седојде до независна потврда на информациите.http://makfax.com.mk/320670/nigeriskata_vojska_tvrdi_deka_ubila_40_islamistichki_buntovnici
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
gledajte ima nesto mnogu vazno da vi kaze!
temava e verski vesti
a ne bezuspesni ubeduvanja
--- надополнето: 17 октомври 2013 во 00:42 ---
Околу 50.000 сириски христијани ќе побараат руско државјанство

1:15 17 октомври 2013

Околу 50.000 сириски христијани имаат намера да поднесат барање за руско државјанство. Ова го пренесува МНР на Русија.

Барањето дошло во министерството преку дипломатските канали од регионот Каламун – провинција на Дамаск.
Сириските христијани сметаат дека една од целите на терористите „кои ги поддржуваат западните земји“, е ликвидација на нивното присуство.
Според мислењето на Сиријците, „добивањето руско државјанство би било чест за секој сиријски христијанин.“
„Имаме сѐ што ни треба, ние не бараме пари“, се забележува во документот.
http://ruskarec.mk/news/2013/10/17/okolu_50000_siriski_hristijani_ke_pobaraat_rusko_drzavjanstvo_27297.html
--- надополнето: 17 октомври 2013 во 00:43 ---
среда, 16 октомври 2013, 20:18

Европа

На Курбан Бајрам запалена џамија во Полска и протести за заштита на животнитe
Непознати напаѓачи подметнале пожар во џамија во Гдањск, на вториот ден од прославата на муслиманскиот празник Курбан Бајрам

Муслиманските верници во полска овој празник го слават во напната атмосфера, поради забраната за ритуално колење на животни и протестите на активистите за заштита на животните во цела Полска.

- Пожарот е подметнат, изјавила Гразина Варинјук, портпарол на регионалниот обвинител во Гдањск.
Одлуката на Уставниот суд со која во Полска се забранува ритуално колење животни за исхрана предизвика остри реакции кај малу бројната еврејска заедница и муслиманската зедница, кои сметаат дека тоа претставува повреда на правата на верниците, кои применуваат кошер и халал стандарди во исхраната.

http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=25796
 
Член од
28 август 2008
Мислења
2.321
Поени од реакции
538
Mevlid Jašarević i Nihad Ćosić: Specijalci na terorističkom zadatku




Jašarević je na današnje ročište pred Apelacionim vijećem Suda BiH pristupio obrijan i bez karakteristične odjeće koju nose pripadnici vehabijskog pokreta. Dupovac je novinarima po okončanju ročišta rekao da je Jašarević, nakon dužeg razmišljanja, odlučio da definitivno istupi iz vehabijske zajednice, izvijestili su domaći mediji. Izjava advokata Dupovca može se uzeti kao zvanična potvrda da je Mevlid Jašarević „ promijenio" život.
Svi normalni ljudi u ovoj zemlji isto su razumjeli napad Mevlida Jašarevića na Ambasadu SAD u Sarajevu. Za sve je to bila operacija koja je osmišljena i izvedena pod pokroviteljstvom obavještajnih službi. Mevlid Jašarević je od samog početka „ smrdio" na čovjeka kojeg su obavještajne službe vješto iskoristile. Danas smo dobili prvi dio potvrde o Mevlidovom liku i djelu ( Advokat Dupovac kaže da je Mevlid Jašarević napustio vehabije jer mu „njegove kolege i polubraća iz Maoče i neke druge sredine, u protekle dvije godine, nikada nisu poslali ni paket, ni deset KM". Koja podvala javnosti. Čovjek je napao stranu ambasadu, izložio se snajperima specijalaca, tolike godine ustrajan bio u svom imidžu i odjednom zbog paketa napušta ono što je bio.).
Možda ćemo nekada kasnije saznati punu istinu o Mevlidu Jašareviću. Međutim, već sada je jasno da je Mevlid Jašerević čovjek koji je imao i još uvijek ima jasnu operativnu obavještajnu misiju. Zanimljivo je kako se to Mevlid odlučio, nakon toliko godina cirkusa po Sudu BiH, baš sada napustiti vehabije. Znači li to da slijedi njegova završna obavještajna misija. Možda ćemo u narednim danima slušati Mevlidove ispovijesti o brojnim čudesima vehabija i slične gluposti.
Mevlid Jašarević je po mnogo čemu sličan jednom drugom špijunu, Nihadu Ćosiću. Podsjećanja radi, Nihad Ćosić je bio zaštićeni svjedok u slučaju Rijad Rustempašić i ostali, slučaju koji je na Sudu BiH završio tako što su Rijad Rustempašić i ostali osuđeni za terorizam. Nihad Ćosić je kao i Mevlid Jašarević u naše živote ušao na veoma šokantan način. Jednog dana na naslovnici magazina Dani osvanuo je Nihad Ćosić sa strašnom porukom da je terorista. Kasnije , tokom suđenja Rijadu Rustempašiću, objavljeni su dokumenti tužioca Drew Engela u kojima on otvoreno govori kako je on i njegov tim doveo Nihada Ćosića iz Njemačke, pa zatim kako su sredili da se objavi šokantni intervju u magazinu Dani i na kraju kako su ga podvalili kao svog agenta Riajdu Rustempašiću i ostalima.
Nihad Ćosić je nakon obavljenog posla obrijao bradu, „ napustio" vehabije i sad hoda po bijelom svijetu gdje izvodi druge slične operacije.
Sad kad se obrijao i kada ga uskoro oslobode, Mevlid Jašarević će moći krenuti stopama kolege Nihada Ćosića. Daleko im kuća bila od naših.
Antre
Sud BiH – Slučaj Rustempašić i ostali
Prve žrtve Nihada Ćosića
Nakon nešto više od godinu dana boravka na slobodi, Rijad Rustempašić, Abdulah Handžić i Edis Velić ponovo su pritvoreni i ponovo pod istom optužbom da su počinili krivično djelo terorizma. U javnosti se malo zna na čemu tužitelj Drew G. Engel temelji svoje optužbe protiv ove trojke. Prema Prijedlogu za određivanje pritvora, dokumentu koji je sačinio tužitelj Drew G. Engel, otkriva se glavni adut na osnovu kojeg su Rustempašić i ostali uhapšeni i na osnovu kojeg će vjerovatno biti i osuđeni na višegodišnju robiju.
Taj adut zove se Nihad Ćosić, u obavještajnim krugovima poznat još i kao Abdurahman. Upravo onaj Nihad Ćosić o kojem je naš magazin napisao brojne tekstove i za kojeg smo nesumnjivo dokazali da se radi o klasičnom saradniku stranih i domaćih obavještajnih službi, čovjeku koji je doveden u Bosnu i Hercegovinu samo sa jednim razlogom, a to je da preko naivnih žrtava, kao što je grupa Rustempašić, Bošnjacima podmetne kukavičije jaje terorizma. A da je upravo poznanstvo sa Nihadom Ćosićem zvanim Abdurahman najteža krivica grupe Rustempašić, dokaz su sljedeći navodi tužitelja Engela: ''Istraga Tužiteljstva BiH protiv Rijada Rustempašića, Abdulaha Handžića i Edisa Velića pokazala je da je u periodu od 2007. do 2008. godine osumnjičeni Rustempašić postao predmet zanimanja obavještajnih krugova... zbog druženja sa određenim osobama... U oktobru 2007. godine Rijad je stupio u kontakt sa izvjesnim Abdurahmanom; ovo poznanstvo bilo je važno za Rijada jer je Abdurahman podržavao ideju džihada, koji se borio protiv nevjernika u Afganistanu i na drugim mjestima, a upravo je bio deportiran iz Pakistana u Bosnu.''
Prema onome što piše u nastavku ovog dokumenta, vidljivo je da je Nihad Ćosić u tim druženjima Rustempašiću i ostalima pričao svoje lažne priče, koje smo imali priliku čitati u magazinu ''Dani'', o učešću u džihadu, a Engelovi obavještajci sve su uredno snimali. Nakon što ih je navukao na tanak led, Nihad Ćosić pristao je biti glavni svjedok protiv njih na suđenju koje će uslijediti i na kojem će ispričati sve što god Engel poželi. Nema nikakve sumnje da će tužitelj Engel iskoristiti iskustvo svog kolege Jonatana Schmita, tužitelja u slučaju Maktouf, kada je na sličan način uz pomoć Mirsada Hodžića – Abu Džafera ''zavalio'' Maktoufa. Skoro smo sigurni da će Rustempašić i ostali platiti kaznu za druženje sa špijom Ćosićem. Nakon slučaja Begtašević, ovo je drugi put da su strani i domaći obavještajni krugovi uspjeli iz inostranstva dovesti svoje ljude i bez učinjenog konkretnog terorističkog djela izvojevati sudske presude koje u konačnici upotpunjuju statističku sliku terorizma u Bošnjaka.

http://www.akos.ba/vijesti-iz-zemlje/mevlid-jasarevic-i-nihad-cosic-specijalci-na-teroristickom-zadatku
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Светски џихад: Религија, политика или бизнис?

пред 2 часа

Ал Каеда, јави се! Дваесет годишна Французинка се обиде да воспостави контакт со терористите од ужасната организација преку Интернет. Вистина, француската полиција во тој случај дејствувала професионално: ја привеле девојката за да утврди со која цел барала контакт со Ал Каеда.
Фактите говорат дека радикалните исламисти во Франција се се поактивни. И занимавајќи се со поединечни случаи, европските власти ги затвораат очите пред глобалниот проблем.
Има млади луѓе кои често на Интернет се занимаваат со Ал Каеда. Истовремено не треба да се предимензионираат размерите на оваа појава – во споредба со петмилионската муслиманска заедница во Франција овие случаи се малкубројни. Кај нас постои мрежа на внатрешни политички известувања и се има целосна претстава за тоа што се случува во ризичните заедници.
Од територијата на Белгија француската слика изгледа сосема различно, рекла за Глас на Русија почесната претседателка на белгискиот Сенат, Ан-Мари Лизен.
Ние, без разлика дали во Франција или Белгија, го бележиме фактот дека регрутирањето на младината продлжува. Исто така и луѓето во средните години работат на операции во името на џихад. Луѓето се испраќаат да војуваат за пари – постојат одредени држави кои ги плаќаат таквите операции. Операциите ги вршат луѓето со суниска вероисповед и екстремистичко насочување. Во Саудиска Арабија владее и расположението дека тие можат да го продолжат финансирањето на регрутите без американската поддршка. Но, мислам дека се лажат.
Францускиот новинар Жан-Мишел Верноше во својата книга утврдил дека во последно време во Франција биле обучени околу 400 терористи вехабисти кои биле пратени да се борат на страната на сириската опозиција. Прогнозата на Верноше потсетува на сцена од романот антиутопија: Французите не треба да бидат зачудени ако за 10 години бидат присилени на намаз под цевките на автоматите, ако биде срушен Нотр Дам, ако бидат пресечени виноградите и ако нивните жени и ќерки бидат замотани во фереџе. Тоа ќе биде новата вехабистичка Франција.
Наредните години кризно жариште во офанзивата на радикалниот ислам може да биде Балканот. Така на северот на Црна Гора, недалеку од границата со Косово е одржан традиционален „камп“ на вехабисти. Овој состанок се одвивал под знамето на Турција и Саудиска Арабија. Според последните податоци, сега во североисточните делови на Црна Гора, каде претежно живее муслиманско население има најмалку околу 200 следбеници на радикалниот ислам. Се чини, тоа и не е многу. Сепак Агенцијата за национална безбедност е загрижена за растот на таквото расположение.
А во Босна и Херцеговина вехабистите често тренираат во училишните сали. И тоа без оглед на тоа што за постоењето на камповите и вооружените одреди под крило на Ал Каеда се знае одамна. Докажано е дека терористи обучувани во БиХ се вмешани во минирањето на возови во Мадрид во 2004 година. И ситуацијата од тогаш, се чини, не е многу променета: На телата на убиените терористи на опозицијата често пати се наоѓаат босански пасоши. Одблизу радикалниот екстремизам се препознава и во Македонија. А денес на Косово во големиот камп Качаник со кој раководат ветерани на ОВК, се обучуваат доброволци кои се испраќаат да војуваат во Сирија. И за жал тоа е само една точка во широката географија на камповите за обучување на терористи кои ги финансираат Западот и САД, истакнува во интервју за Гласот на Русија, доктор Ханс Крех, експерт од Германија.
На оваа тема постои многу интересен извештај на угледниот американски весник Defense and foreign affair strategic policy, објавен пред неколку месеци. Во него се вели дека специјалните служби на САД веќе неколку месеци во Јордан подготвуваат 3.000 терористи за марш на Дамаск. Во арапските весници пишува дека француските специјални служби исто така се вмешани во обуката на одреди на терористите.
Главните финансиери на џихадот не сакаат да учат од своите грешки. Првиот исламистички експедиционен корпус е формиран со поддршка на САД уште за време на авганистанската војна 1979-1989 година. Формирани се и бројни одреди кои војувале против советската армија. Тоа довело до брз пораст на насилството: терористичките акти се изведувале во Саудиска Арабија, Египет, Алжир, Мароко. Понатаму следи црниот септември во 2001 година во САД, експлозиите во Мадрид, Лондон, неодамнешниот терористички акт во Бостон. Сепак, Западот до денес е уверен дека новите муџахедини се само марионети во нивните вешти раце.

http://denesen.mk/web/2013/10/17/svetski-dzihad-rееeligija-politika-ili-biznis/

--- надополнето: 17 октомври 2013 во 18:09 ---
Заврши аџилакот во Мека




Околу 1,4 милион муслимани од 188 земји од целиот светот денеска почнаа да ја напуштаат Саудиска Арабија, откако го извршија својот овогодишен аџилак во Мека, кој мина без инциденти.
Официјално аџилакот завршува утре, но верниците можат да си заминат уште вечерва, откако фрлија камења врз трите големи карпи, што ја симболизираат сатаната, како што проповеда муслиманската традиција во последниот ритуал од аџилакот. Заврши годинешниот аџилак во Мека
Река верници утринава се упатија во Мина, во близина на Мека, каде се наоѓаат карпите. Притоа верниците ја заобиколија Каабата – голем црн камен, околу кој е изградена Големата џамија.
Саудискиот министер за здравство денеска изрази задоволство од фактот што за време на аџилакот немало случаи на заразни заболувања, вклучувајќи го и Блискоисточен респираторен синдром (МЕРС), што досега однесе 60 жртви ширум светот, од кои дури 51 во Саудиска Арабија.
Според властите, годинава во аџилакот учествувале вкупно 1,98 милион верници, во споредба со 3,16 милиони во 2012 година.

http://a1on.mk/wordpress/archives/222393
--- надополнето: 17 октомври 2013 во 19:38 ---
Ужас во Велика Британија: Глувонема девојка 10 години била држена во подрум, силувана и злоставувана

17.10.2013 | 15:05
Извор: Точка

Глувонема девојка од Пакистан, која денес наполнила 19 години, цели 10 години била држена во подрум во Велика Британија, каде што била заробена од муслимански брачен пар. Секојдневно ја силувале и злоставувале.

За изживување врз девојката биле осудени 84-годишниот Илјас Ашар и неговата сопруга Талат. Тие девојката ја силувале во својот дом во британскиот град Салфорд. Казната ќе им биде изречена следната седмица, исто како и на нивната ќерка која била обвинета за користољубие.

Девојката во Велика Британија пристигнала во 2000. година тврдејќи дека има 20 години, па се поставува прашањето како службениците на аеродромот Хитроу во Лондон не забележале дека се измамени.
Девојката служела во куќата на Ашар, го чистела нивниот но и домовите на нивните пријатели, пишуваат британските медиуми. Илјас ја силувал повеќе пати, а целото свое детство го минала во подрумот од нивната куќа, каде што ја држеле во заробеништво. Сепак, полицијата успеала да ја пронајде и да ја спаси

http://tocka.com.mk/1/108338/uzas-vo-velika-britanija-gluvonema-devojka-10-godini-bila-drzena-vo-podrum-siluvana-i-zlostavuvana
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Војникот Александар, сакале но поради верата во Бога не можеле да го убијат

http://denesen.mk/web/2013/10/10/vojnikot-aleksandar-sakaleее-noо-poradi-verata-vo-boga-ne-mozel-da-go-ubijat/

Рускиот војник Александар Воронцов поминал 5 години во јама во Чеченија. Саша бил пет години во чеченско заробеништво, две години не го хранеле, вежбале на него техника на борба гради во гради, неколку пати го стрелале пукајќи директно во него, но не можеле да го убијат!

1995 година, првата чеченска војна. Јас, потполковник Антоние Маљшин, бев командант на јуришната група, а соседната јуришна група го доби името по херојот на Русија, Артур, мој другар кој загина во битката за Грозни, покривајќи го со своето тело телото на ранет војник. Војникот преживеа, а тој загина имајќи рани од 25 куршуми. Во март 1995 година јуришната група Артур која броеше 30 борци, извршуваше наредби блокирајќи ги нападите на Чеченските милитантни групи во Веденската клисура. Таму постои едно место Ханцелак кое во превод од чеченски значи мртва клисура. Таму нашата група ја чекаше заседа.
Заседа – тоа е сигурна смрт: На тебе постојано пукаат од височина. Група која паѓа во заседа преживува максимум 20-25 минути, а потоа на местото настанува нивната братска гробница. Преку радио станицата побараа огнена поддршка од воздух, а мојата јуришна група веднаш беше пратена на помош. Таму стигнавме за 15 минути. Хеликоптерите ја неутрализираа огнената позиција на брдата над нас и на наше големо изненадување групата речиси во потполност беше спасена. Недостасуваше само Саша Воронцов.

Тој беше снајперист и седеше во возило, а со експлозија беше отфрлен во долина 40-50 метри подолу. Почнаа да го бараат, но не го најдоа. Почна да се стемнува. Пронајдена е крв на карпите, но него го немаше. Се случи најлошото, тој беше заробен од Чеченците.
Оформен е тим за истрага и спасување, го бараа три дена по планините, навечер влегуваа дури и во села контролирани од непријателот, но Саша не беше пронајден. Отпишан е како исчезнато лице и предложен за орден на храброста. И замислете поминуваат пет години. Во почетокот на 2000-тите, напад на селото Шатоја. Во Аргунската клисура во Шатојскиот регион има населен пункт Итум – Кале. Во текот на блокадата на пунктот мирните жители нас не известија дека кај нив во темница веќе пет години во јама лежи еден наш припадник на специјалните сили.
Морам да кажам дека еден ден во чеченско заробеништво е пекол, а не пак пет години! Ние веднаш се упативме таму, веќе се стемнуваше. Фаровите од колите ја осветлија околината и забележавме дупка која беше три на три метри длабока 7 метри. Кога погледнавме внатре имаше жив човек. Човекот се тетерави, паѓа на колена, а јас по очите го препознав дека тоа е Саша Воронцов, пет години не го видов, но го познав. Забраден, камуфлажната униформа му се распаѓаше, завиен во вреќа со дупка за рацете да може да ги грее. Во таа јама вршел нужда и живеел, спиел, а два пати неделно го изнесувале да работи, да копа чеченски скривалишта. На него Чечените вежбале и се обучувале, за борби гради в гради со ножеви.
Тие се обидувале со нож да го прободат в срце, а тој се обидувал со голи раце да се одбрани. Во нашите специјални единици момците се добро обучени, но тој бил измачен, не можел да им пружи отпор, ги промашувал, така што рацете му беа исечени. Тој падна пред нас на колена, не можеше да говори, плачеше и се смееше. А потоа изговори: „Момци, ве чекав пет години, драги мои“. Ние го земавме на раце, го загреавме, го облековме. Тој потоа ни раскажа што се случувало со него во текот на петте години.
Бевме тука со него една недела, храната беше богата и разновидна, но тој парче леб јадеше со часови, полека јадеше. Неговите вкусови атрофирале за пет години. Ми рече дека две години воопшто не го хранеле.
Прашувам: „Како преживеа?“, а тој вели: „Можете ли да замислите командире, го бакнував крстот, се молев, јадев глина. На зима јадев снег“. „Па како?“, прашувам. А тој вели: „Знаете тие глинени топчиња ми беа послатки од домашна пита. Благословените топчиња од снег беа послатки од мед“.
Пет пати го стрелале на Велигден. Да не побегне, му ги пресекле тетивите на нозете, не можел да стои. Го ставале на работ на карпи, тој клечел, а на 15- 20 метри од него стоеле неколку луѓе со автомати подготвени да пукаат.
Велат: „Моли се на својот Бог, ако Бог постои, тој ќе те спаси“. И тој се молел, уште ми е во ушите таа молитва. „Господе Исусе, мој надраг, Христосе мој преубав, ако Ти е по срце, јас ќе поживеам уште малку. Затвора очи“. Затвора очи и се крсти. Тие го притискаат чкрапалото, но нема пукање. И така два пати, нема пукање. Повторно репетираат, нема пукање. Менуваат шаржери, повторно ништо, менуваат автомати, ништо.
Приоѓаат и велат: „Има крст“. Не можат да го стрелаат бидејќи има крст. А тој вели: „Не го ставив јас тој крст, туку свештеникот на крштевање ми го дал, нема да го извадам“. Тие ги пружаат рацете да го откинат крстот, а на половина метри од мене Светиот дух ги обвива, тие паѓаат на колена и на земја.

Го тепале со кундаците од автоматите и го фрлиле во јама, но не можеле да го убијат, само му предизвикале исеченици.
И така е тоа во животот. Мојот последен командир, херојот на Русија Шадрин рекол: „Животот е чудна и преубава работа“.
Во Саша се заљубила чеченска девојка, од него многу помлада. Имала 16 години. Таа три години му носела козјо млеко. Родителите ја фатиле на дело, ја претепале речиси до смрт, и ја заврзувале во тесна соба. Нејзиното име е Ассел.
„Бев во таа тесна соба, таму е многу ладно, дури и во летните месеци, има мали прозорци и заклучена врата со катанци. Ја врзуваа, но таа успеваше навечер, да излезе низ прозорецот, да ја измолзе козата и да донесе млеко“.
Ассел ја понесе со себе. Таа се крстила и сега се вика Ана, се венчаа и имаат две деца, Кирил и Маша. Прекрасно семејство. Се сретнавме во Псков – Пештерски манастир. Се прегрнавме, плачевме и двајцата. Тој се ми раскажа. Сакав да го однесам кај старецот Адриан. Народот не го пушташе, а јас им велам: „Браќа и сестри, тоа е мојот војник. Тој во Чеченија помина пет години во јама. Пуштете го по милоста Христова“. А тие рекоа: „Оди сине.“ Поминаа 40 минути. Саша излезе со насмевка на лицето од кај старецот Адриан и вели: „На ништо не се сеќавам, како да разговарав со сонцето“. А во дланката имаше клуч од куќа. Свештеникот им дал клуч од куќа на една стара монахиња, која и припаѓала на манастирот.
И најважната работа која ми ја кажа Саша на разделбата е она што ми го кажа кога го прашав како го преживеал сето тоа. „Јас поминав толку години во јама и толку плачев што сета глина под мене беше мокра од солзи. Гледав во ѕвезденото небо и барав спас од мојот Спасител. Плачев како дете, го барав својот Бог и на тој начин својот живот и душа ги препуштив во негови раце и на милоста божја“, рекол Александар.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Незапаметен скандал: На родените сестри, бискуп им оставил милион евра црковни пари!

19.10.2013 | 21:02



Петте родени сестри на починатиот бискуп Славоимир Микловаш се соочуваат со затворска казна, откако по смртта на својот брат, од неговата сметка тие подигнале повеќе од милион евра, пари кои што и припаѓале на црквата.

Имено, Крижевската Епархија поднела тужба во Општинскиот суд во Загреб против петте родени сестри на покојниот бискуп Славомир Микловаш затоа што, како што било наведено во тужбата, сумата од околу девет милиони куни или нешто повеќе од милион евра, кои што останале на сметката на бискупот по неговата смрт во 2011 година, не биле негово богатство, туку и припаѓале на бискупијата.

Според досегашните неофицијални сознанија, сестрите од сметката на својот покоен брат веќе подигнале поголем дел од сумата, па затоа и бискупијата започнала судска постапка против Меланија, Ана, Амалија, Наталија и Јелена. Исто така, бискупијата побарала и со привремена мерка да се блокира наведената банкарска сметка, а тоа било одобрено и од страна на судот.
"Сметките се водеа на името на бискупот Славомир Микловаш, а на нив беа уплатувани приходите на Епархијата од државната сметка, односно приходи добиени врз основа на договорот со Република Хрватска, а тука беа и парите од наменските донации од земјата и странство, наменети за обновување на објектите. Исто така, дел од тие приходи беа и од извршувањето на издавачката дејност на Епархијата", било наведено помеѓу останатото во тужбата.
http://forum.kajgana.com/threads/Верски-вести-iii.66311/page-26#post-6180674
--- надополнето: 19 октомври 2013 во 22:14 ---
19/10/2013, 9:15 Повеќе →
Се повеќе вахабисти живеат во Азербејџан

Граѓаните на Азербејџан се крајно загрижени поради навлегувањето на радикални верски учења во нивната земја, пишува „Независимаја газета”. Тие потврдуваат дека екстремистите пуштиле длабоки корени од двете страни на руско-азербејџанската граница и се главна причина за проблемите на спроведување на законот на двете страни.
Особено активни се вехабиите, спонзорирани од арапските земји. Под видот на добротворна работа тие спроведуваат активна активност помеѓу бегалците и сиромашните слоеви на населението. Тие им нудат на локалните младинци бесплатна обука во своите земји. Враќајќи се во татковината тие се со знаења и ставови кои не се карактеристични за Азербејџан.
Пред неколку години следбениците на вахабизмот во Азербејџан беа околу 15-20 илјади. Колку се во моментов е тешко се каже, но нивниот број расте секоја година.
Властите во Баку веруваат дека постои вознемирувачки тренд кои може да ја наруши хармонијата во земјата која го избрала световниот пат на развој.

http://lokalno.mk/se-povekje-vahabisti-zhiveat-vo-azerbejdzhan/
 
Член од
21 декември 2012
Мислења
924
Поени од реакции
452
Исламската Заедница од Полска: ЗАБРАНАТА ЗА ХАЛАЛ КОЛЕЊЕ НЕ Е ВО СКЛАД СО ЗАКОНИТЕ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА



Извор:http://www.preporod.com/index.php/vijesti/svijet/3817-iz-poljske-zabrana-halal-klanja-nije-u-skladu-sa-zakonima-eu.html
--- надополнето: 19 октомври 2013 во 22:27 ---
ЕВРОПА И БРОЕЊЕТО НА МУСЛИМАНИТЕ



http://www.preporod.com/index.php/vijesti/svijet/3783-evropa-i-brojanje-muslimana.html
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Извор препород исламске информативне новине :facepalm:
Затоа и немаат линкови до статистики во веста, зошто е булшит. Во Белгија се 6%, во Холандија 4,5%, во Англија 4,8%, а во Германија се изјасниле 4,7%.
Какви половина жители, кави лаги и какви бакрачи. Перење на мозок, чисти глупости.

Изгуглајте бе европска статистика видете реалност, доста летате како Европа ја преплавиле нинџи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom