Пријатно читање
http://www.probe.org/site/c.fdKEIMN...dence_for_Jesus_from_NonChristian_Sources.htm
--- надополнето: 15 октомври 2013 во 00:57 ---
Збориме за перење на мозок преку образовен систем.
Атеистиве бараат нехристијански докази за постоење на исис.
Мислам.... јас сваќам да сте ограничени... али до олку
За такит
Во 64 година НЕ самиите Христијани себе ис не се нарекувале христијани. Тој израз не бил познат, тие се нарекувале себе си “браќа, синови на светлината, избраните, назарени...“ но не и христијани. Тоој назив доаѓа многу подоцна и во 64 година во рим немало “христијани“.
за Флавиј
Веќе е сигурно дека текстот на Флавиј е подоцнежен уфрлок од страна на христијаните. Делото на Флавиј било добро познато и користено но ни еден од раните црковни писатели (некои и го цитираат и користат во своите пишувања) значи ни Мунциан ни Тертулијан ни Клеменс ни Теофил Антиохиски не споменале толку битна изјава на Флавиј за Исус, дури и Ориген во своите текстови му префрла на флавиј оти не верувал дека Исус е бог и Месија! Флавиј бил и останал до смртта ортодоксен јудеец, верен на старите закони и пророци и како таков за него би било богохулно за некого да напише дека е месија или Бог. Прв пат тој текст е спомнат од Евзибиј некаде 4век нова ера, а Евзибиј ни е познат по многу уфрлени фантастики и фалсификати во своите текстови
Е сега малце да се запрашаме, што станува со писателите кои живееле и твореле баш во времето на Исус и кои сигурно би ги забележале неговите дела и постоење, сепак се случиа чуда кои нема да ги остават рамнодушни (затемнување на сонцето, станување на мртвите од ерусалемските гробови и нивно шетање низ ерусалем, кинењето на пердето во храмот, воскреснувања, лечења со допир, нахранувања на 5000 луѓе, одење по вода, претворање на вода во вино..... да видиме кој од нив го споменал Исус а не писатели кои или биле мали деца или не биле ни родени во негово време, значи шо за тоа велат очевидците а не оние кои слушале од втрора - трета рака прикаски... Јустус од Тиберијада, Филон од Александрија детално опишуваа времињата и настаните во Јудеја, Галилеја, Ерусалем баш во тоа време, Филон е и “таткото“ на идејата за логосот кој христијаните го прифатија, тој опишува и пишува за разните верски религиски движења секти и групи пишува и за еврејската и грчката филозофија и религија, но нигде не ги ни поменува Исус ни неговите дела. Нема ни извештаи во римските архиви, нема ни помен дека некој ден мртв станале од гробови и шетале по улици и зборувале со живите! па таков настан сигурно не бил чест и секојдневен тоа не била локална вест, за помрачување на сонцето - ни збор ни кај римските писатели кои опишувале секој таков настан, но од друг а страна, еве и Назарет, градот од кој би требало да е дојден Исус - го нема, го нема ни во записи ни во описи ни во патеписи ни во Талмуд ни во било кој текст кој опишува географија, природа, војни.... во тоа време. Ни археолозите не можат да го најдат, 50 години католички археолози го бараат се што најдоа се остатоци од римска населба и винарија од 2ри век. Назарет настранал век - векипол ПО Исуса.....
Значи читај али размислувај, провери, спореди......