Дежурна Ординација! #2

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
Дечки, ми треба еден совет од вас.

Вака, како мал, не сум опериран од препонска кила, и сум бил неколку пати на преглед но не ми кажале нешто конкретно.

Сакам да ве прашам, кои се симптомите на килата, бидејќи осеќам тежина понекогаш од десната страна.
А од време на време ми пречи, незнам како да објаснам.... еве прост пример: ( после секс ми пречи, едноставно ја чувствувам чудно таа страна ), ме наболува од време на време.
Одев во теретана, признавам може малце и претерав со вежбањето и уште вежбам дома.

Проверив крв пред еден месец и беше се супер, резултатите беа феноменални, а ми рекоа дека ако имало нешто преку крвта се забележувало.

Некој ваш совет ?
Килата на местото на кое се појавува обично си дава помало или поголемо отекување, а со тек на времето си носи и болка. Слободно можеш да си посетиш матичен доктор, па да ти каже поконкретно, сигурно си е сигурно ;)
Но не паничи, можеби не е ништо :)
 
Би ве прашал нешто,која е разликата помеѓу гнојна ангина и афти во грлото.
 
Oд бебе имам вид на вродена ''способност'' да гледам матно,значи немам проблеми со гледањето па за да носам наочари,гледам супер и чисто,ама со многу многу мало напрегање на очите можам да гледам матно,замаглено.. тоа можам да го правам кога сакам и колку сакам.. знае ли некој повеќе за ова ?
 
Абе ај не се зафркавај! Како е можно тоа? Па ти си само за испитување...

На момент помислив и јас имам вродена способност :pos:
 
Обратете се во МАНУ.
 
ме заболе стомак од смеење :pos:
--- надополнето: 12 октомври 2013 во 22:49 ---
Обратете се во МАНУ.

во секој случај :D психопат сум што да се прави :) колку да се гура..
 
Би ве прашал нешто,која е разликата помеѓу гнојна ангина и афти во грлото.

Гнојната ангина ти е всушност гној на крајниците и боли многу, значи температура висока, кашлање и сите тие глупости, а афтите се како мали бели ранички, се јавуваат при повреда на внатрешноста на устата, внес на нешто нечисто или пак недостаток на некој витамин.
 
Благодарам многу (y)
 
Дечки чувствувам замор последниве два дена, многу ми се турбо некако, и неможам асално ни да одморам, ни да се наспијам. Од петокот па навака.

Дајте кажете ми нешто што ќе ми даде дополнителна енергија, да не бидам како Walking dead ?

Ви благодарам однапред :D
 
Кафето би можело да помогне или пак свежо цедени сокови, тие даваат енергија :)
 
Дечки чувствувам замор последниве два дена, многу ми се турбо некако, и неможам асално ни да одморам, ни да се наспијам. Од петокот па навака.

Дајте кажете ми нешто што ќе ми даде дополнителна енергија, да не бидам како Walking dead ?

Ви благодарам однапред :D

Дај си време за сон. Заморот ти е поради недостаток на сон.
 
Бев на лекар поради тоа што уринирав често...Ми испитаа урина и се откри бактерија. Ми дадоа Реципрокс таблети и додека ги пиев беше се ОК. Ми помина. Си велев ај ми помина не ги пијам веќе, но еве сега пак почна ова, а пола доза ги оставив не допиени...Дали требаше да си ја испијам целата доза или нема врска ова? Се загрижив вака :confused:
 
Од искуство на моја колешка,за бактерии во урина биле добри Nolicin :)
 
Бев на лекар поради тоа што уринирав често...Ми испитаа урина и се откри бактерија. Ми дадоа Реципрокс таблети и додека ги пиев беше се ОК. Ми помина. Си велев ај ми помина не ги пијам веќе, но еве сега пак почна ова, а пола доза ги оставив не допиени...Дали требаше да си ја испијам целата доза или нема врска ова? Се загрижив вака :confused:

Кога докторот дава одредена доза на антибиотик значи дека треба да се испие целата. Најголема грешка што може да се направи е да се прекине терапијата кога „ти поминало“ и да не се доврши бидејќи така не само што ќе се врати инфекцијата туку може и да се создадат бактерии отпорни на антибиотик и потоа лекувањето да биде уште потешко. Сега трк пак на доктор, не се прави паметен/на, прашај го докторот како да продолжиш со терапија и следната што ќе ти ја даде - доврши ја. И не мешај еден-друг-трет лек по препораки на невидено, штом ти ја испитале урината не треба да земаш туку-така било кои антибиотици, туку антибиотикот што ти го препишал докторот во дозата која ти ја препишал со траење на терапија кое докторот ти го кажал.
 
Бев на лекар поради тоа што уринирав често...Ми испитаа урина и се откри бактерија. Ми дадоа Реципрокс таблети и додека ги пиев беше се ОК. Ми помина. Си велев ај ми помина не ги пијам веќе, но еве сега пак почна ова, а пола доза ги оставив не допиени...Дали требаше да си ја испијам целата доза или нема врска ова? Се загрижив вака :confused:
Чај од брусница девојче, и пиј го во големи количини. И антибиотици се пијат до крај, како што кажа Алтернатив
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom