Македонска фудбалска репрезентација (Жени)

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.947
Локација
Македонија
WMacedonia.JPG
Македонската женска фудбалска репрезентација се надевам заслужува да си има своја тема на Кајгана форумот, иако има лоши резултати да не се трупат другите теми во врска со жените, еве посебна тема, каде што ќе коментираме се.​
Досега женската репрезентација не играла ниту на едно европско/светско првенство, се надеваме дека во иднина со подобри фудбалерки ќе се атакува на подобар пласман.​
Моментално на ФИФА ранг листата Македонската репрезентација е на 110 место. Најдобри на ФИФА ранг листата бевме во 2008 кога бевме на 90тото место што е и највисокиот пласман.​
Моментален состав (колку е точен незнам, само толку инфо имам)​
Голмани:
Фросина Костова - ЖФК Наше Такси
Елена Чакмакоска - ///
Весна Витанова - ЖФК Наше Такси
Одбранбени:
Мартина Смилковска - ///
Ангела Гиновска - ///
Сијче Андонова -Неундорф (Германија)
Милка Арсова - ЖФК Наше Такси
Марина Арсовска - ЖФК Наше Такси
Тања Митревска - ///
Среден Ред:
Катерина Милеска - ЖФК Наше Такси
Ленче Андрееска - ЖФК Наше Такси
Сирета Брахими - ЖФК Наше Такси
Марјана Начева - ЖФК Наше Такси
Мартина Димкоска - ///
Младена Петрова - ///
Напад:
Гентјана Роки - Клопенбург (Германија)
Наташа Андонова - Постадам ( Германија)
Афродита Салихи - ЖФК Кочани
Епа мислам напишав добар вовед и мислам нема темава да пречи како онаа за Серија Б. Бујрум​
 
Eee баш вчера ја гледав Наташа Андонова на некоја снимка од претходно коло на Лига на Шампиони, даде гол и имаше неколку шанси... си викам дали е могуче да ја земат во машка репрезентација, ми се виде како материјал отпорен на дрво?
 
ЖФК Наше Такси не постои веќе колку што знам.


Немам појма за тоа, не ги пратам жениве во клубски фудбал, чат-пат кога игра репрезентацијата ги гледам.
 
ОдбраННННННННбени, не одбраМбени.
Одбрана е зборот, а не одраМа.

Ваљда ќе дојдат некогаш подобри времиња, како за оваа, така и за машката репрезентација.
До тогас, Титаник нема да биде рамен.
 
Со еден збор ТУРИСТИ, цела европа ја прошетаја муфте, не само сениорската туку и младите категории...не знам само на чија сметка овој срам функционира.
Единствено нешто што вреди е Андонова и затоа си лапна трансферче во Џерманска.
 
Пишете инфо ако има некој каде играат фудбалерките, пишете го тука модераторот ќе корегира.
 
Е Чакмакоска школскава ѕвезда станала:pos:
 
Не заслужија!

Само 2 победи во последните 4 години.
И тоа против Летонија и Луксембург.
Гледам едни Фарски Острови па не победиле 7-0 на наш терен.
Имаме порази и со над 10 гола разлика.

Премногу сме слаби како репрезентација кога е во прашање женскиот фудбал.
Темава може да ни послужи само да коментираме порази :D

Ни У19 не се нешто подобри, иако на последниот натпревар пред две-три недели победија (против Грузија)... после 2 години пауза.

ОдбраННННННННбени, не одбраМбени.
Одбрана е зборот, а не одраМа.

Ваљда ќе дојдат некогаш подобри времиња, како за оваа, така и за машката репрезентација.
До тогас, Титаник нема да биде рамен.

ТогаШШШШШШ, не тогаС :D
Стандард, одма за правописот се фаќате :D
 
ТогаШШШШШШ, не тогаС :D
Стандард, одма за правописот се фаќате :D

Ова е од брзање, ама тоа е од не' знаење ваљда.
Да си ги прегледам постовите , во секој ќе си најдам по некоја утната или лапната буква.


А 2 победи во 4 години е полошо од катастрофа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom