Точно, не ме знаеш, не те знам.
За да не дојде до некакви забуни морам прво да си кажам, јас себе си не се сметам за модерна жена, едноставно не сум доволно шмизлеста за таква ( а не ја знам и дефиницијата за модерна жена, па да видам дали исполнувам услови

), а нит пак сум некоја закоравена феминиска.
Точно е таква е еволуција, во гените ни е запишано жените да имат мајчински инстинкт, да се грижат за домот, а мажите да ловат и да ностат храна. Ама еволуцијата уште трае, не завршува.
Жената може да биде многу повеќе од домаќинка и мајка, па дури многу почесто заработува повеќе од мажите, а тоа нас сега не прави неспособни, курви и фемниниски? О. К.
Е сега, за разлика од тебе, јас не ве генерализирам вас мажите, едноставно опишав од која група на мажи бегам, не реков дека се сите такви. А такви како тебе, со својот скептицизам никој пат нема да ви биде добра ниту една жена. Ти тргнуваш со став дека ги знаеш жените, сите до една, дека знаеш како функционира женскиот мозок и дека твојата претстава за жените е точна, па кај ке оставиш ти простор да ти покаже некоја жена дека грешиш?
Ти никогаш нема да престанеш да бидеш шовинист, без разлика на се што ќе ти даде една жена, секогаш ќе најдеш нешто за да ја обвниш, да ја навредиш и омаловажиш. Оти така пак функционираат таквите како тебе, на тој начин си го јачат егото, а машкото его е зезнана работа.
И уште нешто ме интересира, дали си ти свесен што значи да обезбедиш доволно сретства за удобен живот на фамилија и тоа сам

? Што за работа ќе имаш

?
На крај да ти одговорам на прашањето, не не се плашам да се омажам, да бидам и верна и лојална и домаќинка и мајка. На правиот човек ќе му дадам љубов, топлина и нежност ( и по малку хистерија и нервоза

).
А тоа што се ставив во класата на "стари моми" е заради возрасниот интервал што ти го даде, а од моја гледна точка не постои такво нешто стари моми/ергени, секој си одлучува кога сака, дали сака и со кој ќе формира заедница. Според мене побитно е созреаноста и способноста да можеш да стапиш во брак, а не старосната граница.