Dave во право си, сепак ќе останам на моето. На секој 18 годишник во МК би му дал (како држава):
- стан, куќа (место за живеење што ќе го плати за 50год)
- автомобил (некоја средна класа)
- колку е можно посолидни патишта, железница, аеродроми
- квалитетно снабдување со ел. енергија, течни и цврсти горива
- за почеток ( за да имаат ист старт ) на секој некаков приход (се уште мислам дека со 500е одлично ќе живее)
Вака сите би биле насочени кон
сопствен напредок. Најглавните проблеми им се решени, нема да "губат" време на работи од типот како да платам сметки, што ќе јадам утре и сл.
Кога вака ќе се постават работите, кој е успешен сам ќе се откаже од тие 500е. Ќе прави многу повеќе, па со тек на време истите пари кои ги земал (дури и повеќе) ќе се вратат назад во буџет. Оние другите, иако за ништо не ги бива, ќе си останат на тие 500е цел живот. Сите среќни и задоволни
--- надополнето: 8 октомври 2013 во 10:25 ---
Не е бунт, право на свое мислење. Кога ќе дојде инспектор (а ми доаѓаа), не може да ми глуми шериф. Ги имав кај мене на работа и како мали деца ќутеа кога видоа дека не се сите фирми исти во односот кон нив

Почит да, ќутење и мазење ( па уште и поткуп со се можно и неможно) нема да помине. Барем не кај мене