Безусловен приход по жител

  • Креатор на темата Креатор на темата Mister No
  • Време на започнување Време на започнување
Го заборавате моментот на „алчност“. Ваква распределба на средства од државен буџет неможе да ги демотивира оние кој работат да создадат повеќе. Сите сакаат повеќе од основица.
Конкретно за Швајцарија, главната причина им е социјална нееднаквост. Кај нив оваа мерка може да успее за да се оствари целта. Ромине и женине на Албанците и онака нема да работат никогаш. Швајцарија има можност и идеа ова да го исполни. И ќе го исполни до перфекција.

Македонија нема пари, нема систем, нема можност. Нит 3000 денари некому ќе помогнат, нит ќе се зголеми потрошувачка за да се отварат нови капацитети, нит некој ќе вложи во ова дувло. Филм е Македонија и сум против било какво силување на буџетот во популистички цели на кои однапред им се знае исходот.
секогаш си во право :)
 
Устав на РМ​
Член 8​
Темелни вредности на уставниот поредок на Република Македонија се:
- основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати со меѓународното право и утврдени со Уставот;
- слободното изразување на националната припадност;
- владеењето на правото;
- поделбата на државната власт на законодавна, извршна и судска;
- политичкиот плурализам и слободните непосредни и демократски избори;
- правната заштита на сопственоста;
- слободата на пазарот и претприемништвото;
- хуманизмот, социјалната правда и солидарноста;
- локалната самоуправа;
- уредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата и
- почитувањето на општо прифатените норми на меѓународното право.

Во Република Македонија слободно е се што со Уставот и закон не е забрането.

Член 32

Секој има право на работа, слободен избор на вработување, заштита при работењето и материјална обезбеденост за време на привремена невработеност. Секому, под еднакви услови, му е достапно секое работно место. Секој вработен има право на соодветна заработувачка. Секој вработен има право на платен дневен, неделен и годишен одмор. Од овие права вработените не можат да се откажат. Остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективни договори

Член 35

Републиката се грижи за социјалната заштита и социјалната сигурност на граѓаните согласно со начелото на социјална праведност. Републиката им гарантира право на помош на немоќните и на неспособните за работа граѓани. Реубликата им обезбедува посебна заштита на инвалидните лица и услови за нивно вклучување во општествениот живот.

Ние сме понапредни од Швајцарија...само уште ова да важеше. А затоа што ова НЕ ВАЖИ, ќе даде помош во пари, производи и сл на своите граѓани!
 
Не требаше во воведот да ја ставите Швајцарија за да не се излетуваат телци со муабети „во Швајцарија со 2000 евра не се живее“ - жити све, фала што ми кажа......идејата е државата да дели некакви си пари т.е да врати во оптек.
Јас не сум економист, ама истиот ефект знам дека се добива со намалување на акцизи и даноци кои место да одат во секогаш гладниот полумртов диносаурус наречен „држава“ му остануваат на народот во џеб. Разликата е во самиот чин - треба да изгледа дека некој дебел вол се смилувал да ми го даде тоа што сам сум го сработил и дека е сведено на неговата добра волја....не е ни чудно ова кај нас да се спроведе кога веќе бираат пациенти да бидат вработени преку томбола. Со таа разлика што кај нас пошо и без тоа производството ни е со афрички капацитет и димензии истите пари ќе имаат вредност само да си ги пикнете во .....
Друга неправедност во паралелата со Швајцарија е инфраструктурата. Швајцарија има железница на 4000мнв, ние имаме села на 5км од Скопје што немаат струја.....трагичното е што и без тоа, парите кои ги одвојуваме од даноци не се инвестираат развојно туку се трошат на неквалификувани, глупави работници во јавна администрација и во поново време на „барок“ и бронза....
Овде ова нема да го биде, затоа што нема да може партиската војска да добива државен ангажман (да лежи и да спие), ама па не викам дека е тотално неможно затоа што содржи голема доза на популизам во себе, а тоа е главна одлика на тие што не зацрнуваат последниве години....
 
Види...со намалување на акцизи и даноци овде, само ќе им го зголемиш богатството за оние, чии мама и тато на времето успеале да украдат токму од истата држава и сега глумат газди. Кога секој граѓанин би имал некаков приход, стартот на сите би бил еднаков. Не може да се споредува дете од сиромашна фамилија (од икс причини) и дете од богата (дете на лопови - знаеме како се станува богат тука). Едноставно во старт првото е запрено да учи, да се развива, да создава... Е затоа оваа "мерка" е одлична. Дозволи им на сите да започнат од иста точка, а после лесно ќе се види кој е роден да оди напред, а кој да прок*рца пари за 2 дена и пак да се жали дека е тешко
 
Види...со намалување на акцизи и даноци овде, само ќе им го зголемиш богатството за оние, чии мама и тато на времето успеале да украдат токму од истата држава и сега глумат газди. Кога секој граѓанин би имал некаков приход, стартот на сите би бил еднаков.
Чекај малку, ама затоа имаш данок на ова, данок на она....барем тоа е лесно да се уреди...на луксузирања и расфрлања во нормални држави и тоа како си зема парче државата преку данок....
 
Види...со намалување на акцизи и даноци овде, само ќе им го зголемиш богатството за оние, чии мама и тато на времето успеале да украдат токму од истата држава и сега глумат газди. Кога секој граѓанин би имал некаков приход, стартот на сите би бил еднаков. Не може да се споредува дете од сиромашна фамилија (од икс причини) и дете од богата (дете на лопови - знаеме како се станува богат тука). Едноставно во старт првото е запрено да учи, да се развива, да создава... Е затоа оваа "мерка" е одлична. Дозволи им на сите да започнат од иста точка, а после лесно ќе се види кој е роден да оди напред, а кој да прок*рца пари за 2 дена и пак да се жали дека е тешко
Системов кој го живееме денес не носи резултат, тоа е очигледно. Даноците треба да постојат, но и социјалната еднаквост мора да се донесе на ниво. Со социјалните разлики гледаме дека се појавуваат големи проблеми, да не навлегувам. Државата како концепт, треба да собере пари и да ги врати назад кај граѓаните во вид на јавни добра и услуги. Она што денес ние кај нас го гледаме е тотален немоќ на водење на систем, апсолутно никаква услуга на јавни добра и од друга страна криминален напад кон приватен сектор до последен денар. Ова не се споредува со Тунгузија, камоли со Швајцарија. Доколку би биле ние нормално општество, би имале буџет и би можело да се распредели кон сите граѓани на Македонија. Но со 30% невработеност и килав приватен сектор кој секој ден е на удар од државни служби ние може да зборуваме само фиктивно што би било кад би било.
 
Чекај малку, ама затоа имаш данок на ова, данок на она....барем тоа е лесно да се уреди...на луксузирања и расфрлања во нормални држави и тоа како си зема парче државата преку данок....

Тоа се е супер, ама стартот за сите не е ист. Со самото израмнување барем на почеток, сите имаат иста шанса да се развијат или пропаднат. Не можеш однапред да осудуваш некој за тоа што се родил некаде и во некакви услови нели? Плус, парите кои би биле дадени, нека се 50% успешна инвестиција, другите нека ги потрошат за глупости, пак ќе се вратат кај државата преку тие даноци. Мора еднаш овде да се "создаде" потрошувачко општество. Нема веќе криење пари под перници, туку постојано кружење на колку е можно повеќе пари. Еве стави се и во позиција на богаташ, имаш некоја јака фирма, вадиш огромни пари. Ако дел од твоите екстра приходи не фрлиш наоколу, кој ќе купува од твоите производи/услуги? Никој, нема да имаат со што да платат. Парите се кај тебе
--- надополнето: 8 октомври 2013 во 10:01 ---
Системов кој го живееме денес не носи резултат, тоа е очигледно. Даноците треба да постојат, но и социјалната еднаквост мора да се донесе на ниво. Со социјалните разлики гледаме дека се појавуваат големи проблеми, да не навлегувам. Државата како концепт, треба да собере пари и да ги врати назад кај граѓаните во вид на јавни добра и услуги. Она што денес ние кај нас го гледаме е тотален немоќ на водење на систем, апсолутно никаква услуга на јавни добра и од друга страна криминален напад кон приватен сектор до последен денар. Ова не се споредува со Тунгузија, камоли со Швајцарија. Доколку би биле ние нормално општество, би имале буџет и би можело да се распредели кон сите граѓани на Македонија. Но со 30% невработеност и килав приватен сектор кој секој ден е на удар од државни служби ние може да зборуваме само фиктивно што би било кад би било.

Да почнам и јас со улизување - секогаш си во право? :D
Во МК нема систем
Второ, државата не треба, туку МОРА да врати .....
Трето, самите граѓани се виновни за тоа. Кога нема да ги мазите инспекторите кога ќе ви дојдат, туку ќе им заржите, ќе видиме колку ќе бидат исти следниот пат. Не можат ни да ги казнат, ни да ги
затворат сите граѓани на една држава
 
Тоа се е супер, ама стартот за сите не е ист. Со самото израмнување барем на почеток, сите имаат иста шанса да се развијат или пропаднат. Не можеш однапред да осудуваш некој за тоа што се родил некаде и во некакви услови нели? Плус, парите кои би биле дадени, нека се 50% успешна инвестиција, другите нека ги потрошат за глупости, пак ќе се вратат кај државата преку тие даноци. Мора еднаш овде да се "создаде" потрошувачко општество. Нема веќе криење пари под перници, туку постојано кружење на колку е можно повеќе пари. Еве стави се и во позиција на богаташ, имаш некоја јака фирма, вадиш огромни пари. Ако дел од твоите екстра приходи не фрлиш наоколу, кој ќе купува од твоите производи/услуги? Никој, нема да имаат со што да платат. Парите се кај тебе
Ова ти е малку утописки поглед и ако пробаш да го спроведеш ќе имаш многу непријатели....инаку да, и јас би сакал тие брзозбогатените без гаќи да ги оставам, ама нема да се дадат многу лесно. Нездравото кај нас е што тоа потрошувачко општество го имаше и во последниве 20-25 години исчезна, ништо не одеше во негов прилог.....
Тоа што се однесува на даноците, барем во светот функционира, само прашање до кога - само како за пример - данокот на добивка во Германија е многу пати поголем од истиот во Грција, пак е неправедна споредба, ама како што гледаме Грција тоне во говна, а Германија економски расте - за стандардот на граѓаните од едната и другата земја да не збориме воопшто. Ако ја земеме втората светска војна како некаква почетна точка германскиот модел како еден од поекстремните во светот (во однос на даночење) мене ми личи на многу поприфатлив. Ок, трета работа е работливиот менталитет на швабите и глупоста и неработливоста на ѓупците, ама тоа се однесува на нас - и ние не сме по работата многу...
 
Џупците наши има масакр да направат има анегдота една за еден човек мој близок има пополнувано документи за мало дете нивно и прашува за татково име и му викаат нема татко :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:, како бре нема татко разведени сте... Нема татко без татко е родено :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:, и другар му после му вика море не туку ги прашувај нивните деца ниедно татко не му се води, земаат пари за самохрани мајки :pos::pos::pos::pos::pos:.
 
Да почнам и јас со улизување - секогаш си во право? :D
Во МК нема систем
Второ, државата не треба, туку МОРА да врати .....
Трето, самите граѓани се виновни за тоа. Кога нема да ги мазите инспекторите кога ќе ви дојдат, туку ќе им заржите, ќе видиме колку ќе бидат исти следниот пат. Не можат ни да ги казнат, ни да ги
затворат сите граѓани на една држава

Ова што го предлагаш е бунт, државен удар. Туку за Македонија збориме :)
 
Dave во право си, сепак ќе останам на моето. На секој 18 годишник во МК би му дал (како држава):
- стан, куќа (место за живеење што ќе го плати за 50год)
- автомобил (некоја средна класа)
- колку е можно посолидни патишта, железница, аеродроми
- квалитетно снабдување со ел. енергија, течни и цврсти горива
- за почеток ( за да имаат ист старт ) на секој некаков приход (се уште мислам дека со 500е одлично ќе живее)
Вака сите би биле насочени кон сопствен напредок. Најглавните проблеми им се решени, нема да "губат" време на работи од типот како да платам сметки, што ќе јадам утре и сл.
Кога вака ќе се постават работите, кој е успешен сам ќе се откаже од тие 500е. Ќе прави многу повеќе, па со тек на време истите пари кои ги земал (дури и повеќе) ќе се вратат назад во буџет. Оние другите, иако за ништо не ги бива, ќе си останат на тие 500е цел живот. Сите среќни и задоволни
--- надополнето: 8 октомври 2013 во 10:25 ---
Ова што го предлагаш е бунт, државен удар. Туку за Македонија збориме :)

Не е бунт, право на свое мислење. Кога ќе дојде инспектор (а ми доаѓаа), не може да ми глуми шериф. Ги имав кај мене на работа и како мали деца ќутеа кога видоа дека не се сите фирми исти во односот кон нив ;) Почит да, ќутење и мазење ( па уште и поткуп со се можно и неможно) нема да помине. Барем не кај мене
 
Те казнија ли?
 
Сопствен напредок :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:

Гледам студентите по рудници и текстилни фабрики работат за корка леб најголем дел па немаат време за сопствен напредок,не е реалноста дека најголем дел го поминуваат денот на кафе и не е реалноста дека скоро сите студенти се запишани на Економски,Правен и Филолошки колку да завршат нешто,да се има диплома за после да клатат врати во државна администрација.

За болдот.Поради таа причина и сите што ги бива бегаат од државата,а неработниците нека најдат некој друг да е..... у мозок.
 
Те казнија ли?

НЕ :cool:

Oleg Ribarcuk и тоа е решението? Да бегаме некаде надвор? Што се тие "другите" поспособни од нас, па имаат посредени држави? Тргни нафта, дијаманти, злато... Зборам за самите луѓе. Ние сме до тој степен глупаци, па не можеме да организираме држава? Ако е ДА, тогаш како тие исти глупаци, во друга држава се успешни? Најлесно е да бегаш од проблемот, работата е да се среди еднаш колку е можно подобро. А и со самото тоа бегање...денес бегаш од МК во ЕУ, утре од ЕУ во УСА, задутре каде? На друга планета? Еден ден ќе нема каде да се избега. Што тогаш?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom