Значи незнам дали добро паметите,па ние и сега имаме такви (не)работници кои седат дома и земаат плата.Што се случи со луѓево поима немам.Веројатно досега требале да им најдат место,штом даваат работни места по шуми и останати институции.
Ова би било интересно.Јас сметам дека секое семејство во Мк кое има месечно под 40-50000 денари да добива по барем 5000 денари.Луѓе знаете ли колку луѓе во Македонија трпат за леб.Веројатно се малку,но сигурно тие да речеме 5000 денари би допреле до нив.И тие се граѓани на оваа земја.Замислете на некој болен кој не е способен за работа му требаат 1500 денари за лекови месечно,а истиот зема 2000денари од држвата(некој ни толку,бидејќи не можел да собере документи).Овие пари најмногу ќе им се најдат на нив,а бидејќи државата реално не води евиденција за овие луѓе и не го знае нивниот број затоа и треба да се воведе ова,бидејќи на некого навистина ќе му се најдат.Ако некој дава пример 1500 денари за лекови а добива две човекот џабе се лечи,кога јасно е дека со другите 500 нема да се храни и облекува пристојно,па голема веројатност е истиот набргу и да умре.
Ќе каже некој од каде пари за ова???Еве го мојот одговор.Да се скрати платата на администрацијата и ете пари.За мене на пример е многу нелогично и несватливо како може луѓето вработени во полиција,армија т.е платена војска или како веќе ја викаат,доктори и слично да земаат толку голема плата која во голем број случаи ја надминува и цифрата од 30000 денари.
Еве зашто!
1.Полиција:Половина сигурно,ако не и 80% се необразовани за таа работа.Не велам дека се неписмени и дека немаат образование,но го немаат соодветното.Цел живот си јадат и пијат речиси безпари и со тоа стануваат еден вид на робовладетели.Им се дават коли и џипови,кои многу брзо ги прават кршови,а сите знаеме дека си ги користат и за свои потреби,бенифициран сташ итн.Со еден збор многу привилегии,а воопшто за ништо не придонесуваат за државата(барем не 98% од нив сигурно)
2.Армија т.е платена војска или како ја викаат.Тука работи еден школски другар.Еве го неговото гледање на работите и како он дојде до работното место.
Прво извади партиска книшка и преку некој познаник на баба му влезе во војска,нормално со претходен отслужен
воен рок од 3 месеци.

Ете колку е искуството.Он вели вака:Цитирам
:Во месецот пола денови работам,пола не.Ова бидејќи сме многу па нема каде да се завртиме на работа.Плус имам одмор кои ми траат по 20 дена во годината.Платата му е нешто над 20000 денари,а со хранaрина и стражи му се фаќа и 30000 денари.
3.Доктори:И овде платата не е под 25000 денари.Абе луѓе комшика имам.На породилно работеше,без факултет.Знаеме како ги шутираат новороденчињата таму.Јасно ми е зашто луѓево почнаа повторно да се пораѓаат дома.

Инаку кога сме кај неа пензијата и е Над 20000 денари.Здравството ни е катастрофално бидејќи кадарот ни е утепан до максимум.Знаат ли луѓево што значи зборот доктор и всушност што е тоа?Доктор е човек кој цел живот истражува и проучува(ова зборам за надвор од Мк и за медицинскиве лица).Кај нас пак луѓево(докториве)на факултет учат она што учеле и 3 генерации претходно.Второ повеќето од нив на прсти можат да си ги избројат книгите кои ги прочитале одкога ја земале дипломата.Тие не се ни прави доктори.Учат само по докази,не сакат да научат нешто ново и не се во тренд со новите болести и вируси кои ги имаме денес.Да не зборам дека 99,99% даваат веднаш лекови,а не го откриваат причинителот на болеста(многу многу погрешен пристап),а колку само пати во животот и дале погрешни дијагнози.
Било што било!Не може преку ноќ да се промени,но сметам дека наместо да ја качуваат платата на овие луѓе,треба да ја намалат барем за 5000 денари бидејќи луѓево не придонесуваат ништо за развојот на државата,а и не се во социоранливи категории и тие пари да одат кај семејствата со да речеме под40-50000 денари приход.
