Ни едното ни другото.
Ако баш толку те интересира бев запишан на факултет. Беспари беше и немаше проблем да се запишиш.
И ете ти како факултетски поткован со диплома комплет ке заклучеше дека друго е работата. Немам јас никаква огорченост од некој со диплома посебно ако си ја стекнал со знаење. Нити ги омаловажувам оние кои стекнале диплома со канта сирење. Си имале си дале.
Само смешно е дури и жално кога некој од овие вторите се мисли дека е некој и нешто само затоа што ја има дипломата ( а три чисти нема) и се жали дека тука не му ја вреднувале, дека со факултет работи за плата од 200 евра, дека на запад него го чекаат само затоа што има диплома итн.
Туку ајде вака да ја свртиме работата. Ке речиме дека ти имаш диплома која си ја стекнал со знаење , без врски и пријатели и без канта сирење. Дали ти кој ете имаш став дека секој со диплома па макар и купена треба да биде вреднуван повеќе од другите затоа што има диплома па макар и не ја заслужил ке ти биде сеедно кога наместо тебе го одберат него. Па уште и цело време да ти се жали и кука како тука не му бил вреднуван трудот, џабе фрлил толку години на факултет и дека на запад него го чекаат и дека првата прилика ке оди таму и пари ке направи. Ајде баш ме интерсира дали ти ке почувствуваш огорченост?
--- надополнето: 5 октомври 2013 во 22:59 ---
Да не пукниш ме изнасмеја.
Да беше профилирањето така лесно секој ке можеше тоа да го работи и ке беше добар во тоа.
Јас не сум толку добар во тоа и затоа нема да навлегувам од што произлегуваат твоите фрустрации што очигледно ги имаш.
--- надополнето: 5 октомври 2013 во 23:08 ---
Кај се погодивте сите психолози на форумот.
Туку да не треба да платам за дијагнозата или муфте беше?
--- надополнето: 5 октомври 2013 во 23:10 ---
Овај па овај што ке кажи