Дежурна Ординација! #2

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
кажете нешто ефикасно за штуцање...:(
Задржи го здивот (немој да дишиш) колку што можеш подолго па после тоа вдиши и икањето би требало да престане, барем кај мене тоа успева ;)
Има уште една финта која функционира на сличен начин, а тоа е да се напиеш 20-тина голтки вода (колку што можеш максимум) една по една без земање на воздух помеѓу нив :)
 
Не отидов за раната, се надевам дека нема да има проблем. А длабока беше удри на месо и истече доста крв.
А бубрезите кај матичната бев, вика дека најверојатно сум бил настинат и од промаја. Не бев да правам снимки и други испитувања, еве денес е намалена болката и тоа многу. Чувствувам чат пат болка по многу малку, нешто како пецкање. Инаку кога ме болеше најмногу испив вентор едно апче и ме намали.

Ако продолжиш да чувствуваш болки макар и мали, подобро направи подетални проверки. Плус, како превентива можеш да попиеш Увин чај некое време :)
 
Задржи го здивот (немој да дишиш) колку што можеш подолго па после тоа вдиши и икањето би требало да престане, барем кај мене тоа успева ;)
Има уште една финта која функционира на сличен начин, а тоа е да се напиеш 20-тина голтки вода (колку што можеш максимум) една по една без земање на воздух помеѓу нив :)

успеав...со лимон,една лажичка
 
Не отидов за раната, се надевам дека нема да има проблем. А длабока беше удри на месо и истече доста крв.
А бубрезите кај матичната бев, вика дека најверојатно сум бил настинат и од промаја. Не бев да правам снимки и други испитувања, еве денес е намалена болката и тоа многу. Чувствувам чат пат болка по многу малку, нешто како пецкање. Инаку кога ме болеше најмногу испив вентор едно апче и ме намали.

секоја подлабока рана здобиена од парче метал,посебно кој `рѓосува мора да се третира со вакцина против тетанус........не е играчка
 
2 дена нон стоп ме боли глава. Пиев парацетамол ама не помогна.
 
2 дена нон стоп ме боли глава. Пиев парацетамол ама не помогна.

не сум многу паметен, ама парацетамол ако не се лажам не е за глава, пробај со аналгин или кафетин :)
 
не сум многу паметен, ама парацетамол ако не се лажам не е за глава, пробај со аналгин или кафетин :)

Не пијам кафетин и аналгин пошто имам чувство како да ме стега нешто од внатре ако се земам од нив.
 
Не пијам кафетин и аналгин пошто имам чувство како да ме стега нешто од внатре ако се земам од нив.
Не сум доволно стручен да одговарам понатаму на темава и оставам останатите да ти помогнат, бидејќи со здравјето нема играчка и експериментирање. Јас лично користам аналгин кога ме боли заб бидејќи повеќе ми помага и кафетин кога ме боли главата, за друг незнам.
 
Би сакала да слушнам нешто повише за полипи во нос,ваши или туѓи искуства.
Мора ли операција и ако мора, како поминува,лесна или тешка операција?
Знам дека може да се повтори и што треба да се направи за да недојде до повторување....
 
Се напив вчера пред спиење, ми размина малце ама еве денеска пак ме боли.

Ако де пак напиј се денес аспирин. (штом од него не ти се создава мачнини)

Најверојатно е од времето, не возака сите во овие преодни периоди. Зависи кај те боли, некој има проблеми со синуси па го боли глава, може и од промени во диоптер да боли глава или од притисок.
Ако те влече така подолг временски период иди кај матичен да ти измери притисок, па ќе ти каже што понатаму, ако треба посети и офталмолог и напраи ехо на синуси. :)
Ама јас повторно ќе спомнам најверојатно е од времето.
 
вака може е малку глупо али од вчера нешто така грлото ме оандеше малку ,и еве сеа коа станав сабајлево ме наболува малку така како да ме гребе....и сеа нејќам одма со апчиња и да и кажам на мама сакам да пробам некако по природен пат..:P сакам да ми кажете што онака би било корисно -природно фала :P :)
 
Прополис спреј (Пропол Гола Спреј) околу 190-200 денари ти е, имаш додаток за апликација директно у грло ќе си видиш во упатството.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom