Тоа „не филозофирај“, го користат луѓе коишто не можат да разберат аргументи кои бараат логика и размислување. Пошто секој којшто разбира каде некој греши, ќе му ја посочи грешката во аргументот и ставот, а нема да иде со „не филозофирај“ без притоа да каже зошто тоа што тој некој го филозофира, е невалидно.
Луѓето се пуни со предрасуди кои им помагаат да функционираат лесно во секојдневието. Ако влезат во дискусија кајшто треба да почнат да мислат, им се јавува психичка блокада која ги трга од комфорт зоната и тоа резултира со одбранбениот механизам „не филозофирај“ што е еквивалент на „не те сфаќам што зборуваш и ме мрзи да мислам.“
Тоа е точно, логиката е дел од филозофијата ако не и главното оружје. Ако некој користи логика у било кој муабет, реално филозофира. И тоа е добро.
А секој којшто тврди дека филозофијата е бескорисна, во најмала рака е релативно неписмен и малоумен. Еден таков, не разбира ШТО му ги креира општеството во кое живее, законите на кои се покорува, ресурсите кои ги поседува и ставовите кои ги има за себе и светот.
Такви луѓе живеат како мравки кои се потрошна роба издувана од секој идеолошки ветар. Мравки кои гледаат по патот којшто им е определен од виша сила, одат по патот и не можат да се свртат. Битно е да се направат пари, да се има добра кола и да се постигне својот мизерен идеал за успех. Безумие кое бутка по инерција како оставштина од природната селекција со парцијален удел во тоа што не прави луѓе, пошто разумскиот е атрофиран. Кај овие луѓе секогаш се јавува истото што фрустрира и боли. Се гасат кога доаѓа разумот. И честопати кога зборуваш со такви, чувствуваш дека се празни, дека не те разбираат ниту тебе ниту било што, дека се програми кои глумат дека се живи. Пари, моќ, пички... Не филозофирај, не се замарај... Мантри кои се повторуваат доволно број пати за да станат вистина и темел на нечија самодоверба...
Неспособноста на просечниот човек да излезе од матрицата во која е калапен со години, е можеби една од основните причини поради кои постојат бедата, војните и све што ние сме се согласиле дека не ни се аресва. Неспособноста да ги постави „зошто“ и „како“.
Постои структура на мисли која е филозофска по природа позади прагматизмот кој го фураат тие што бараат практични резултати, а не „филозофирање“. Тоа е бедата која не ја осознава тој што е беден. Дека постои господар кој го влече со конци. Дека позади неговиот прагматизам кој не дава место за „дрдорење“, постои филозофија на етика, невидлива за него ама доволно моќна за да му ја креира реалноста во која живее. Филозофијата е таа која ги обработува овие концепти и нивната функција во све што постои. Таа филозофија постои позади етиката на која се темелат државните закони и личните морални ставови и е двигателот позади секоја реченица која има „треба“ и „не треба“ у нејзе. Ако некогаш го употребуваш зборот „треба“, запрашај се „зошто треба?“ и зошто веруваш дека „треба“.
Филозофијата е тоа што не' буди од сонот у кој идеме по инерција. Тоа што не поттикнува да се свртиме и да ја видиме скриптата која ни е инсталирана од мама, тато, другарите, општеството, школото, шефот, партнерот итн.. И да почнеме да размислуваме. За прв пат ние да размислуваме, а не некоја скрипта што куца на тастатура у позадина.
Филозофијата е позади принципите врз основа на кои функционира економијата, науката, културата и уметноста. Све што сметаме за вредно, е продукт на филозофијата и филозофите кои со своето „јадење на гомна“ го искреирале, кои во даден момент во историјата го ставиле под знак прашање и го ревидирале.
Филозофијата не треба да припаѓа на „филозофите“, филозофијата е нешто што треба да му припаѓа секому. За жал, што е, не е тоа што треба да биде. Филозофијата треба да биде крајната инстанца на разбирање на работите. Работата која низ историјата на целото човештво го довела секој можен прогрес со кој ние денес се гордееме. Тие ЗОШТО, КАКО и ДАЛИ како инхерентни карактеристики на човечката размисла, случајни механизми кои произлегле од еден куп натрупувања на испреплетени фактори позади човечкиот разум, се причината поради која имаме све што имаме. Све е изградено на темелите кои ги поставила филозофијата и уште све се гради на истите. А филозофијата се менува со времињата и учествува во градењето на све што постои пошто филозофијата е жива материја.
Филозофијата не е професија, филозофијата е состојба на умот.