Не си баба Ванѓа па да биде спојлер твоја претпоставка. Еве јас ќе напишам моја.
Џеси нема да заврши среќно, бидејќи тој е трагичниот лик во целата оваа приказна. Но тоа не значи ни дека ќе умре, бидејќи на некој начин, така ќе се спаси од маките. Џеси ќе заврши во кома или тотално неподвижен по несреќа во лабораторијата, па затоа ќе мора да живее и ќе не може ништо да направи околу тоа. А тоа ќе се случи поради еден лик, а тоа е Џек. Чичко Џек е лик кој е многу неодговорен околу опасностите кои ги има изработката на мет, нешто што видовме во сцената кога не носеше маска и покрај опасноста од гасовите кои ги има во процесот. Џек пуши цигари, а во флешбекот видовме како Волтер му кажува на Џеси дека не треба да пуши. Затоа, Џеси кога ќе биде на само со Џек, ќе побара од него да запали цигара и ќе се случи експлозијата, нешто што Џеси сака да случи, зашто нели не сака да живее повеќе. Зошто ќе биде сам Џек, а нема да биде Тод во просторијата? Тод ќе биде зафатен со Лидија, сакајќи да ја импресионира со нешто. Како што раскажуваше Баџер со приказната за Стар Трек, во битката кој повеќ изеде пита, води еден од ликовите, но со измама со помош на својот асистент, кој ги телепортира питите во вселената. Но тогаш ќе влезе женски лик и асистентот ќе се збуни и ќе го убие својот соработник. Така ќе се случи и со Тод и Џек, само на поинаков начин. Џек и можеби уште еден умира а Џеси е тешко повреден, но потоа пронајден од својот пријател Баџер (го пишува дека ќе има улога во последната епизода, па би можело да биде ова) Волтер ќе влезе во базата тогаш и ќе ги убие останатите нацисти и Лидија. Парите и дрогата ќе ги запали. Остава порака на својата фамилија и го бара рицинот. Но тој го нема во неговиот џеб. Тогаш се решава за последната работа, да се убие со пиштол. И тоа се случува. Produced by Vince Gilligan.
Само моја претпоставка а ништо не пишува за Скајлер и Џуниор, бидејќи не би знаел за нив што како...