Рок спектакл на Архангел во СЦ Борис Трајковски 20.12.2013

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Легендарните Архангел најавуваат рок спектакал во Скопје

Македонската легендарна група Архангел повторно на концертна сцена. На 26 октомври во Спортскиот центар “Борис Трајковски” овој македонски состав повторно ќе докаже дека македонски подобро звучи.
Arhangel03--Popovski-F.jpg

Овој концерт ќе биде своевиден рок спектакал. И нема да има реприза. Македонските Архангел и песните кои едно време ги пееше цела Југославија, на 26 октомври во Борис Трајковски на сцена ќе застанат со Македонската филхармонија. Повеќе од 60 луѓе на една единствена сцена. Рок звуците на Архангел во комбинација со сериозноста на звуците на филхармонијата, ќе и дадат сосема поинаков шарм на таа вечер.
По спектакуларниот концерт во 2011 година, време е за најголемата македонска рок група на сцена да доживее нешто поинако. Нешто оригинално и уникатно. Нешто што ќе потсетува на целата нивна кариера и на нивните успеси. Во 2011 не потсетија дека Македонски подобро звучи. Годинава во мода ја враќаат љубовта. Под мотото Љубов, Ристо Вртев и екипата ќе Ви потврдат зошто во 1993 и 1994 година, ги добија наградите за најдобри настапи во живо. Архангел најавуваат рок спектакал а организаторите, пред него, најавуваат бројни изненадувања!!!
Архангел е македонска рок група основана во февруари 1989 година. Основачот на овој денес легендарен рок состав е Ристо Вртев. Во својата дискографија, потпишуваат 4 албуми благодарение на кои и денес се сметаат за една од најдобрите македонски рок групи.
Архангел е првиот албум издаден во 1991 година. По него, Архангел 2 од 1993 година кој пак за потребите на југословенскиот пазар касетно бил издаден под наслов “Дно”. Со албумот Heart Core од 1998 година, се заокружи замислената трилогија на Вртев. Во 2003 Архангел го издадоа нивниот четврти албум Небесна машина. По основањето на Архангел, благодарение на претходната репутација на Вртев, воопшто не било тешко да се привлече вниманието на јавноста. Ги обожавала цела Југославија а во 1993 и 1994 година ги наградуваат и за најдобри настапи во живо. Архангел во својата биографија, ја запишуваат и музиката за филмот “Збогум на 20 век” на Александар Поповски и Дарко Митревски.
 
Информации за цената на картите?

Има уште цел месец дотогаш, се надевам ќе имам шанси да отидам. :vozbud:
 
:vozbud:

Зарем можеше денов да почне поубаво?
 
АААААААААААААААААААААААААААААААА!!!!!!!!!!!!! ОДМА КАРТИ КАЖУВАЈТЕ КАДЕ ДА СЕ КУПАТ!! :D Конечно! Со душа ги чекам 3 години!
 
ЛЕЛЕ, ЛЕЛЕ!!

Оној последниот концерт на голема жал го пропуштив, а се бев сигурен дека ќе одам, овој пат, се надевам дека нема да ми се повтори истата грешка.
 
Само Вртев да се појави „читав„ на концертот и ќе биде тоБ не се смоневам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom