И јас да имам таква кола,и јас би возел.Не е голема филозофија.Му направиле кола од 30.000 евра и вози.
Чудно како еден коментар ваков, никаков, краток и непромислен може да ја сврти темата од нејзината цел. Не можев да не ти реплицирам. Кога го видов коментаров прво ме облеа гнев и ми дојде ладна пот...Тоа е најверојатно затоа што долго време ја следам автомобилската сцена во Македонија и добро знам колку еден автомобилист за да успее во Македонија треба да жртвува.
Иџе е еден од нив. Секој што ја прати неговата кариера знае низ што се поминал тој и целото негово семејство вклучувајќи ги и блиските пријатели за да може да дојде до она што е денес и кон она што се стреми. Непроспиени ноќи, спиење во шатори и комбиња, далеку од децата, од сопругата, од родителите...да не спомнуваме за огромните средства кои се издвојуваат од сопствен џеб.
Пропатувани илјадници километри и кога ќе дојде време за настап на трка откажал менувачот. Но Иџе затоа секогаш ги има неговиот брат Џани и неговиот механичар Зуби(Тихо) кој е како што вели и Иџе, можеби најзаслужниот за неговите успеси. Сето тоа е еден тим, екипа. Во ваквите напреварувања не можеш сам да успееш, секогаш ти треба поддршка и луѓе на коишто можеш да се потпреш.
Иџе почна пред некаде десетина години со Југо, потоа со Пежо 106, па Хонда Сивик и последниот Mitsubishi lancer кој не чини 30 000 евра, туку многу повеќе, исто средства обезбедени од сопствениот џеб. Ниту државата му помогнала, ниту некоја агенција, ниту федерација.
Со Хондата имаше одлични резултати. Со неа и го заработи познатиот прекар на балканов "Летечкиот Македонец", но Иџе знаеше дека може многу повеќе. Годинава го набави шампионскиот Лансер од пред две години шампионот во Европа Петар Јурена. Автомобилот е навистина спремен, тука нема сомневање. Исто како што се спремни и автомобилите од конкуренцијата. Но, не секој вози како Игор и не секој поставува времиња на патеката како неговите.
Со малку среќа и поголем буџет, да се надеваме дека следната година ќе настојува за врвот во европа. Сакаше и оваа година да вози, но немаше доволно средства. Па возеше само неколку трки од овогодинешниот шампионат колку да имаат претстава другите што ги чека до година.

И за крај, кому не му е јасно кој е Игор Стефановски Иџе, нека се послужи со Youtube, таму има доволно докази за неговите успеси.
--- надополнето: 25 септември 2013 во 03:21 ---