Breaking Bad

  • Креатор на темата Креатор на темата Psyside
  • Време на започнување Време на започнување
Немој некој отворен спојлер да остави на темава ќе го лежам :vozbud:
Не ми се чека веќе !
 
Арон Пол a.k.a Никола Карев.
Борба за билетите a.k.a. борба за Крушевската република.

Многу опуштен и комуникативен е човеков, ретко кој актер има таква комуникација со фановите ко него. :)
 
Јас еднаш пишав и еве пак КРИМИНАЛНО Е ДА СЕ ГЛЕДА ББ НА ЃУБРЕ СТРИМ, од 3 до 4,30-50 ке трае оваа епизода.Така да торентот е окулу 6 спремен за конзумација
 
Вечер ако не ќари ББ барем 3 Еми...

Според Арон Пол, следниве 2 епизоди се боље од минатата па сериозно не знам што да очекувам сега!
 
Breaking Bad just won the Emmy for Outstanding Drama Series!

Скајлер победи во категоријата споредна женска улога во драма. Волтер и Џеси ништо... Глупости!
 
Монтажата на крајот од епизодата ме растажи малку... Затоа што ме потсети дека му доаѓа крајот на ова ебано ремек дело. Од толку што сум внесен во приказнава, комплетно заборавив дека ја гледам претпоследната епизода на Брејкинг Бед.

Уште една недела луѓе... и готово. :(

All GOOD things must come to an end.
 
Мислам дека беше таман мирна епизода, да видиме какви му се мотивите на Волтер за да тргне во акција следната епизода. Моите омилени симболики беа неколку пати покажани, но најмногу беше на портата, со шеширот на глава, кога не можеше да оди понатаму. Тоа значеше дека Хајзенберг е затворен, веќе нема сила.

Can you stay any longer? Веќе и плаќа за малце муабет, само парите му останаа.
Poor Jesse. Најмногу му се заеба животот на него.
Флин веќе си го сменил името, не сака никако да биде потсетуван чив син е.
Лидија е ебан психопат, исто како и Тод, најкежуал убиецот до сега што сме го виделе каде било.

Крајот. Ебаниот крај. Музиката од интрото, плус мотивацијата дека светот го знае само како drug lord и дека се уште има blue meth т.е. Џеси е приморан да работи за нацистите. Рицинот мислам дека веќе знам за кого е.

Бонус:
5Zuzhuj.gif

Бонус неспојлер:

cK9loug.jpg
 
Музиката од интрото со крајот беше врвот на епизодава.
Бавна, смирена епизода, а пак 54 минути не ги осетив кога поминаа.
Не ми се верува дека уште толку остануваат од серијава...
 
Не знам за вас ама јас си цмиздрев кога му се јави на Флинчо. :D
 
Фантастична епизода си поврзаа се во типичен Брејкинг Бед стил.

За момент се порадував дека Џеси ќе се спаси, ама нацистите ептен претпазливо си работат. Math Damon е неверојатно брутален, без да трепне убива недолжни луѓе што вака така ќе му се најдат на патот.

Кој би рекол дека милионерите ќе го направат пресвртот во епизодата. Таман Волтер се помири со судбината и реши да се предаде, тие се појавија на ТВ и го потценија неговиот удел, може рицинот ќе биде за нив :)
 
Фантастична епизода си поврзаа се во типичен Брејкинг Бед стил.

За момент се порадував дека Џеси ќе се спаси, ама нацистите ептен претпазливо си работат. Math Damon е неверојатно брутален, без да трепне убива недолжни луѓе што вака така ќе му се најдат на патот.

Кој би рекол дека милионерите ќе го направат пресвртот во епизодата. Таман Волтер се помири со судбината и реши да се предаде, тие се појавија на ТВ и го потценија неговиот удел, може рицинот ќе биде за нив :)


Нема да биде за нив, нема причина да биде. Тие беа само мотиваторот и гласникот дека исто како Gray Matter, неговата дрога уште е на улица, и тоа поради нацистите кои го тераат Џеси на тоа. Рицинот е најверојатно за Лидија. Жената обожава да пие чај, неколку пати го видовме тоа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom