Невработен си? Ништо од бракот!

  • Креатор на темата Креатор на темата Plavooka
  • Време на започнување Време на започнување
Искрено да кажам, секако љубовта е побитна кога се бира некој за мажачка.
Ама ако љубовта ми е човек кој го мрзи од тросед да стане, очекувам некој да ме чукне малце по глава и да ме опаметни.

Не сакам маж со работа, сакам маж кој е работлив и вреден и кој не кука дека нема работа за него.
Секогаш има работа и секогаш има начин.
АКо не работи удри му еден чотек и решен проблем! Зе негово арно, од љубов!!!
 
Искрено да кажам, секако љубовта е побитна кога се бира некој за мажачка.
Ама ако љубовта ми е човек кој го мрзи од тросед да стане, очекувам некој да ме чукне малце по глава и да ме опаметни.

Не сакам маж со работа, сакам маж кој е работлив и вреден и кој не кука дека нема работа за него.
Секогаш има работа и секогаш има начин.

Секогаш има начин и ти да пораснеш и да почнеш да размислуваш малку пореално, ама ете никако да се случи..
Каде пишува дека мажот мора да е тој што работи. Може и жената. Рамноправност, јебига.
Тебе ти треба работник (и тоа работник што добро заработува), не ти треба маж.
А тоа е многу различно.
Познавам мноогу работници, кои многу работат ама малку заработуваат. Се сомневам дека би сакала таков, иако би биле логичен пар. Тој ќе билда мускули ти ќе тренираш мозок.
 
Жените признаваат дека не би стапиле во врска со некој кој е невработен, а 65 отсто од дамите одбиваат да стапат во брак, доколку младоженецот е без работа, покажува анкетата.
Иако вработувањето е важно, повеќе од 90 отсто немажени жени велат дека љубовта им е поважна од парите. Но, експертите велат дека иронично е тоа што жените ја ставаат љубовта пред парите, а сепак, не сакаат да се венчаат со маж кој не е вработен.
И жените сметаа дека парите го движат светот.... а 41 отсто дами не би застанале пред матичар ако млдаоженецот нема поголема плата.

Извор - http://www.plusinfo.mk/vest/100912/So-koi-mazhi-zhenite-ne-sakaat-da-stapat-vo-brak
Според вас, дали има вистина во ова или не? Посебно ве молам да обрнете внимание на болдираното. Дали и мажите не би стапиле во брак со жена која е невработена?

Дали вие би се согласиле на брак со партнер/ка кој е невработен/на и образложете зошто да/не?

За жените - Според анкетава, или во Македонија жените се преку 155% или анкетираниве се тотално сјебани во мозок.

За мажите - Ако на човек што се декларира како „заљубен„ во невработена прва мисла му е „дали да ја земам за жена„ наместо „како да ја вработам„ тогаш е шмокле што не заслужува повише од редовна сеанса кај штрбавине позади МТВ.

За мене - секако дека би се согласил. Уосталом кој ми гарантира дека прв ден после свадбата нема да добие отказ? Или на матично треба да потпишуваме тројца, јас, жената и шефот нејзин - дека нема да ја отпушти минимум 10 години?:D
 
41 отсто дами не би застанале пред матичар ако млдаоженецот нема поголема плата.

И после еманципација :facepalm: Абе постои прост народ на светов и тоа е.
 
Ко прво никој без работа и обезбеден капитал не се нафаќа на брак, или треба да си глуп за да направиш таков потег и да најдеш уште поглупа што ќе го прифати истото. Не за џабе викаат да се знае кој е МАЖ во фамилија.
 
Нејзе ако не ја работи џабе е вработен, затоа што ако не напиши домашна ќе дојде некој друг да му напише.
 
Има два типа на невработени, има невработен кој цел живот е невработен (тато носи-мама меси) и има невработен кој моментално е невработен. Многу е важно е да се одреди типот на невработеност на партнерот.

Ако е од втор тип тогаш јас лично би прифатила брак, има секакви ризици и секакви можности за работа, ако се потрудите заедно ќе најдете и тоа не само едниот туку и двајцата. Некогаш е потребно и да се ризикува за нешто така што во овој случај стапувањето во брак е дозволено.

Доколку пак партнерот е од првиот тип, мој совет е да се раскине на време.
 
Какви жени сакаат милионерите, а какви мажи бараат милионерките?

29/09/2013 // Пред 5 часа // СТИЛ // Коментирај
milioneri1-564x272.jpg

Еден интернет сајт интервјуирал околу 15.000 луѓе за да дознае каков тип на партнери бараат милионерите.
Резултатите покажале дека поголемиот број од мажите милионери околу 79.6% бараат жени кои не се богати, додека 84.5% од жените милионерки сакаат партнер кој е во еднаква имотна состојба.
Претставникот на сајтот, Дарен Шустер, изјавил дека една од причините заради која мажите не сакаат да се забавуваат со богати жени е нивната потреба да пронајдат партнер за кој ќе се грижат.
„Бевме изненадени кога откривме дека голем број од нашите членови кои се милионери бараат жени кои не се богати. Изгледа дека тие сакаат да го делат богатството. Со жените милионерки пак, ситуацијата е поинаква“, изјавил Шустер.
Жените милионерки кои учествувале во анкетата откриле дека не сакаат да се грижат за било кој и дека сакаат финансиски стабилен партнер.
Резултатите исто така покажале дека богатите жени се повнимателни со своето богатство, отколку мажите при стапување во брак.
Скоро 80% од жените изјавиле дека би барале потпишување на предбрачен договор од партнерот, додека на истово би инсистирале само 17,4 % од мажите.

http://grid.mk/read/news/505898124/...milionerite-a-kakvi-mazhi-baraat-milionerkite
 
Претставникот на сајтот, Дарен Шустер, изјавил дека една од причините заради која мажите не сакаат да се забавуваат со богати жени е нивната потреба да пронајдат партнер за кој ќе се грижат.
„Бевме изненадени кога откривме дека голем број од нашите членови кои се милионери бараат жени кои не се богати. Изгледа дека тие сакаат да го делат богатството. Со жените милионерки пак, ситуацијата е поинаква“, изјавил Шустер.

Ете го Пепелашка синдромот на дело. Не оти се мажите толку великодушни, па сакаат да го делат богатството или се грижат, туку егото им се полни знаејќи дека тие доминираат во врската од финансиски аспект.
 
Само и така може да опстанат во една врска. Егото на маж е до небо, немојте никогаш да го заборавате тоа :)
 
И после анкетава пак испаднаа мажите лоши а ? :pos:

Тоа што 84% од жените се себични и не би ги делеле парите заедно со некој посиромашен нема врска нели.. а и да им било на машките само до финансиска доминација процентот на овие што барале предбрачен договор немаше да изнесува само 17%
 
Ете го Пепелашка синдромот на дело. Не оти се мажите толку великодушни, па сакаат да го делат богатството или се грижат, туку егото им се полни знаејќи дека тие доминираат во врската од финансиски аспект.
Многу го заболел курот милионерот да доминира финансиски со жената. Штом тој не потпишал предбрачен договор не го интересира да ја ограничи колку троши.

Разликата во размислувањата е поради еволутивната психологија. мажите се "наштимани" од еволуцијата да трошат на жените и на децата, бидејќи тие се оние што имаат повеќе ресурси, и само преку издржување на жената и децата можат да го пренесат генетскиот материјал. Жените сосема спротивно ги интересира да бидат материјално обезбедени, и тоа од мажот, и затоа не сакаат да го делат богатството со мажи кои заработуваат помалку од нив (ова би значело дека одвојуваат ресурси за некој трут, кои може да ги вложат во своето потомство).
 
И после еманципација :facepalm: Абе постои прост народ на светов и тоа е.

Абе и за дечко а не па за маж полно гледаат дали е вработен оти ако не е вработен ништо од бизнисот. Стварно простаклук и малограѓанштина владее.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom