Економски факултет (reloaded)

  • Креатор на темата Креатор на темата The Mummy
  • Време на започнување Време на започнување
Ако може некој да ми каже кога отвараат студентски прашања пошто студирам на дисперзирани и да знам кога да доаѓам за запишување??
 

Продадени се веќе :)

Ако може некој да ми каже кога отвараат студентски прашања пошто студирам на дисперзирани и да знам кога да доаѓам за запишување??

По правило работат од 12 до 14, а за уписите нас ни работеа од 11 па до 14
 
Има некој што е во студентски парламент, да каже некое инфо што и како се одвива ?
 
Ај некое инфо како е со книгите за прв семестар. Освен математика што збирка и таблица треба оригинал да се донесат на полагање, другото може да се помине со копирани книги, или пак може да се случи некој проблем, па пожелно е и другите да бидат оригинал?
 
Продавам : Макроекономија ( книга и прашања што се паѓаат на колоквиум/испит), Микроекономија ( книга и прашања), Политика на социјален развој ( книга и прашања) и Трговско право ( книга ). Кој е заинтересиран нека ми пише во инбокс. :cool:
 
Треба ли бруцошите да се регистрираме на iknow системот? Бидејќи на другари од технички факултети(машински,градежен,електро) му рекле да се пријавуваат,а на економски,правен,филозофски ништо не му рекле..
 
Ај некое инфо како е со книгите за прв семестар. Освен математика што збирка и таблица треба оригинал да се донесат на полагање, другото може да се помине со копирани книги, или пак може да се случи некој проблем, па пожелно е и другите да бидат оригинал?

Само тие ти сребаат оригинал, другото зимај копии!!
 
Да не продава некој книга Меѓународни организации и интеграции?
 
Ај гуштерско прашање.
Математика (кај Драге Јанев) добив информација дека само задачи треба да решавам и фактички ако ја решам збирката нема да имам проблем. Дали е само тоа, или треба и дефиниции; изведување на формули да учам?
Ако некој не го мрзи нека даде совети и за Економија и Сметководство...
 
Продавам збирка математика 2008 издание и книга 2006 ако му треба на некој нека пише во пп.Продавам и копии по ФПИ,Економија на инвестиции,економија и статистика :)
 
Ај гуштерско прашање.
Математика (кај Драге Јанев) добив информација дека само задачи треба да решавам и фактички ако ја решам збирката нема да имам проблем. Дали е само тоа, или треба и дефиниции; изведување на формули да учам?
Ако некој не го мрзи нека даде совети и за Економија и Сметководство...

Не треба никакви дефениции, никакво изведување на формули и слично. Едноставно вежбај ги задачите од збирка, по можност ако можеш да ги најдеш комбинациите на можни задачи кои би се паднале што ги дават на приватни часови кај што се оде.

Економија се е на заокружување. Логички прашања. Ретко дефениции. Мене најтежок предмет од прва година. Задачи кратки само, прелесни се. Исто има и график да заокружиш кој е точен според барањето.

Сметководство. Теоријата прелесна, точно/неточно и на заокружување неколку. Вежбај од збирката задачи константно со предавање и ќе немаш мака. Втор колоквиум е потежок, а на испит е најлесно иако е цел материјал, полесни работи дават.
 
Ај гуштерско прашање.
Математика (кај Драге Јанев) добив информација дека само задачи треба да решавам и фактички ако ја решам збирката нема да имам проблем. Дали е само тоа, или треба и дефиниции; изведување на формули да учам?
Ако некој не го мрзи нека даде совети и за Економија и Сметководство...


Во неколку случаеви се дешава да се паднат исти задачи како во збирката, или слични ( значи исти само со различни бројки ), но едно е сигурно.
Ако ја решиш целата збирка и 10 пати, пак ќе имаш проблем.
Ова ти го кажувам од искуство, зошто јас одев на часови кај истата личност каде што одеше и MyloXyloto, и можам да ти кажам дека тие задачи што ќе ги решаваш таму, тие се паѓаат, може и он да ти потврди.

Факт е дека Драге е голем гад, и ќе ве мачи многу.

Економија учи со разбирање, се е на заокружување таму, јас прв колоквиум го паднав зошто се обидов на памет да учам, ама во Јануари ми дојде памет.

Сметководство првиот колоквиум е гола вода, ама затоа вториот мора многу убаво да го спремеш, зошто е многу потежок.
 
А за книгите прават проблеми? Сметководство кажа ќе не тужела ако сме имале други книги, језда не верувам до толку дека ќе иде, ама правеле некад проблеми? И ги потпишуваат книгите пред полагање?
 
А за книгите прават проблеми? Сметководство кажа ќе не тужела ако сме имале други книги, језда не верувам до толку дека ќе иде, ама правеле некад проблеми? И ги потпишуваат книгите пред полагање?

Никој ништо не потпишува, тоа ти е влегување во филм.

Ти многу јасно ќе си земеш копии, ама нема со нив на предавање да идеш и да седнеш во прв ред.

Само математика збирка и таблица ти треба оригинал, другото се копија
 
Треба ли бруцошите да се регистрираме на iknow системот? Бидејќи на другари од технички факултети(машински,градежен,електро) му рекле да се пријавуваат,а на економски,правен,филозофски ништо не му рекле..

any1?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom