Филозоф/Философ - зошто (скоро) секогаш се употребува во негативна конотација?

Член од
8 декември 2009
Мислења
702
Поени од реакции
528
Не сум филозоф а богами нити философ, ама ги почитувам луѓето кои се занимаваат (умерено) со овој спорт, професионално или аматерски сеедно :) .
За денес едно не баш философско прашање до нив/вас -

Зошто термините „филозоф„, „филозофирање„ и слично нашиот народот главно ги употребува во негативна конотација, во стилот на „Ех, што филозоф е тој„; „Не филозофирај туку земи сработи го тоа„ ...?

Генерално, се употребуваат за лица кои гледаат да се извлечат без труд, кои „ќе те продадат„ или со други зборови за „мрзливи, а паметни луѓе„.
Зошто е тоа така? Погрешно толкување на терминот, предрасуди, лошо мислење за философијата и философите или нешти четврто?:)
 
Тие што ги употребуваат "филозоф" или "филозофирање" во негативна конотација се уствари мрзеливите - ги мрзи да мислат. Не дека нешто другиве се попаметни па ги равнат со филозофи туку овие другите паднале многу ниско или едноставно немаат капацитет(природен-генетски некаков) за мислење то е :unsure:

П.С. И јас го напишав постов демек никаде не припаѓам, стојам настрана и посматрам и во ништо повеќе не верувам ауууууу...:вонзем:
 
Јас мислам дека тие мислат дека мислењето е залудно трошење на време, онака непродуктивно, чунки за нив продуктивното лежи во вадење на лебот, обично преку некоја конкретна работа, најчесто физичка која бара трошење на физичка енергија.

Некогаш таквото размислување го поврзуваат со народски кажано, солење памет. Кај нас народот е научен да не прима продавање тестиси од страна на некој друг, бидејќи си патиме од синдром кој се нарекува сесизнам, па така нема потреба од туѓо мислење.

Сме учеле по филозофија дека филозофијата е најстара наука. Е сега полемиките беа дали е наука воопшто, но фокусот турете го на најстара, што значи се влечка од многу дамнешни времиња. Марко ЦепенкО рекол-Секој овчар може да биде филозоф, но и секој филозоф може да биде овчар.
 
Веројатно затоа што на луѓето им е неподносливо тешко да сфатат и да прифатат дека постојат два типа на луѓе:тие кои им е одредено да наликуваат на коњ за јавање,влечење и тепање,и личности од типот-коњ за парада.

Сите тие кои критикувајќи ги ликовите склони кон философирање,китејќи ги со епитетот "философ",кој би требало да биде сфатен во негативна конотација,потсвесно не можат да прифатат и да се помират со депримирачкиот факт дека се всушност коњи за јавање,па затоа и ја префрлаат топката кај коњот за парада-во овој случај философот,надевајќи се дека ќе остварат каква-таква,макар и бедна победа.Тие на таков начин ја пренесуваат својата порака и укажуваат на тоталната бескорисност на философот во дадена ситуација.

Затоа општо земено,философот е непожелен и не е добредојден помеѓу влечните коњи и неговото присуство,бидејќи нема што да понуди,може само да попречува во извршување на секојдневните обврски.
 
Тоа е многу тажна особина кои ја имаме како народ. „Работи не мисли многу.“„Не мисли многу, сè е измислено.“„Не само објаснувај, фати сработи нешто.“ Мислењето го сметаат за трошење време, време кое може да се замени со работа, најчесто физичка. Плус тука се додава проблемот кој го имаме а тоа да не слушаме другиот што збори, туку само ние самите. Критиката ја сметаме како омраза и хејтање и обид на другиот да ја намали вредноста на нештото. Така да...
 
Затоа општо земено,философот е непожелен и не е добредојден помеѓу влечните коњи и неговото присуство,бидејќи нема што да понуди,може само да попречува во извршување на секојдневните обврски.


Не мора да значи дека ќе попречува во извршувањето на секојдневните обврски. Пример си работи хардкор и си мисли хард кор, е сега зошто мислењето (пошто за малкуцка екстра психички напор наречен мислење се придава епитетот "филозоф" во негативна конотација) им пречи на другите додека овој си ги извршува работните обврски најпоштено, а не се шета во бел чаршав низ чаршија тролајќи ги останатите психолозиве нека објаснуваат, оти можи да е и психосоматскосоцијалномедицински проблем. И тоа не е само овде случај, несекаде е, безбројни се милиони на трудот црн народ :)
 
Кога бев мал, мислев дека паметни луѓе се тие што не ги разбирам. Денес, за паметни ги сметам луѓето кои ги разбирам. Има филозоф, и филозоф ..
 
Од иста причина зашто на некој што се праи паметен му викаат "се праи Ајнштајн". Не го ставаат Ајнштајн у негативна конотација, туку едноставно саркастично му принесуваат возвишена титула која според нив не ја заслужува.


Туку ај да не филозофирам ја :D
 
"Еве го овој пак почна да филозофира" неможам да избројам колку пати сум го чул..
И колку пати ми се присрало консеквентно на тоа.
 
Не мора да си филозоф денеска за да си потценет. Доволно е да немаш врски. Па после тоа биди што сакаш.

Не сум филозов па оттаму немам право да критикувам и кажувам што и како за тоа подрачкје.

Инаку потценувачкиот однос најчесто доаѓа од луѓе кои не прочитале ниту една филозофска книга.
 
Од иста причина зашто на некој што се праи паметен му викаат "се праи Ајнштајн". Не го ставаат Ајнштајн у негативна конотација, туку едноставно саркастично му принесуваат возвишена титула која според нив не ја заслужува.


Туку ај да не филозофирам ја :D
:)
Не сум сигурен дека во случајов во прашање е сарказам. Поверојатно ми е да произлегува од ставот „нема леб од филозофирање„ (упростена верзија од постот на turvior). Инаку не би бил и прв термин кој за разлика од надвор го употребуваме во негативна конотација. Друг пример што ми доаѓа од прва е „дипломат/војник/политичар од кариера„ на пример. Додека во светот означува човек посветен исклучиво на професијата, кај нас „кариериста„ е човек што би газел преку лешеви да се пробие по секоја цена.
Во секој случај, изгледа дека филозофите не се на добар глас во нашиве краишта :).
 
Уствари "филозоф" и "филозофира" како негативна конотација најчесто се користи кога имаш спротиставено мислење од очекувањата на толпата, традицијата, иако тоа мислење не мора да биде точно ниту нешто многу интелигентно, си мислам за тоа најчесто станува збор...
И јас се зафилозофирав наместо да одам на темана да видам дали Сусаро му направи анализа на Вот :D
 
Уствари "филозоф" и "филозофира" како негативна конотација најчесто се користи кога имаш спротиставено мислење од очекувањата на толпата, традицијата, иако тоа мислење не мора да биде точно ниту нешто многу интелигентно, си мислам за тоа најчесто станува збор...
И јас се зафилозофирав наместо да одам на темана да видам дали Сусаро му направи анализа на Вот :D

Оди чедо, оди оти се замуабетивме :D.

И големо фала за хинтот, ќе има за читање вечерва(y)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom