Економски факултет (reloaded)

  • Креатор на темата Креатор на темата The Mummy
  • Време на започнување Време на започнување
Финансиско сметководство, Макроекономија, ФПИ, Демографија, нешто за предметиве, како се полагаат на колоквиум, како на испит ? :)


Демографија не знам.

Финансиско - Не оди на предавања, џабе е. Вежби можеш, ако имате. Учебникот не е нешто нај, али се разбира колку-толку. Не знам како е на колоквиуми, јас на испит го полагав, помагаат прашањата од Либро доста, да сфатиш некои книжења и задачи и ќе немаш проблем.

Макро - Професорот дава 10 листа кои носат по 10 поени, така што, оди на предавања. Книгата јас не ја ни отворив, оти е превод од англиски, не е негова и ништо не се сфаќа. Има прашања кои се вртат и кои се паѓаат, со нив можеш да положиш. Во глобала, лесно е ако не сакаш 10ка нормално.
На колоквиуми гледај да го положиш, на испит мислам дека е на пишување.

ФПИ - Еден од полесните задолжителни. На смеров имаш доста вакви предмети кои се повеќе логични отколку бубање, па ако го сфатиш по кој принцип е предметов, ќе немаш проблеми понатака. Не бубај, гледај да си ги поврзуваш логички работите, оти на колоквиум ретко ќе најдеш некое прашање од книга. Али лесно е.
 
Кое издание треба да бидат збирките и таблиците математика? Ми рекоа дека Драге прифаќал издадени од 2008 па навака.
emoticon-0100-smile.gif
 
Едно прашање до вас.
Би требало ли да има слободни места за вонредни студенти во трет уписен рок на надворешна трговија? Фала. :)
 
Положени ми се сите испити освен Математика (што не планирам сега да се замарам), и сакам да го оставам во 4та год. здравје, а сега треба 3та да запишам. Може тоа така?

Можеш, ама би ти препорачал да го грабнеш сега и на колоквиуми да го положиш. Веруј, од искуство ти зборувам. Буквално со истата помисла и јас идев 3 години и сфатив дека сум грешел, и тоа многу. Може да се научи, само треба да идеш на часови ако си дудук математика. Не заостанувај со предметите затоа што покасно ќе дипломираш...
 
Каков е колоквиумот по економетрија ?
Може ли од учебник да се научи ?
 
Море само јас ли си неам купено книги и незнам од шо книги треба да учиме? :oops:
 
Ќе може ли некој од постарите колеги да ми каже Финансиски менаџмент каков предмет е ?
И дали треба присуство ?
 
Ќе може ли некој од постарите колеги да ми каже Финансиски менаџмент каков предмет е ?
И дали треба присуство ?


Ако го полагаш на колоквиум е малку зезнат, професорот бара активност, присуство и семинарска за да можеш да положиш, 2та колоквиуми се по 35 поени, а за да положиш ти треба 60/61 поен.
На испит е друга работа, полесно е многу и се вади добра оценка, интересен предмет е, има пресметки и општи работи, нема набројувања и учење на памет.
 
Продавам Математика збирка и таблица, многу прифатлива цена и поефтина, само да не ги гледам, пред да ги запалам !
 
Ме интересира дали Трговско право се полага исто и во втора година како редовен на Надворешна трговија и покрај тоа што го учат во прва за изборен?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom