Вака:
Бугарски пасош - Да или не?
Ако извадиш било кој пасош од овие што си ги набројал, не е толку страшно, бидејќи не граничиме ниту со Канада, ниту со Америка, Германија и Австралија. Со ниту една од овие земји сме немале конфлкит во смисла отворена асимилација и територијални претензии. И тоа низ историјата. Знаеш, негирање на тоа дека сме Македонци-тоест дека сме Македонци ама у ствари Бугари од Македонија кои зборуваат бугарски дијалект, што би рекло дека сме ист народ и како таков треба да сме во иста држава. Ете, Димитров си кажуе како не гледаат, не дека јас го измислив. Чоекот вика дека немало потреба од докажување на бугарско потекло, што би дошло дека секој бугарин каде и да живее (во случајов било каде во Македонија), треба без проблем да си добие државјанство и пасош.
Од исток отворено побугарчување, од запад скратување, ко ќе видиш, отишол газот.
Мене ми е јасно од кои причини некој ќе си го намести газето у неудобна позиција. Не ми е јасно зошто работите не се нарекуваат со вистинското име. Ако некој се продава, барем нека ќути (ако веќе му е срам да збори). Безобразно е да каже дека у ствари си прави забава.