Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 26.223
- Поени од реакции
- 34.813
Како што вели насловот темава се однесува на кучиња кои постојано лаат и завиваат, поточно за закони за санкционирање и контрола на оваа релативно честа појава.
Претерано лаење е резултат од лошо или никакво воспитување/тренирање на кучето. Не е вистина дека кучето мора да постојано да лае само затоа што е куче. Ниту е вистина дека околината мора да го трпи тоа малтретирање, кое е посебно изразено во летните месеци и топлите денови кога сите имаат отворени прозорци (и врати).
Знам дека во други земји има закони што го третираат овој проблем. Претераното лаење лесно се утврдува, кучето не смее да лае на нешто што не е во непосредна близина или внатре во дворот на власникот, не смее да лае на комшиите, итн сите варијанти кога кучето не смее да лае се пропишани во законот и се конкретно кажани.
Инспектор го утврдува ова со контрола, кучето смее да лае по него само кога иснпекторот ќе се приближи до самата ограда на дворот или кога ќе влезе во тој двор. За становите исто има соодветни правилници. Ако кучето „падне„ на контролата, тогаш на власникот му се пишува опомена и му се дава одреден законски пропишан рок до кога мора да го одстрани проблемот. Потоа по тој рок следат нови контроли и соодветни казни, како на пример парична казна и налог за одстранување на кучето.
Власниците се должни да ги дресираат кучињата, или да ги преселат/одстранат од локацијата (што и да подразбирате под ова, се работи за избор на власникот).
Постојат и решенија со огрлици кои реагираат со непријатен мирис за кучуњата (лимун ако не се лажам) или со слаб ултразвук електрошок или електрошок. Овие уреди во огрлиците се активираат кога кучето прегласно/предолго лае.
Значи власникот е должен да го научи кучето да не лае постојано и да не смета на комшиите. Или да го однесе некаде на друго место каде се толерира непрестано лаење (на село?).
Она што ме радува е дека конечно почна да се носат вакви закони и кај нас. Прва го скрши мразот општина Центар, а се надевам дека наскоро со вакви закони ќе следат и други други општини.

Нетпрес напиша:http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=137649&kategorija=1
Опшина Центар забрани да се чуваат кучиња кои постојано лаат и завиваат
14.09.2013 - 10:18:19
Жителите на Општина Центар кои досега чуваа домашни животни, живина или пчели по дворовите, треба да се простат од нив или да ги преместат на териториите на други општини, затоа што Центар со одлука на Советот забрани да се чува каков било вид крупна или ситна стока во нејзините граници.
Затегнати се и правилата за чување кучиња по домовите. Граѓаните што живеат во зграда, а чуваат куче во стан или во дворот на зградата, за тоа мора да имаат согласност од мнозинството станари. Со најновата Одлука за комунален ред во Центар е забрането да се чуваат кучиња што постојано лаат и завиваат, пренесува Дневник.
Она што остана за чување се гулабите, но под одредени услови.
„Се забранува чување секаков вид крупна и ситна стока, како што се коњи, маски, магариња, свињи, овци, говеда, живина (кокошки, гуски, мисирки, пајки) како и пчелни семејства. Исто така се забранува колење крупна и ситна стока и живина на јавните и сообраќајни површини, како и нивно терање и сместување во дворовите на станбени и на други објекти и места во Центар. Единствено е дозволено чување гулаби и тоа само во дворните места на куќите. По исклучок, со писмена согласност на станарите и урбаната заедница, може да се чуваат гулаби и во дворовите на зградите“, се вели во одлуката за комунален ред.
Според документот, гулабарникот треба да биде изграден од погоден материјал, со бетонски под, поврзан на канализацискиот систем и редовно да се одржува чист. Одгледувањето гулаби не смее да го попречува нормалното живеење на соседите, а во спротивно, комуналниот инспектор може да го задолжи одгледувачот да го премести гулабарникот или да го забрани одгледувањето гулаби, анализира Дневник.
Најголемо незадоволство граѓаните веќе изразуваат за кучињата.
Жителите на Центар може да чуваат домашни, ловџиски и кучиња со педигре и други домашни миленици, како мачки, птици итн. под услов тие да се регистрирани во надлежна ветеринарна институција и да се редовно вакцинирани.
„Не е дозволено чување кучиња кои постојано лаат и завиваат. Сопствениците на кучињата и на другите миленици, треба да ги сместат и да ги чуваат така што животните нема да го попречуваат мирот и спокојството на соседите. Кучиња не смеат да се чуваат во станбени згради и во нивните дворови, освен ако сопственикот има писмена согласност од мнозинството станари“,е наведено во одлуката.
Сопствениците на ловечки кучиња, пак, се должни да ги држат врзани кога минуваат низ територијата на Центар.
автор: Нетпрес