Настрана толкувањето на ајетите,(нивниот повод за објавување и нивното разбирање во поширок контекст) ќе одам по реден број на сура и ајет( како на сликата), за да видиш кои битни зборови се исфрлени ,со цел да се изгуби вистинската поента и да се наметне посакуваната:
Кур'ан 8:12, или поточно сура Ел Енфал, 12 ајет. Вака започнува и завршува ајетот:
" Кога Господарот твој им вдахна на мелеците ( ангелите): " Јас сум со вас, па зацврстете ги тие што веруваат! Во срцата на неверниците Јас страв ќе влеам, па вие по вратовите удрете ги и по прстите удрете ги!"
(Болдираниот дел е многу битен за разбирање на ајетот)
Кур'ан 9:5, или поточно сура Ет Теуба, 5 ајет. Вака започнува и завршува ајетот:
" Кога ќе поминат светите месеци, тогаш убивајте ги многубошците каде и да ги најдете, заробувајте ги, опсадете ги и на секој премин дочекувајте ги! Па ако се покајат и почнат намазот ( молитвата) да го (ја) извршуваат и зекат ( верски обврзувачки процент на издвојување од материјалните добра за сиромашните)да даваат, оставете ги на мира, бидејќи Аллах навистина простува и Милостив е. "
Кур'ан 47:4, или поточно сура Мухаммед , 4 ајет. Вака започнува и завршува ајетот:
" Кога со неверниците во борба ќе се сретнете, по вратовите удрете ги се додека не ги ослабнете, и тогаш врзете ги, а потоа, или великодушно ослободете ги од заробеништво или барајте откупнина, се додека не престане борбата. Така направете! Да сака Аллах, Тој сам ќе ги совлада, но Тој сака да ве искуша едните со помош на другите. Тој нема да ги поништи делата на тие што ќе загинат на Аллаховиот пат."