Apple iPhone 5S и iPhone 5C

За што се истакнувам ?
За пикселите ок, ама нели ајфонов излезе со цел да биде најдобар на пазарот, затоа и кажав да се споредат сликите што ги прави 5с, с4 и оне и ќе се види кој има најдобра камера. Ако ајфонот ги шие другиве два ќе речам „ок, сум згрешил“. Ни ги бранам едните, ни дргите ни па третите, само ете да се види кој вади подобри слики и да се види дали вреди телефонот за парите.

otvori youtube imas klipcina, pusti gledaj

inace kaj 5S mi se svigja sto ima izbor na boi zlatna, srebrena itn, posto crna e too mainstream. Mozele da napravat jabolkoto da sveti koga raboti telefonot primer.
 
Импресивна камера.Дизајнот е закон .Мене лично не ми се допагаат преголеми телефоини бидејки не се и баш практични за носење во панталони .
 
Од каде впечатокот дека камера со 13MP автоматски значи и подобра од онаа од 8MP?
Мислев дека до 2013 луѓето ќе сфатат дека бројот на мегапиксели се најнебитниот дел. Се што е над 3-4 мегапиксели, на нас, како обични корисници ни брка работа. Е сега, ако сакаш да фотографираш за билборд со мобилниот, тоа е друга работа. Битна е осетливоста сензорот, квалитетот на леќата, софтверот и еден куп други фактори. Меѓу кои, „смешните 8MP“ воопшто не се пресудни. Бројот на мегапиксели е само маркетиншки трик, да се лажат деца и луѓе кои не разбираат како функционираат некои работи, па да „си ги мерат“ според некаков број.

Назад на темата: Не сум ни разочаран, ама па далеку сум од импресиониран. Повторно една од класичните Apple претстави, кои иако стануваат монотони, сепак се неколку класи понапред од оние на Samsung на пример. Ништо посебно не понудија, ама и не „разочараа“. Едноставно, нема што повеќе. Тоа со читачот на отпечатоци е кул работа, ама одма ќе наиде на нож од луѓето кои се љубители на теории на заговор од страна на САД, Обама, NSA, CIA, FBI - демек се создава огромна база на отпечатоци која може да се злоупотреби. Нормално, Apple ќе се оградува од чувањето на овие податоци, ќе јаде трици дека се енкриптирани, ама ако подразмислиме подонро - се што се наоѓа на вашиот телефон поврзан на интернет може да биде злоупотребено, така да... И не се толку параноични. Брзината и не ми е толку битна, зошто се над iPhone 4 и Samsung S3 е прекурчување. Но, што е со батеријата? Ќе видиме ли конечно паметен телефон кој не мора да го полниме 1-2 пати дневно?

iPhone 5C не би ме привлекол да го имам поради шаренилото. Можеби белиот. iPhone 5S би сакал да го поседувам, највеќе поради џебната камера со одлични перформанси.

Горд сум што конечно наидов на одговор што заслужува да се цени . Компаниите прават лоши филмови за процесорите и перформансите на хардверот. Но сите апликации работат на dual core она што го зборував за snapdragon лидерот за процесори во светот за мобилни вели не форсирајте се само на повеќе јадра некогаш нештата треба да функционираат , има видео на youtube. APPLE зборува за вистината многу повеќе за разлика од секоја друга компанија 13 mp нема никогаш да ги доживееш на телефон освен на меморијата што ќе ти ја зафаќа правејќи фотографии .
 
iPhone 5S - pass
iPhone 5C - EPIC FAIL!
Леле каква цена му бапнале на ова пластичново ѓубре 5С :pos:
 
iPhone 5S - pass
iPhone 5C - EPIC FAIL!
Леле каква цена му бапнале на ова пластичново ѓубре 5С :pos:

Таа пластикаријата е 500 фунти тука во УК..За 400ф имаш HTC One и Samsung Galaxy 4, додека за 500ф го имаш Sony Z1(со гратис Sony Smartwatch 2), а сепак зилион луѓе ќе го купат пластичниот ајфон. :confused:
 
attachment.php
 
Акцииве на епл паднаа како будали, а благодариние на шарените бои на 5c акциите на Нокиа се качуваат...
 
нека паѓаат акцииве на Apple повеќе би сакал Нокиа повторно да се врати на старата слава и да го прегази ајфони заедно со ајвани :D
 
нека паѓаат акцииве на Apple повеќе би сакал Нокиа повторно да се врати на старата слава и да го прегази ајфони заедно со ајвани :D


Сега под капата на Мајрксофт со многу пари за маркетинг... би требало... :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom