Бенефиции за крводарителите во Македонија

Член од
9 март 2012
Мислења
175
Поени од реакции
249
А за да се бенефицира од ослободување од партиципација треба да се приложи копија од потврда од Трансфузиологија дека сте донатор над 10 пати.
Ne od transfuziologija tuku od tamu ke vi dadat poptvrda deka ste dale poveke od 10 pati i ke treba da go nosite kaj fondot za zdravtstvo i od tamu ke vi dadat potvrda so pecat i za sekoj pregled ke vi zemat po dve kopii, no mene mi rekoa deka so novite zdravstveni karticki nema potreba od kopje na potvrda deka direktno ke gi ima informaciite na kartickata.
 
Член од
22 јануари 2013
Мислења
481
Поени од реакции
669
Не даруваш за црвен крст туку тие ги организираат крводарителските акции по повод некои празници, настани и слично и таму се собира прилично големо количество крв.
А јас коа сум во МК донирам крв во трансфузиологија-Охрид каде персоналот е многу учтив и професионален.

Иначе шо те исфрустрира толку????
Персоналот најмалку битен... Не ми значи тоа.. Последниот пат кога учествував во крводарителска акција не поминаа 3 дена потребна беше помош за мој другар.. јас не можев да дарувам за него.. а погоди што? Крв Б негатив немаше за него.. после само 3 дена. Точно е дека е доста ретка крв.. но само после 3 дена??? Не ми е јасно.. Појасни ми ако можеш.. јас не можам да разберам. Поз
 
macedon89

Провокатор по вокација
Член од
22 јули 2008
Мислења
783
Поени од реакции
582
Персоналот најмалку битен... Не ми значи тоа.. Последниот пат кога учествував во крводарителска акција не поминаа 3 дена потребна беше помош за мој другар.. јас не можев да дарувам за него.. а погоди што? Крв Б негатив немаше за него.. после само 3 дена. Точно е дека е доста ретка крв.. но само после 3 дена??? Не ми е јасно.. Појасни ми ако можеш.. јас не можам да разберам. Поз
Во моментов имат 31 единица Б- во цела Македонија:
http://www.itm.org.mk/mk/sostojba.asp
Б- е најретка крвна група, а многу сметаат дека тоа е О- зошто е најбарана зошто при итен случај и незнаење на крвна група се дава О-.
 
Член од
24 октомври 2011
Мислења
385
Поени од реакции
139

За ова си во право, и тука требаат врски за добивање на крв, еднаш кога дарував крв докторките зборуваа како на некој човек неколку пати му наоѓале крв а тој несакал ни едно кафе да ги почасти
 
Ситуацијава што ти ја кажав беше одамна.. ама како и да е не е сеедно, требаше итно да го оперират. А зошто јас знам дека АБ- е најретка 1% у свет, после Б- само 2% у светот, потоа О- околу 7%
--- надополнето: 31 март 2013 во 00:33 ---
За ова си во право, и тука требаат врски за добивање на крв, еднаш кога дарував крв докторките зборуваа како на некој човек неколку пати му наоѓале крв а тој несакал ни едно кафе да ги почасти
Јас оставам лични податоци на фб доколку е потребна некому мојата крв... Не е коректно ни хумано да постојат врски и таму.. Значи помош е потребна.. Се работи за човечки живот.. без разлика на статусот.
 
Член од
4 јануари 2013
Мислења
162
Поени од реакции
89
За средношколци даваат и 2 дена слободни...
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
9.377
Поени од реакции
11.748
дали некој знае дали сите здравствени услуги се бесплатни после 10 дарувања на крв или само некои одредени?
Какви поволности имаат крводарителите во Македононија?

Бесплатни ти се сите прегледи во државна клиника/болница
Бесплатни операции за не дај боже
Сите снимки се бесплатни
Проверка на крв и слично во државна лабораторија не се наплаќа(болници и амбуланти)
На стоматолошки факултет не се наплаќа скоро ништо,мене ми вадеа на орална хирургија 8ца и требаше само за конците да платам,али на крај не ми земаа пак ништо. Најкорисен ми беше печатот тука на стоматологија ,си ги правам сите заби,редовно на чистење(100евра е),полирање... До сега сигурно сметките кој ми ги даваат на стоматологија се над 1500евра:)
За се ти треба копија од книшката каде е печатот и тераш.
До сега на трансфузиологија имам давано 15пати крв, и сеа ке бегам од таму и ке идам кај Жан Митрев ,на филип 2ри после 5или6то давање ти следи еден бесплатен преглед на тие машините што се плаќа по неколку илјади евра за преглед,а за над 10 пати има опрација гратис за не дај боже.

untitled.JPG
 
Член од
11 јуни 2012
Мислења
185
Поени од реакции
222
Имам давано 6 пати досега.
Чувството да даваш крв е најубаво, иако сум анемична на пати:P
Со многу души имам правено муабет, и ми викаат дека не сакаат да даваат крв заради тоа што крвта се продава и ќе ја добија само онај на кој му треба и има пари, а тој кој нема никому ништо. Што мислите вие за сето ова? Милите дека е вистина?
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.873
Дали крводарителите имаат право на итен преглед ако се работи за сериозна работа и не треба да се чека? Мајка ми има давано 25 пати и денес ја одбиле иако специјалистот и ветил дека ќе биде примена без закажување.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.493

Дарителите на крв кои даруваат крв повеќе од десет пати се ослободени од Партиципација во цената на некои здравствени услуги како:

амбулантно-поликлиничка здравствена заштита
лабараториски прегледи и анализи
ренгентски прегледи, ехографски снимања, преглед со скенер и магнетна резонанца
специјалистички лекарски преглед
болничко лекување и рехабилитација (заклучно со 30-тиот ден, вклучувајќи и болничка исхрана)
лекување на болести на уста и заби

Само ова, во други држави повеќе :)
 
CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.503
Поени од реакции
14.678

Единствено на Трансфузиологија не чека за преглед. На сите други места добива ист третман т.е си закажува преглед.
 
Ги знам овие работи, големи попусти даваат. :tapp: Ова го има со сини картони со 90% попуст на цената. Сакав да знам дали со тој документ имаш предност за итен преглед за да не се чека пола година.
И нема потреба да даваме крв и да помагаме, затоа што кога на нас ќе ни треба помош сите врати се затворени. Пензионерите имаат повеќе попусти. :)
--- надополнето: 11 септември 2013 во 00:58 ---
Единствено на Трансфузиологија не чека за преглед. На сите други места добива ист третман т.е си закажува преглед.
Ако се работи пр за рак и преглед на ехо и тогаш се чека? Па пациентот ќе умре додека да дојде дата за снимање.
 
CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.503
Поени од реакции
14.678
Ако се работи пр за рак и преглед на ехо и тогаш се чека? Па пациентот ќе умре додека да дојде дата за снимање.
За жал, да. Цело време регуларно за се и секаде си чекам.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.493
Ги знам овие работи, големи попусти даваат. :tapp: Ова го има со сини картони со 90% попуст на цената. Сакав да знам дали со тој документ имаш предност за итен преглед за да не се чека пола година.
И нема потреба да даваме крв и да помагаме, затоа што кога на нас ќе ни треба помош сите врати се затворени. Пензионерите имаат повеќе попусти. :)
--- надополнето: 11 септември 2013 во 00:58 ---

Ако се работи пр за рак и преглед на ехо и тогаш се чека? Па пациентот ќе умре додека да дојде дата за снимање.
Како што кажа Кафеделмар, само на трансфузија не чекаш, си има и натпис фино лепо, но еднаш јас отидов таму и имаше старци што кампуваа уште од 6 сабајле пред клиниката, ќе ме истепаа кога тргнав да си влезам, едно чиче па ми вика голема работа што си крводарител :pos:
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
9.377
Поени од реакции
11.748
Врски,врски и врски само тоа е мајката,јас имам давано 15пати и без врски не можев ни да влезам на уво нос и грло,а ми беше итна работата.... си фатив една сестра и се се среди за 1минута.
Во оваа сјебана држава без некој да ти отвори некоја врата ке си умреш од најмалата ситница
 
Kajgana Shop

На врв Bottom