Бенефиции за крводарителите во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Nikola61
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
24 октомври 2011
Мислења
385
Поени од реакции
139
Какви поволности имаат крводарителите во Македононија?
 
После десетто давање, ослободен си од плакање партиципација за здравствени услуги. Толку знам :D
 
И на секоја донација ти даваат пакетче со чоколадо, кафе, кроасан, кокта и уш нешто.

Имам едно прашање. Дали донациите во друга држава би можеле да се префрлат во Македонија. Имам 9 (понеделник 10) во Романија и 5 во Македонија?
 
дали некој знае дали сите здравствени услуги се бесплатни после 10 дарувања на крв или само некои одредени?
 
дали некој знае дали сите здравствени услуги се бесплатни после 10 дарувања на крв или само некои одредени?
Тие што се кофинансирано од ФЗОМ, а ти плаќаш партиципација. На пример за Рентген се плаќа партиципација 100-150 (20% од вкупната цена на чинење) тогаш нема да доплатиш ништо, а на пример козметичките операции не се беспалтни зошто се плаќаат приватно.
 
дали некој знае дали сите здравствени услуги се бесплатни после 10 дарувања на крв или само некои одредени?
Лабараторија, т.е проверка на крв знам дека е бесплатно, лежење во болница( не знам колку дена,недели,месеци) и уште нешто имаше, значи одредени услуги се бесплатни.
 
А заборајв и 2 дена неработни на секоја донација.
--- надополнето: 30 март 2013 во 22:55 ---
Официјални податоци:
Бенефиции за крводарителите
Според законот за работни односи на Република Македонија, член 150, работникот кој доброволно дава крв има право на отсуство од работа на два последователни работни дена за секое давање крв.
Дарителите на крв кои даруваат крв повеќе од десет пати се ослободени од Партиципација во цената на некои здравствени услуги како:
  • амбулантно-поликлиничка здравствена заштита
  • лабараториски прегледи и анализи
  • ренгентски прегледи, ехогравски снимања, преглед со скенер и магнетна резонанца
  • специјалистички лекраски преглед
  • болничко лекување и рехабилитација (заклучно со со 30-тиот ден, вклучувајќи и болничка исхрана)
  • лекување на болести на уста и заби
Освен ова предвидени се и признанија, благодарници и пригодни обележја за секој крводарител кој дарувал крв 5, 10, 25, 50 или повеќе пати.
 
Фала за оваа информација, (најмногу ме израдува тоа што е бесплатно лекубањето на заби)
 
Choco biscuit, cocta 0.5ml, linea, 7 days croasant, nescafe :D
Нема веќе кафе :icon_mrgr: Дарував крв пред 2 дена, се шегуваа зашто немало веќе кафе, може се погодило тогаш да нема.
Фала за оваа информација, (најмногу ме израдува тоа што е бесплатно лекубањето на заби)
Знам дека за стоматологија имаше некакви полемики, не се сите стоматолошки услуги ослободени, али барем болести на уста и заби се ослободени според тоа што постирал членот
Во кои приватни фирми важи ова?
Важи според закон за сите приватни, е сега ако со притисоци не се дозволува тоа е надвор од надлежност на Црвен Крст.
 
А за да се бенефицира од ослободување од партиципација треба да се приложи копија од потврда од Трансфузиологија дека сте донатор над 10 пати.
 
Дарував за Црвен Крст, но повеќе не. Кој има потреба од крвна група Б негатив, слободно нека ме контактира ке помогнам !(y)
 
Дарував за Црвен Крст, но повеќе не. Кој има потреба од крвна група Б негатив, слободно нека ме контактира ке помогнам !(y)
Не даруваш за црвен крст туку тие ги организираат крводарителските акции по повод некои празници, настани и слично и таму се собира прилично големо количество крв.
А јас коа сум во МК донирам крв во трансфузиологија-Охрид каде персоналот е многу учтив и професионален.

Иначе шо те исфрустрира толку????
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom