Меѓународно движење против промена на името

Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
307
Момент кој треба да биде познат при определување на позадината на спорот за името

Еден од најважните моменти кои треба да бидат познати при определување на позадината на спорот за името лежи токму во периодот кога се потпишува Букурешкиот договор. Од Берлинскиот конгрес до Првата Светска Војна, македонското прашање претставува најтежок, најкомплициран и најдолготраен проблем со кој се соочува Османлиската Империја и Големите Сили. Всушност, самиот тој настанува тогаш кога Големите Сили настојуваат да ги остварат своите интереси на Балканот, а соседните земји да завладеат со Македонија.


Ова прашање добива во актуелност со геостратешката положба на македонската територија и со етничкиот состав на населението. Македонија го зафаќа централниот дел на Балканот, на исток и на запад меѓу Тракија и Албанија, на север и на југ меѓу Шар Планина и Егејското Море, преку Вардарската и Моравската долина го поврзува Солун со Белград и со Централна Европа, така што станува интересно подрачје за Големите Сили.
За соседните земји е значајна затоа што со нејзино завладување, било која од нив, се здобива со предност која овозможува и доминација на Балканот. На геостратешката положба на Македонија значајно влијае и етничкиот состав на населението - во услови на непризнавање на македонската нација населението се изјаснува според влијанието на соседните пропаганди.

Непосредно пред Балканските војни, во рамките на етничките граници на Македонија, на површина од 67.741,2 км2 живеат околу 2.360.000 жители, од кои 52,4% се христијани, односно Македонци, 22% се Турци, 10% се Власи, 3% се Евреи и 2,4% се Роми.
Империјата пристапува кон утврдување на стратегиски важните места на Балканот, за евентуална војна со балканските држави, кои увидуваат дека само заедно можат успешно да и` се спротивстават на османлиската војска.

Наскоро почнува договорањето меѓу балканските земји, а во тие рамки особено значајно е помирувањето меѓу Бугарската егзархија и Грчката патријаршија и донесувањето наЗаконотзаспорнитецркви, манастирииучилишта во јули 1910 година.
Создавањето на Балканскиот сојуз меѓу Србија, Црна Гора, Бугарија и Грција го поддржува Русија, пред се` со цел да го спречи навлегувањето на Австро-Унгарија и Германија на Балканот.


Борбата за македонската територија се води со сите сили и средства и во сите области. По повлекувањето на османлиските сили, српската, грчката и бугарската војска ја распуштаат во меѓувреме воспоставената месна власт и воведуваат свои органи.

Тие го принудуваат македонското население да се прикажува како да е од иста националност со органите кои ја воспоставуваат власта и да испраќа писма, анкети и апели дека наводно сака нивниот град и околија да бидат соединети кон соодветната држава. Егејскиот дел на Македонија со површина од 34.356 км2, го добива Грција, Вардарскиот дел на Македонија со површина од 25.342 км2 го добива Србија, Пиринскиот дел на Македонија со 6.798 км2 влегува во состав на Бугарија, a Албанија добива 1.115 км2 од територијата на етничка Македонија.

Со распарчувањето во Букурешт, Македонија од централен и најзначаен дел на Балканот станува периферија и провинција на балканските земји. Веднаш потоа почнува асимилирањето на македонското население во Јужни Срби, Бугари, Славофони Грци и Албанци. Дури и во пребројувањето на жртвите и загубите од Балканските војни македонското име не се употребувало, иако војната главно се водела во Македонија.

Лондонската мировна конференција свикана е во средината на декември 1912 со цел да се потпише договор меѓу победничките во Првата балканска војна и поразената Турција, која со намера да задржи што поголема територија на Балканот, предложува на Македонија и Албанија да им се даде автономија под нејзин суверенитет.


На 27 декември 1912, Албанија е призната за независна држава, а предлогот за Македонија не е прифатен. Србија и Грција уште пред војната тајно се договораат дека нема да дозволат создвање на самостојна Македонија, ниту постоење на бугарско-албанска граница меѓу државните граници на Србија и Грција. И Бугарија го одбива турскиот предлог за создавање на автономна Македонија.


Бугарија и Грција ги заоструваат односите уште во почетокот на Првата балканска војна, a особено откако грчката војска го зазема Солун. Во нотите од 3 и 18 ноември 1912 година, како и од 22 април 1913 година, Грција предлага да се реши прашањето на границата. Бугарија ги отфрла предлозите како претерани, но не дава свои противпредлози. Со потпишувањето на Лондонскиот мир на 30 мај 1913 година со Турција, односите меѓу балканските држави уште повеќе се заоструваат.

Во ова време, сојузниците ги окупираат оние територии што ги имаат заземено во војната против Турција. Меѓу Србија и Бугарија уште во време на војната е создадена привремена демаркациона линија: Патарица-Руен-сртот на Осоговските Планини – Злетовска река – Брегалница, до сливот на Крива Лакавица-сртот Плавуш–Дојранско Езеро. На таа линија започнува префрлувањето на бугарската војска од Тракија и концентрацијата на силите кон Грција. Тоа е причина на 1 јуни 1913 година Србија и Грција да склучат договор за пријателство и одбранбен сојуз против Бугарија.

Со тоа е извршена втората поделба на Македонија во текот на Балканските војни и се воспоставени границите меѓу Србија, Бугарија и Грција. Покрај тоа, Србија добива право на слободно користење на пристаништето во Солун во траење од 50 години. Истиот ден потпишана е и Воената конвенција, во која се регулирани меѓусебните воени обврски и соработката меѓу Србија и Грција во случај на напад од Бугарија или на некоја друга држава. По тие настани, Големите Сили, со оглед на сопствените интереси кон Балканот, развиваат широка дипломатска активност. Русија настојува да го зачува Балканскиот сојуз во обид преку него да го спречи австро-германското продирање на Балканот, а Австро-Унгарија тежнее кон разбивање на овој сојуз и ја поддржува Бугарија, велејќи и` да не попушта во своите барања.

Во текот на 1992 година Меѓународниот монетарен фонд, Светската банка и Меѓународната конференција за поранешна Југославија, се согласија да ја примат Македонија под уставното име, но до разрешување на спорот со Грција да ја користат привремената референца: „Тhe Former Yugoslav Republic of Macedonia“. Истата терминологија е прифатена во јануари 1993 и од Франција, Шпанија, Обединетото Кралство. Овој предлог проциркулира на 22 јануари 1993 од страна на Генералниот секретар на ОН Бутрос Бутрос Гали. Предлогот е веднаш одбиен од грчкиот министер за надворешни работи Михаел Папконстантину. Во писмо до Генералниот секретар од 25 јануари 1993, тој вели дека: „користењето на терминот Република Македонија во било која варијанта, ќе создаде уште поголеми тензии и може да предизвика дестабилизација во регионот“. Македонскиот претседател Киро Глигоров, исто така се спротиставува на формулата во писмо од 24 март 1993, каде што го информира претседателот на Советот за безбедност на ОН дека Република Македонија, не може да ја прифати референцата и Македонија доследно не ја користи референцата во ниедна форма. Дополнително се создаваат притисоци и од српска страна, бидејќи дел од националистите во Србија се обраќаа кон Македонија како кон Јужна Србија, имплицирајќи на терминологија од пред Втората Светска Војна.

Двете страни се наоѓаат под силен дипломатски притисок да изнајдат компромис. Поддршката која Грција ја имаше добиено од НАТО и Европската заедница, почна да избледува. На 20 јануари 1993 данскиот министер за надворешни работи изјави дека грчката позиција е смешна и изрази надеж дека Советот за безбедност набрзо ќе ја признае Македонија и ќе и помогне. Грчкиот премиер, Константин Мицотакис, ја смени тврдата позиција и изјави дека Грција ја прифаќа привремената референца. На 7 април 1993, Советот за безбедност го одобри влезот на Македонија со Резолуцијата 817.
Резолуцијата е внимателно напишана и во нејзе се вели дека:
  • Референцата "The Former Yugoslav Republic of Macedonia" е привремена референца и се користи се` додека спорот не се реши.
  • Терминот е референца, а не име, како неутрална гледна точка во спорот. Обединетите нации немаат мандат да го утврдат името на земјата.
  • Терминот е за користење само во Oбединетите Nации и не е обврзувачка за било кои други организации.
  • Терминот не имплицира дека Република Македонија има било какви врски со Поранешна Југославија.
Дополнително Грција одби да прифати Република Македонија во официјалниот адресар на ОН, да биде под буквата М, туку побара како Ф, и конечно Македонија сега се наоѓа во официјалниот адресар под буквата Т, како: "The Former Yugoslav Republic of Macedonia" и сместена веднаш до Тајланд. По официјалнот признавање, Грција не ја призна Македонија. Прва од Големите Сили беше Кина која ја призна Македонија под уставното име на 13 октомври 1993. На 16 декември 1993, две недели пред Грција да го преземе претседавањето со Европската Заедница, 6 клучни земји членки: Данска, Франција, Германија, Италија, Холандија и Обединетото Кралство ја признаа Македонија под референцата. Останатите земји на ЕЗ ја признаа Македонија до крајот на декември. Следуваа Јапонија на 21 декември, Русија на 3 февруари и САД на 9 февруари 1994.
Иако постоеше успех од постигнатиот договр, ова предизвика националистички испади во двете земји. Анти-западни и анти-американски демонстрации се случија во Грција, како одговор на признавањето. Владата на Константин Мицотакис беше крајно ранлива и под голем притисок на ултра националистите. По приемот на Република Македонија во ОН, министерот за надворешни работи Антонис Самарас, ја напушти владеачката коалиција водена од Неа Димократиа. Ова на крајот доведе и до пад на владата во Грција. Владата беше заменета од Андреас Папандреу од ПАСОК, кој ги прекина преговорите во ОН кон крајот на октомври 1994. Во февруари 1994, Грција како средство на дополнителен притисок воведе и трговско ембарго кон Македонија.

Во Македонија исто така се појавија проблеми. Влезот на Македонија во ОН со користење на привремената референцата „The Former Yugoslav Republic of Macedonia“ беше изгласана со само 30 гласа за, 28 против и 13 воздржани. ВМРО-ДПМНЕ, повика на предвремени избори и го напушти парламентот, откако и` беше изгласана доверба на владата со 62 пратеника.

Судири околу името немаше само на Балканот. По признавањето на Македонија под референцата, грчките и македонските етнички заедници во Австралија се судрија, каде што Грците палеа и уништуваа македонски имоти во Мелбурн. На што како одговор неколку Грчки православни цркви беа нападнати во знак на одмазда.

Грција и Македонија конечно ги формализираа билатералните односи со Привремената спогодба, потпишана во Њујорк на 13 септември 1995 година. Со овој договор, Македонија се согласи да го смени своето знаме (ѕвездата од Кутлеш) и да го дополни Уставот во делот на преамбулата, каде што се вели дека Македонија нема никакви територијални претензии кон ниту еден од нејзините соседи. Грчката страна се обрврза да не го попречува патот на Македонија кон зачленување во институциите како што се меѓународните монетарни институции, НАТО, ОБСЕ, ЕУ и слично. Барањето за зачленување може да биде со уставното име, но Грција го задржува правото на блокада на прием ако тој не е под времената референца. Во овој договор, Македонија и Грција се ословени како првата и втората страна, или по името на главните градови: Атина и Скопје.
Слично, при потпишување на билатерални договори, Македонија никогаш не се потпишува под времената референца. Ако другата страна инсистира на времената референца, на пример Светска Банка, тогаш првата страница на договорот се прави во две верзии - една за нашата страна со уставното име, и друга верзија за другата страна, и секоја си ја потпишува само сопствената верзија. Во случај на мултилатерални договори, Македонија не потпишува ниеден документ каде што не стои уставното име, туку со размена на писма ја известува одговорната институција (на пример, ООН, ЕУ) дека се согласува со договорот и дека стапува насила како закон во Република Македонија и го потпишува одговорниот орган со користење на уставното име.

http://www.mn.mk/istorija/7932-Moment-koj-treba-da-bide-poznat-pri-opredeluvanje-na-pozadinata-na-sporot-za-imeto
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Има грешки во текстот, овој дел не е точен:

Референцата "The Former Yugoslav Republic of Macedonia" е привремена референца и се користи се` додека спорот не се реши.

Не пишува така.
 
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
307
Пишете му на Борут Пахор дека предлогот е: Република Македонија!

gp.uprs@up-rs.si

Малку се подзанесе бечкиов коњушар. Не само што бара нап предлог за ново име, туку да бил даден за една недела.


Се гледа дека се исцрпени овие од ЕУ, почнаа отворено да се закануваат. :D

ПРИЈАТЕЛСKА ИЛИ АРОГАНТНА ПОРАKА ОД СЛОВЕНИЈА

ПАХОР ПОБАРА МАКЕДОНСКИ ПРЕДЛОГ ЗА ИМЕТО ЗА ЕДНА НЕДЕЛА



Уште поарогантно е што словенечкиот претседател дури се осмели и рок да поставува за прашање што во никој случај, и по никаква основа не може да се спореди со територијалниот спор помеѓу Словенија и Хрватска, вели професорката Ванковска

Ни европските лидери веќе не знаат како да се однесуваат кон неконструктивноста на Атина во решавањето на спорот за името, е кусиот коментар на висок дипломат за изјавата на словенечкиот претседател Борут Пахор и барањето Македонија да понуди конкретна иницијатива за прашањето за името, која нема да ги остави рамнодушни претставниците од ЕУ и меѓународната заедница. Пахор, по средбата со претседателот Ѓорге Иванов уште рече дека му порачал Македонија до 25 јули да најде порака што ќе може да ~ биде пренесена на ЕУ.

Пријателска порака или притисок од Словенија, која важи за голем македонски поддржувач во ЕУ и во НАТО?

Професорката Билјана Ванковска оценува дека пораката на словенечкиот претседател Пахор е порака на ЕУ, и само нашата перцепција дека сме пријатели, земји кои делеле иста судбина, н` прави сензитивни.

- Сензитивни сме затоа што и Пахор како и сите други во Унијата велат сменете го името! Секоја фраза од типот „ви даваме поддршка за напорите за евроинтегрирање“ значи прифатете компромис - вели Ванковска.

Таа додава дека има чувство оти претседателот Иванов не очекувал ваква експлицитна и јавна порака од, како што вели, „поранешната југословенска република Словенија“. Но, според неа, уште поарогантно е што Пахор дури се осмели и рок да поставува за прашање што во никој случај, и по никаква основа не може да се спореди со територијалниот спор помеѓу Словенија и Хрватска.

- Не знам за каква храброст зборува Пахор во однос на Грција? Да бараш промена на идентитет на една земја не треба храброст, туку дрскост и ароганција. Но, не би ме чудело наскоро ваква порака да стаса и од Јосиповиќ, бидејќи тие се сега „внатре“, а ние сме „надвор“. Дури и земјите што се периферија во самата Унија дуваат во ист рог, тоа е барем јасно, и не треба веќе да н` изненадува - ни изјави Ванковска. ...

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=DF8BB1BDDD00D149878925E0C2EBE3C7
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
Само народ кој е економски ослабен и со несигурна егзистенција и иднина е спремен да војува.Барем така било во минатото.Дури и оваа криза во Грција ми се чини како да е вештачки предизвикана,за да се крене национализмот на повисоко ниво.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
А во суштина што мораме да влеземе во ЕУ или во НАТО.
Како држава да си го предадеме името само за да им се придружиме на останатите земји во процесот перења пари и влегување во криза.
Сега ќе доаѓа некој Грк, Американец, Поргугалец... и ќе ти кажува за да влезеш ваму, таму ти треба променето име, горна, долна, средна, лева, десна Македонија........... МА МРШ БЕ МАЈМУНЕ ЕДЕН!!! Ти ќе ни го мењаш името.

Ме чуди зошто нашиве политичари кога се собираат со остатокот политичари од другите земји не му речат:
- Ние името не си го мењаме, ако не примате добро, ако не ај чао :)

А не ова сега ќе си играме циле миле за името на државата во која живее цел народ, на кој предците живееле на таа земја, народот се родил и живее на таа земја....... катастрофа, за името игри ќе си играме.
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
А во суштина што мораме да влеземе во ЕУ или во НАТО.
Како држава да си го предадеме името само за да им се придружиме на останатите земји во процесот перења пари и влегување во криза.
Сега ќе доаѓа некој Грк, Американец, Поргугалец... и ќе ти кажува за да влезеш ваму, таму ти треба променето име, горна, долна, средна, лева, десна Македонија........... МА МРШ БЕ МАЈМУНЕ ЕДЕН!!! Ти ќе ни го мењаш името.

Ме чуди зошто нашиве политичари кога се собираат со остатокот политичари од другите земји не му речат:
- Ние името не си го мењаме, ако не примате добро, ако не ај чао :)

А не ова сега ќе си играме циле миле за името на државата во која живее цел народ, на кој предците живееле на таа земја, народот се родил и живее на таа земја....... катастрофа, за името игри ќе си играме.
Која е поентата од тоа,ако имаш некој познаник и ти вика да направиш некоја отстапка спрема него за да тој те дружи и да ти биде пријател?1.Го игнорираш и му велиш оди бегај,јас не сум должен не си ни прв ни последен јас заради тебе тоа да го правам,ќе се дружам со други. 2.Го прифаќаш неговиот услов и стануваш пријател и во друштво со него,но веќе кога си паднал испод човечкото ниво,тој те зауздал и цело време натака ќе те уценува.Трет случај не постои,па затоа најлогично е да се избере првиот случај,бидејќи веќе во вториот тоа значи капитулација,потчинување.Но нашиве политичари упорно се обидуваат да протуркаат нешто измеѓу,нешто трето.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Која е поентата од тоа,ако имаш некој познаник и ти вика да направиш некоја отстапка спрема него за да тој те дружи и да ти биде пријател?1.Го игнорираш и му велиш оди бегај,јас не сум должен не
си ни прв ни последен јас заради тебе тоа да го правам,ќе се дружам со други. 2.Го прифаќаш неговиот услов и стануваш пријател и во друштво со него,но веќе кога си паднал испод човечкото ниво,тој те зауздал и цело време натака ќе те уценува.
Трет случај не постои,па затоа најлогично е да се избере првиот случај,бидејќи веќе во вториот тоа значи капитулација,потчинување.Но нашиве политичари упорно се обидуваат да протуркаат нешто измеѓу,нешто трето.
Ма трето нема, од што трето бараме, државата ни ја земаа непријателите. Одиш на се или нешто... или не примаат или не, битно име не мењаме :)
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
На Балканот сè уште се експериментира


Никогаш во историјата, САД не играа поголема улога на Балканот. Распадот на Југославија им даде одлична прилика за ангажман која тие извонредно ја искористија.



Прва важна околност за нив беше што Европската заедница немаше капацитети ни да ги следи камо ли разрешува крвавите пост-југословенски последици. Потребна беше помош од преку океанот. Втората можност им ја пружи конфронтацијата која долго постоеше меѓу Србите и Албанците, кои станаа главен противник на Милошевиќ. На нивна карта заигра и Вашингтон и резултатот е познат Косово е нова албанска држава. Трета шанса, за американска подлабока пенетрација во регионот, беше оспорувањето на името на Македонија. Тоа прашање беше на некој начин комплементарно и со американското фаворизирање на Албанците, како главен регионален стратегиски партнер, бидејќи неспорни беа и нивните аспирации кон дел од Македонија, каде се доминантно население Американскиот интересза поголема улога на Балканот е инспириран и од фактот дека со распадот на СССР и на Варшавскиот пакт, опстанокот на НАТО беше, макар начелно, доведен во прашање. Ако веќе едниот пакт го нема, другиот нема raison d’etre. Така, меѓутоа, не мислеа и во Вашингтон. Напротив, таму сфатија дека Балканот уште долго ќе си остане “буре барут“ а тоа е можност за подолгорочен ангажман на алијансата.

Русија, после распадот на СССР, престана да ја игра својата балканска улога

Сето тоа беше возможно бидејќи Русија, после распадот на СССР, престана да ја игра својата балканска улога. Низ историјата, на еден или друг начин, Москва беше фактор во регионот. Повеќе пати тука војуваше, заклучно со финалните операции во Втората светска војна. Минималното учество во силите за одржување на мирот во Босна и кратката операција, сврзана со аеродромот во Приштина, не заслужуваат поголемо внимание. Потоа, Русија како да го загуби политичкиот интерес за регионот. Една од причините за таквиот однос веројатно е и доминантното американско присуство, кое може да води во меѓусебна конфронтација. Не треба да се заборава дека при инцидентот на приштинскиот аеродром, американскиот генерал Кларк нареди напад на руските сили што, за среќа, не беше прифатено од британските команданти.

Добро е што Русија ги проширува своите економски интереси на Балканот ама е важно и нејзиното политичко присуство. Тоа може да помогне за побалансирано средување на регионот. Голем дел од проблемите сè уште се тука. Грчко-турските односи, иако од време на време имаат знаци на подобрување, остануваат обременети со историско наследство кое ќе трае и ќе ескалира. Босанскиот лонец уште долго ќе крчка. Целосна стабилизација на Косово, кое останува надвор од системот на ООН, не е засега реална опција…

Еден од главните генератори на криза во регионот лесно може да биде оспорувањето на името на Македонија

Сепак, еден од главните генератори на криза во регионот лесно може да биде оспорувањето на името на Македонија. Тоа е сериозен и комплициран проблем зад кој се кријат пошироки аспирации и интереси. Откако Македонија се појави како целосно независна држава, повторно се отвори “Македонското прашање“ кое беше актуелно пред повеќе од еден век а, во времето на Југославија, се сметаше дека е – решено. Започна процес на негово целосно затворање, менаџиран од Вашингтон. Причина е македонскиот народ, неговиот национален идентитет, јазикот… Целта е тој да се обезличи со прекрстување.

Клучот на проблемот е што името е само покритие за разнебитување на македонскиот народ и негово бришење од светската листа на народи, заедно со се што е изворно македонско. Така е бидејќи името на државата е со папочна врвца поврзано со националниот идентитет на македонскиот народ, од кого државата и го добила името, е не од регионот.

Не само соседите, туку и Вашингтон, следен од Брисел, мора да сфатат дека – а) Македонци има, и тие се тука со векови; б) народот зборува македонски јазик, и со генерации е така; в) се пеат македонски песни, се раскажуваат македонски приказни, легенди, митови…г) Македонците имаат свои традиционални носии, обичаи… и сето било така од памтивек.

Само откако тоа ќе се разбере, може да се сфати позицијата на Македонија и нејзината борба за опстанок и на народот, и на државата. За Македонците, прашањето за името на државата е прашање да се биде, или не. Промена на името по автоматизам ќе доведе до промена и на националниот идентитет на народот а без Македонци, државата станува непотребна. Затоа, Македонија нема, ниту може да има втора опција, освен да издржи. Во никој случај, земјата не смее да попушти и да се прекрсти бидејќи тоа ќе значи почеток на нови војни на Балканот.
--- надополнето: 31 јули 2013 во 04:31 ---
За да се постигне целта, земјата е уценета од Брисел, со паралелна блокада на нејзините евро-атлантски интеграции, се со цел да се прекрстат и државата, и народот

Политиката на Вашингтон, подржана од Брисел, за промена на името на државата, е нереална бидејќи значи – а) токму оспорување на Македонците како посебен народ; б) доведување во прашање на нивниот јазик; в) не признавање на нивната историја, култура… кои беа долго и сè уште се негирани од дел од нивните соседи. Ако не беше така, решението ќе беше можно и меѓу Скопје и Атина, и меѓу Скопје и Софија. Недоразбирањата ќе се надминеа. Залакот, меѓутоа, е многу поголем.

Ако за Вашингтон и Брисел, навистина проблем беше само името на државата и неговите евентуални “иредентистички претпоставки“ (отфрлени и од таканаречената “Бадентерова комисија“ на ЕУ), без оглед дали тоа, нели, симболизира некаков антички бренд, ќе се најдеше прифатливо решение. Ама, ако цената е да се жртвува целиот народ, со прекрстување, тоа не може да прифати никој нормален политичар во Македонија. А точно тоа се бара. И, за да се постигне целта, земјата е уценета од Брисел (прво името, потоа членство), со паралелна блокада на нејзините евро-атлантски интеграции, се со цел да се прекрстат и државата, и народот. Тоа е класично користење на сила, од страна на водечките западни “демократски држави“, за постигнување на политички цели.

Обидите да се оспори постоењето на Македонците, или да се тврди дека се тие измислица на Тито или на Коминтерната се апсурдни, неразбирливи и надвор од умот. Колку и да биле тие важни и моќни, сепак, не можеле да “креираат“ цел народ. Народот или постои, или не. Трето нема. А Македонците се тука – со векови. Само “слепите“ не ги гледаат, и “глувите“ не ги слушаат. Ги игнорираат само тие што размислуваат политички а не етногенетички. Сите други ги прифаќаат такви какви што се. Кон крајот од 1940-тите, пред смртта, дедото ни нагласуваше дека и татко му, и дедо му биле Македонци. Зашто би не лажел? Тој беше роден во 1867 година а дедо му најдоцна некаде околу 1820-тата. Пред 200 години. Со брат ми бевме мали, ама запаметивме.

И да не го разбираат сето ова Вашингтон и Брисел, а се им е јасно, начинот на кој ја третираат Македонија е историски срам. Зошто тие, кои секојдневно зборуваат за владеењето на правото, за демократија и слични марифети, не прифаќаат апсолутна вистина, каква што е постоењето на еден народ?

Русија направи голем исчекор со признавањето на Македонија под нејзиното историско име. Тоа е цврст столб во меѓусебното пријателство

Поради сето наведено, Македонија нема никаков маневарски простор да прифати било каква промена на името на државата. Тоа особено не го дозволува фактот дека Македонците се оспорувани веќе долго време како одвоен етнос. И за Македонија, и за регионот е најдобро тоа што поскоро да го разберат и Вашингтон и Брисел. Инаку, поради анализираните причини, и опишаните услови, проблемот останува непремостлив. Прекрстувањето ќе значи фрлање на Македонците на буништето од историјата.

Русија направи голем исчекор со признавањето на Македонија под нејзиното историско име. Тоа е цврст столб во меѓусебното пријателство. За Македонија е исклучително значајно ваквата, принципиелна руска политика и да продолжи понатака, и да зајакнува. Се работи за мал словенски народ од каде дошла писменоста за сите и Москва не смее да биде индефернтна.

Експериментит на Балканот започнаа со создавањето на Република Српска, продолжија со отцепувањето на Косово од Србија а сега, како изгледа, се концентрирани на – Македонија. Големи стратегиски грешки се веќе направени. За да се спречат нови, потребен е ангажман и на Москва.
 
Член од
26 јули 2013
Мислења
287
Поени од реакции
179
Да го изгубиме нашиот идентитет само за да влеземе во Еѕ,тогаш зарем не би биле како проститутките кои си го продаваат своето тело и чест за пари.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Јанев: Постои правен лек за името
31/08/2013 | Економија | 0 Коментари


Професорот по меѓународно право и аналитичар за зачленувањето на Македонија во ООН Игор Јанев тврди дека е избришан од 35. википедии во светот од Грција и нејзините поддржувачи со цел да се избрише вистината за Македонија во ООН.


- Поради моите анализи и истражувањата за неправното и незаконитото зачленување на Македонија во ООН, јас бев избришан од 35-те Викепедии во светот, а предлогот е сите мои фотографии и анализи да бидат избришани од Ризницата на Викепедија, според централната инструкција од Википедија, наведува Јанев во интервју за програмата „Гласот на народот“ на ТВ Сонце.

Мојата порака, нагласува Јанев, е да се обелодани она што грците не сакаат да се знае. А тоа е дека е прекршена Повелбата на ОН, и оти постои правен лек за името! РМ веке не мора да биде предмет на уцени и може да тргне со варијантите надвор од преговорите.

Акцијата за негово бришење од Википедија, оценува Јанев, е координирана и политички мотивирана.

- Овие методи во историјата се познати како методи на Гебелс. Како што сум информиран акцијата ја презеде грчкиот сателит Административен корисник „CU Faoil RM-RX“.Ова е некритички прифатено и така почна моето бришење, што преставува „бришење на македонската вистина“ во Викепедија, нагласува Јанев.

Неговиот предлог за името беше ставен на македонската Викепедија, а потоа на сите други Викепедии во светот. Наместо „демократска аргументација“, како што вели, некои кругови блиски до грчката политика се одлучиле да преземат „драконски мерки“ и целосно да ја избришат вистината од сите места на Викепедија во светот.

Јанев посочува дека неговите ставови исто така ги прифаќа и експертот по меѓународно право и поранешен медијатор во грчко-македонскиоот спор околу името, амбасадорот Робин О Нил.

Според Јанев, при приемот во ООН на Македонија и биле поставени два нелегални дополнителни услови, кои, како шро вели, креираат „ултра вирес “ акт од ООН. – Според Советодавното мислење на Меѓународниот суд за правда (МПС) од 1948 година, дополнителните услови не смееат да се поставуват при приемот, ниту за нив може да се гласа. Овој став е изразен во општа форма и посебна, во врска со прием на една земја (Португалија),која беше условена со претходно дипломатско признавање од друга држава (СССР). Како што е кажано во советодавното мислење такви дипломатски барања претставуваат услови за прием, надвор од пропишаните, и тие се без правна основа, објаснува професор Јанев.

Таков услов, додава, се дефинира, во истото мислење, како дополнителен и нелегален.

- Од оваа интерпретација произлегува дека гласањето за таков критериум претставува кршење на членот 4 (1) од Повелбата и, консекветно, пречекорување на овластувањето на ООН. При приемот на Македонија, во ООН државата беше соочена со непризнавање на дел од правниот субјективитет на земјата, што претставува елемент од дипломатско непризнавање. Овој елемент е правниот идентитет (или државното име), кој е основен правен елемент во правното претставување на еден меѓународноправен субјект. Ово непризнавање при приемот, како критериум, спаѓа во дефиниција на услов за прием, надвор од правната основа, според горе споменатото судско мислење. Имаме, значи, идентична ситуација како со Португалија во 1948. година, наведува Јанев.

При приемот РМ аплицираше со уставното име, но, појаснува професорот, ООН ја заведе како апликант под одреден број и веднаш во предлог резолуцијата државата доби деноминација.

Според него, тоа покажува дека уставното име не било прифатено од ООН и оти јасно деноминацијата (ПЈРМ) преставува обврзан модалитет при приемот. Ова, нагласува, беше цената за нашето зачленување во ООН.

- Ваков услов (критериум без можност за менување) е меѓутоа, дополнителен, и според горе споменатото судско мислење нелегален. Имено, во македонскиот случај постојат, како што е покажано во моите трудови, два услова при приемот, а тие се прифаќање на деноминацијата ПЈРМ, која има внатрешно-организациски карактер, и вториот услов е преговарање за правниот идентитет, со пошироко правно влијание и надвор од системот на ОН. Токму овој вториот услов јасно покажува дека од ООН е направен ultra vires акт при приемот на Македонија во ООН, бидејќи разговорите кои треба да резултираат во замена на референцата, нелегално ги надминуваат рамките на системот на ОН. Треба да се забележи дека и двата услова, во време, трансцедираат (надминуваат) чин на приемот во ООН, истакнува Јанев.

Тој тврди дека тие услови не се експлицитрно содржани во општите услови на член 4. од Повелбата, критериум на легалитет од судското мислење. Натаму, овие услови се целосно нелегални и од фактот што се таканаречени бесконечни услови, кои траат нелимитирано во време. Исполнувањето на тие услови не зависи од државата апликант, туку од друга држава која делумно или целосно не ја признава, појаснува Јанев и додава дека поради тие причини констатирал дека државата Македонија беше условена со дополнителни и нелегални услови.

Со ова, како што вели, од органите на ООН беше направен ultra vires акт, односно кршење на член 4. од Повелбата на ОН. Понатаму, со прекршување на член 4 (1), Македонија се здоби со две обврски повеќе, кои се резултат на трансцедираните услови при приемот. Со обврска за преговорите и со деноминацијата (БЈРМ), се кршат ставовите 1, 4 и 7 од член 2 од Повелбата на ОН. На овој начин основните членски права на РМ во ОН се повредени, како и внатрешниот поредок на организацијата, а, натаму, и општиот меѓународен правен поредок, вели Јанев.

Според него, излез од таквата ситуација постои. – Се што треба е да се покрене постапка преку Генералното собрание на ООН за добивање советодавно мислење од Меѓународиот суд на правда во Хаг за законитоста на дополнителните услови при приемот на Македонија во ООН и нејзините членски обврски кои произлегле од таквите услови. При ова треба да се врши повикување на претходното мислење дадено 1948, од Меѓународниот суд во Хаг за сродниот случај. Овој метод е единствениот правен модалитет за оваа ситуација со Грците. По добивањето на Советодавното мислење на Меѓународниот суд во Хаг,со прифаќање на ова од генералното собрание на ООН, во истата Резолуција ООН треба да воведе право на користење на уставното име во ООН, истакнува во интервјуто професорот по меѓународно право .

Википедија, посочува, е приватна организација чии одлуки не влијаат врз меѓународните организации, како ЕУ , ООН, но за позицијата на Македнија, државниот врв треба јасно да и соопшти на меѓународната јавност дека при приемот во ОН во 1993. е прекршено меѓународното право. Треба, истакнува Јанев, да се објасни дека ни се поставени нелегални услови при приемот и во членството во ОН. – Заради овој факт политичко решение преку преговори воопшто не постои! Ако треба не на ова, туку на следното Генерално собрание на ОН ќе побараме Советодавното мислење (преку Генералното собрание на ООН) од Меѓународниот суд за легалитет на деноминацијата (референцата) БЈРМ и обврска за разговорите за името (а името е дефинирано како правен идентитет), вели Јанев.

Тој укажува дека Википедија е приватна мултинационална компанија и во неа пишуваат регистрирани корисници, како на секоја од социјалните мрежи. – Во овој систем нема соодветна контрола, така што има многу навреди и невистини. Некои од навредите и пропагандните лаги како што е познато се однесуваат и на проблемот со името и референцата (ФИРОМ). Неретко навреди можеме да најдеме и за врвните раководители на РМ. Сега, по се и јас станав предмет на дискредитација, со централната инструкција-препорака мојата биографија и моите слики да се отстранат од сите википедии во светот. Наместо добра сугестија нешто да се исправи, тие избрале целосно да ме избришат од историјата! Во ова сигурно има политичка мотивација! Зад ова стои еден грчки новинар, заедно со еден германски провокатор, чии логови можат да се најдат на Википедија. Овие лица се кријат со кориснички имиња од типот CU Faoil и слично, вели Јанев.

Според него, Македонија има шанса да добие позитивно Советодавното мислење од МСП и врз врз база на него да го воспостави уставното име во ОН.

- Јас сметам дека би било добро премиерот Груевски да повика сите земји кои уште не ја признале Македонија со уставното име, тоа да го сторат. Ова веќе е правено и од претседателот Ѓорѓе Иванов на предходното Генерално собрание. Меѓутоа, пожелно е МНР да преземе широка акција да добиеме признание од колку што е можно повеќе држави – членки на ОН. Ова не е императив. Ние и сега имаме доволно членки за гласањето со простото мнозинство од присутните во сала на Генералното собрание, наведува во професорот по меѓународно право Игор Јанев во интервјуто за „Гласот на народот“.
http://ekonomski.mk/2013/08/31/јанев-постои-правен-лек-за-името/
 
Член од
26 јули 2013
Мислења
287
Поени од реакции
179
Ова е смислена политика исто како во 1913,овие од исток ни го негираат јазикот,овие од југ државата,од север црквата ни ја негираат,само се чудам каква улога има Албанија и Косово во цела оваа драма.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom