Државава уште долго ќе пати со глупавиот менталитет на овој народ. Кили го уапсиле дека одгледувал марихуана, ОК, нека го уапсат, сторил кривично дело кое во Македонија е казниво со закон. За лекување му била марихуаната, разбирам и тоа, ама ако веќе требало да се лечи со марихуана тогаш требало подобро да се запознае со законите и да се обиде да добие одобрение од институциите за одгледување на медицинска марихуана, ако воопшто му дадат такво одобрение, ако не требало да си бара алтернатива со други лекувања во државава, или пак да оди во држава каде лекувањето со марихуана е легално. Проблемот настанува кога кај нас ќе се дознае дека некој познат, новинар, политичар или слично е притворен за нелегално дело и одма се бунат некои луѓе и бараат слобода. Јасно и оправдано, ама секој ваков случај треба добро да се разгледа и размисли пред да се дејствува и да се бара неоснована слобода. А другиот пак поголем проблем е тоа што политичарите кои се на власт, па дури и оние што не се а се тесно поврзани со некои институции и челни луѓе за нив законите на РМ во голема мера не важат благодарение на вујко владика. Примери има многу, како што некои од членовите веќе гледам напишале така да нема потреба да се повторуваме. Во Струмица моментално има најмалку 10 криминалци со дебели досиеја кои треба да одлежат солидни затворски казни за тие дела, ама благодарение на добрите врски нив овие закони не ги фаќаат. Во Македонија и нејзините најважни институции потребни се суштински промени од корен за да може оваа држава еднаш засекогаш да почне да функционира како што треба, а не 22 години да се давиме во гомна до гуша а од година во година и се повеќе проблеми ни се создаваат наместо да учиме од грешките да тераме кон подобро. Според мене пред се решението на овие проблеми е промена на менталитетот кај народот, целиот народ, не само поединци, па после тоа ќе си дојде се на свое место. А додека тераме вака како некое средновековно племе никогаш нема да бидеме држава за пример.