- Член од
- 8 јуни 2007
- Мислења
- 6.102
- Поени од реакции
- 12.199
Музиката, покрај се' што е, од највисок одраз на уметноста, па се до можен бекграунд на секојдневието (нели, Запа?), претставува и обележје на секоја помината ера, етапа, секунда (ко во моментов кај мене што врти WASP, па го одбележа моето загубено време). Со тоа, дава, а и прима одредени белези. Му дава, и превзема соодветен афинитет.
А кога зборуваме за врска на музиката со општеството, може да се извлечат разно разни паралели, прашања и детаљи. Поентата на темава (би требало да ми) е следна:
Бидејќи музиката се создава и тука, и на Камчата, и во Огнена Земја (слушам дека таму секој бенд имал и lead bass гитара), претставува еден вид на извор за спецификите од каде што потекнува. Односно, географската разместеност може да биде и клучен фактор и детерминатор во создавањето на музиката (жанр, форма, и тн) на одредено парче глазба.
Доста често општеството (социо - економската и политичката стратификација) се укопуваат во мислите на рандом композитор, додека лока Џејмисон во кујната, и се обидува да сврзе два три збора кои на крај ќе добијат (веројатно) рима.
Па така, се случува и општеството да го добиеме long time лејтер на нашиот винамп. Стихови за комунизмот, иако истиот е мртов и скапува.
Бидејќи уметниците (доста често) не гледаат со некој специфичен bias кон нивната мајка/татковина (you name it) и без скрупули доста често го опишуваат времето и просторот, покрај римата, оставаат и значајни референци и извори за специфични ситуации. И така, од денешна гледна точка, додека сме преплавени со 1000 зошто, 10000 не знам и 2000 затоа, преку сите лаги и небулози, може да се докопаме и до вистински приказни за „како је било некад“ преку текстови.
Ју ноу ват ајм токинг абаут, а? Се надевам.
Затоа, темава нека биде простор за споделување на специфични песни, сегменти, или било што поврзано со музикава, која има некој вруток на “информации“ за систематското “угнетување“ на рокерите од Источна германија, или пак, американскиот сон на мелоу рокерите од Тампа беј
Go ahead, I'll follow!
Благодарност до модератор д-р Forrest Gump за консултациите околу темата.