Тиквешки гроздобер 2013

  • Креатор на темата Креатор на темата Near
  • Време на започнување Време на започнување

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.311
Поени од реакции
7.068
Локација
Around the world
Македонскиот суперстар Кирил Џајковски, хрватската мега ѕвезда Масимо Савиќ, веселата новосадска дружина Фрајле и македонскиот бренд Синтезис ќе бидат главни ѕвезди на годинашното издание на Тиквешкиот гроздобер.

Согласно програмата, неофицијално дознаваме дека Синтезис ќе настапат како дел од вечерта посветена на Никола Бадев која ќе го одбележи првиот ден од чествувањето на гроздоберот, во сабота веднаш по карневалското дефиле ќе следуваат настапите на Масимо Савиќ и Кирил Џајковски, за да годинашното издание на најважната стопанско културно-уметничка манифестација заврши со настапот на Фрајле.

Во продолжение, прочитајте нешто повеќе за годинашните ѕвезди на тиквешкиот гроздобер:

Македонската музичка етно група Синтезис е основана во 1995 година со цел да го сочува и унапреди богатиот македонски музички фолклор. Одговорна задача која оваа прекрасна дружина ја исполнува веќе втора деценија и за која веќе знае и Европа и Светот. Името си го одбраа за да го изразат концептот за кој се заложија и цврсто го негуваат – внимателно комбинирање на традиционалните звуци со современите аранжмански решенија создавајќи една синтеза која му обезбедува живот на минатото и и трасира пат на иднината. Нурнувајќи се длабоко во македонската фолклорна ризница, сериозно водејќи сметка за зачувување на традиционалните вредности и имањето посебен усет за создавање на современи високоестетски стилизации, оваа група може слободно да го понесе епитетот на освежувачи на македонската фолклорна традиција и нејзини чесни продолжувачи.

Масимо Савиќ: Во кариерата на Масимо Савиќ, еден од најдобрите машки вокали на сите времиња во регионот, се 15-ина албуми, многу хитови, успешни соработки... Овој феноменален пејач и гитарист, кој веднаш привлече внимание на себе, музичката кариера ја започна во групата „Дориан Греј“, а во 1987-ма го снима првиот соло-албум „Странец во ноќта“, и уште посилно ги зацврстува своите позиции на југословенската музичка сцена. Со албумите „Вештина“ 1 и 2 во новиот милениум ја доживува својата ренесанса во музиката, а успехот продолжи и со проектите „Сонцето повторно се раѓа“ и „Допри ме случајно“. Еден од ѕвездените мигови во неговата богата музичка кариера е и албумот „Масимо го пее Синатра“ и неодамнешниот настап со Оркестарот на Дјук Елингтон во Загреб.

Кирил Џајковски: Кирил Џајковски е македонски музичар и композитор, чија музика се протега низ повеќе стилови. Кариерата ја започнал уште во раните осумдесети години во рамките на првиот македонска електро-група Бастион во која членувал и познатиот режисер Милчо Манчевски. Има снимано албуми и заедно со групата Леб и сол со која и има настапувано низ цела Европа. Неговата музика претставува комбинација помеѓу македонскиот етно со модерениот електронски звук.

Фрајле, или ако повеќе сакате The Frajle е новосадски женски акустичен квартет во кој членуваат Maрија Мирковиќ, Наташа Михајловиќ и сестрите Невена и Јелена Буча. Бендот Фрајле е основан летото 2009 година, а веќе по првите заеднички свирки, четирите девојки сваќаат дека им се допаѓаат на луѓето, па ја продолжуваат приказната во малку посериозен правец. Карактеристично за Фрајле е нивниот препознатлив стил на облекување, со кој пробуваат да ги вратат назад старите времиња. Што се однесува на нивниот музички стил, тој е карактеризиран на повеќе начини, но најчесто како типично војвоѓански, но во нивниот репертоар ќе слушнеме и безброј преработки на познати поп, соул, аренби и рок хитови.

Од година на година се послабо и послабо...нема врска,сите сте поканети а кој нема да дојде запцуена е :D
 
Добро бе зошто не ги викнат пак Суперхикс, најдобра забава прават, најверојатно ќе одам само на Кирил Џајковски и можеби Фрајле.
 
ц ц ц колку сакам само да одам на Кирто :D у Струмица беше јако не сумљам оти и тама ке направа попара се...убаво да си поминате кој и да оде,напиејте се едно пиво за мене :D и така убаво се изжуркајте...(y)
 
ц ц ц колку сакам само да одам на Кирто :D у Струмица беше јако не сумљам оти и тама ке направа попара се...убаво да си поминате кој и да оде,напиејте се едно пиво за мене :D и така убаво се изжуркајте...(y)

Грешка во чекори,не е за џабе тиквешки гроздобер...вино или ракија се пие :)
 
не пијам ракија...а вино не ми годе :D затоа едно пиво за мене макар и од дукан :ROFLMAO:
 
1240247_10151631643180642_441798454_n.jpg
 

И у Круна ќе биде јако...Гоце,Чваре и Брко...Иначе забораив најголемата дешавка да а најавам,на 15.09 дербито со неготинци :D
 
Дали има некој статистика колку вино се пие на Тиквешкиов Гроздобер? Или сепак се преферираат други пијалоци иако е фестивал на виното..
 
Дали има некој статистика колку вино се пие на Тиквешкиов Гроздобер? Или сепак се преферираат други пијалоци иако е фестивал на виното..

Нема никаде официјално...иначе го има и тоа,доста се преферира пиво(и тоа посебно од тие шо доаѓаат од други места,од кај нас пијат строго вино). Тоа е тоа,навистина неможам да го разберам овој народ. Прво нешто поставуваат штандови со пиво и скара,а се слави фестивал на вино. Иначе еве ја и официјалната програма

4.jpg
 
Кога е Кирил Џајковски даааебам :icon_lol:?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom