Конфликтот во Сирија

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Тоа е сценарио во кое,доколку се случи,сите ние лично и персонално ќе го запознаеме Сатаната,затоа не се радувај премногу.Тоа ќе биде увертира во Трета светска војна,нешто од кое ти лично нема да бидеш изземен,па можеби и нема да ја имаш таа комфорност и среќа да пишуваш на форум за натприродните моќи на Сатаната.На сите ни е јасно дека САД се велесила и не е некое научно откритие или просветлувачка мудрост тоа да го потенцираш во секој пост и секако е општо познат факт дека САД може да ги збрише Иран од мапа,како што и Иран може да го избрише Израел,па каква сака одбрана и напредно оружје нека поседува истиот.Но,треба да се има на ум дека,доколку не беше Иран и неговата спремност и остра милитаристичка реторика во врска со Израел,САД уште поодамна ќе је решеа Сирија,мене не ми изгледа дека Русија е главната причина зошто не е така,така да и не е баш така розова ситуацијата како што ти си претставуваш,бидејќи не се работи за улично насилство па појакиот ќе тепа,иако Америка се однесува како типичен насилник чии заби треба некој да ги скрши.Во вакво сценарио се е можно и навистина е несериозно да се носат такви необработени и незрели заклучоци во врска со земја за која постои сомневање дека развива,а можеби и развила нуклеарно оружје или пак го поседува уште поодамна.
Што ве ремети ова сатанава значи... ве тресе како Ерменија :) како и да е,мое право е колку пати и кого ќе поттенцирам,второ не пишувам јас за натприродните моќи на сатаната,туку намерно спомнав бидејќи Америка во случајов е за нив тоа,еден вид зло,трето да Иран може да го избрише Израел ама затоа Израел може да го стопи Иран како плех во топилница,четврто извини,да беше Русија таа што го владееше светот она сигурно ќе пристапеше со љубов и хармонија кон целата ситоација,односно ќе држеше литургии по Дамаск за да се смират ситоациите нели ? да сигурно.. петто забите на Америка нема да се скршат уште многу време,(сеа пак ќе се јави овој од прееска да праша за платата колку ми е од Американците),ова не е СССР па да им ги кршат забите по Романија,по Источна Германија и уште 10 земји да не ги набројувам.Односно сакам да кажам,повторив милион пати,АМЕРИКА Е СВЕТСКИ ХЕГЕМОН,за да не те образувам јас што значи хегемонија имаш компјутер читај,мене ме боли патлакот за Америка,но како што рече таа е светска велесила.Кога останатите ''светски ВЕЛЕ СИЛИ'' ќутат како (да бидам културен) женски полови органи,Америка со овие твои заби што ги спомна ќе изеде уште многу народи. ;) што значи нема врска плати и за кого работам,тоа е горе долу интелегенција,ПОЕНТАТА Е дека се работи за чиста хегемонија,тоа што се правело во Античка Грција (пуста историја)... и еден добро намерен совет,прочитај ги моите претходни постови на оваа тема.. па тогаш дроби дека се радувам..
 
M

Muranyi

Гостин
Hiryu прашање на веродостојност е дали навистина Хезболах е одговорен за смртта на цивили во војната од 2006 година и искрено и баш не верувам во прозападната пропаганда бидејќи Хезболах никогаш немал за цел цивили и затоа јас лично не ги сметам за терористичка организација,туку пред се тие се декларираат како застапници и борци на шија-исламот и борба против империјализмот и ционизмот.Во својата идеологија,да,се залагаат за уништување на државата Израел но никогаш по таа цел не посегнале по цивилни мети туку тоа се однесува во смисла на уништување на државата која е ционистички проект,барем според нив.Никогаш јавно немаат изјавено дека нивната цел е убивање на Евреи и слично.Сакам да кажам,ако користење на бел фосфор од страна на Израел е легитимно средство за одбрана на државата според кои критериуми тогаш Хезболах се терористи,за едните важи-целта ги оправдува средствата а за другите би можеле да кажеме дека се работи за колатерална штета,во случај доколку навистина имало цивилни жртви од израелска страна.Сета таа игра на зборови,психолошки притисок и лицемерие кои ни се пласирани секојдневно страшно ме иритираат,каде Израел се добрите момци а сите други не чинат.Фино лепо нека ја расформираат државата или нека формираат федерација со Палестинците или нека бидат спремни да им биде вратено со сите расположиви сили,без плачки секако.
--- надополнето: 5 септември 2013 во 22:43 ---
Ај те молам пред да решиш да потрошиш време не мене и да ме образоваш во врска со значењето на зборчето-хегемонија научи дека велесила се пишува заедно,а не одвоено.Вау,знаел што е хегемонија,браво.Јас знам уште од петто одделение па никаде не се пофалив.
 

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
е па ти вака како интелектуалец,требаше да прочиташ меѓу редови зошто пишав одвоено и зошто ставив во наводнци.. ништо ме разочара и како кајганџија и како интелектуалец.. :(
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.312
Поени од реакции
15.474
Бунтовниците не застануваат: Вознемирувачка снимка од ликвидација на сириски заробеници

05.09.2013 | 20:12
Извор: Tочка
Прочитано: 7100 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот



Во огромниот број на потресни снимки од суровоста на сириската војна од неодамна е и онаа на која може да се види како сириските бунтовници стрелаат петмина сириски војници.

"NewYork Times" објавил видео снимка од убиството на заробени војници од сириската војска. На вознемирувачката снимка може да се види како припадниците на локалната единица, командувана од одмазднички настроениот исламист Абдула Самад Исе, ликвидираат заробеници.

Снимката од Сирија, тајно, ја објавил еден од помошниците на Исе, а во меѓувреме побегнал. Единицата која овој суров командант ја води брои околу 3.000 луѓе.


Снимката била направена се со цел на странските финансиери да им се покаже одлучноста на Абдула Исе во борбата против Асад. "NewYork Times" навел дека снимката укажува на ситуацијата што владее во деловите од Сирија кои се под контрола на бунтовниците, наведувајќи дека се поголемо е влијанието на разбојниците, киднаперите, убијците и секако, радикалните исламисти.

Дополнителен проблем за Американците претставува и фактот дека за групите поврзани со радикалните исламисти високо на листата на приоритети не е борбата против режимот на Асад,, туку многу посериозно се занимаваат со воспоставување на шеријатското право во зоните кои што тие ги контролираат. Секако, и со "истребувањето на алавитите", исламската секта на која што припаѓа семејството на Асад.


Ве предупредуваме дека станува збор за вознемирувачка содржина!




http://tocka.com.mk/1/104475/buntovnicite-ne-zastanuvaat-voznemiruvacka-snimka-od-likvidacija-na-siriski-zarobenici
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
4.625
Поени од реакции
5.678
:facepalm: како и да е..

Не ми држи прикаски ти мене за геополитики и разни лајна. Ок?. Сите споделуваат реални мислења а ти нон стоп ги браниш америте и навиваш за нив. Ќе ги згазат јеје напред америка. Свршуваш на американците како што те гледам.
 

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Не ми држи прикаски ти мене за геополитики и разни лајна. Ок?. Сите споделуваат реални мислења а ти нон стоп ги браниш америте и навиваш за нив. Ќе ги згазат јеје напред америка. Свршуваш на американците како што те гледам.
Толкави комплекси имаш набиено од Дивиов Запад почна и вулгарен да стануваш.Извини ти русофил што правеше Советскиот Сојуз по Чехословачка,по Унгарија,по Афганистан или Кина во Тибет ? затоа не туку мрчи, земи фати книга и прочитај нешто,им се може на Америка,сила се, нема кој да им застане на патот ќе ги меле сите,и Македонија да имаше само 2% мозок од империја до Индија ќе можеше и она да меле денеска,тоа ти што збориш навивам за АМЕРИТЕ (!?) знаеш колку ме заболе тоа.... уффффффф... страшно ме погоди...
ме заболе онаа ствар ти што мислиш за мене,иди сега жали се во мисијата на ЕУ во Македонија :facepalm: .Реалноста е таа,сила е меле,јас ја кажувам вистината и реалноста и од минатото и од секогашноста а може да се каже и од иднината, тоа што тебе те боли што е реалноста црна а не е розева исто и тоа многу да знаеш ме погоди.. хх..
 

Hiryu

H+
Член од
5 мај 2013
Мислења
674
Поени од реакции
848
Hiryu прашање на веродостојност е дали навистина Хезболах
Нема прашање!!

Тоа се терористи кои спровеуваат агенда...за да владеат, и со тоа владеење да се богатат одредени структури и да се спроведуваат радикални мерки нацистички(како хитлер со В2 врз лондон-така и Хаифа.

Се знае нормално како со терористи-не како кајнас!!

ќе почнат токму како што и ти кажав, тоа е рокот.

Израел НЕ Е ФАКТОР НА НЕСТАБИЛНОСТ-НАПРОТИВ на Мир,Благосостојба и Култура, нема бре животињи некои како Руси на крокодил, водка или Глуп Амер, поредок државен скам,ама барем корисен...во Инком, во приход во....Иднина.

Арапите се помирија со Израел но не и помеѓусебе.!
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
4.625
Поени од реакции
5.678
Толкави комплекси имаш набиено од Дивиов Запад почна и вулгарен да стануваш.Извини ти русофил што правеше Советскиот Сојуз по Чехословачка,по Унгарија,по Афганистан или Кина во Тибет ? затоа не туку мрчи земи фати книга и прочитај нешто,им се може на Америка,сила се нема кој да им застане на патот ќе ги меле сите,и Македонија да имаше само 2% мозок од империја до Индија ќе можеше и она да меле денеска,тоа ти што збориш навивам за АМЕРИТЕ (!?) знаеш колку ме заболе тоа.... уффффффф... страшно ме погоди...
ме заболе онаа ствар ти што мислиш за мене.Реалноста е таа,сила е меле,јас ја кажувам вистината и реалноста и од минатото и од секогашноста а може да се каже и од иднината тоа што тебе те боли што е реалноста црна а не е розева исто и тоа многу да знаеш ме погоди.. хх..

Ти стварно мислиш дека една империја може да трае вечно?:tapp::pos: Кој е русофил? Јас сум само објективен и гледам на ситуацијата како што е и не навивам за никого. Уствари навивам за режимот кој владее во државата и кој америте на најпедерски начин пробуваат да го сменат за да ги остварат нивните ретардирани цели. Ме заболе за твоето мислење да ти кажам право.
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Нема прашање!!

Тоа се терористи кои спровеуваат агенда...за да владеат, и со тоа владеење да се богатат одредени структури и да се спроведуваат радикални мерки нацистички(како хитлер со В2 врз лондон-така и Хаифа.

Се знае нормално како со терористи-не како кајнас!!
Кој тоа, Ционистите?
 

Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.459
Поени од реакции
2.015
И Кина пратила бродче некое а? Станува тесно таму некако.

China today toughened its rhetoric on Syria, warning President Barack Obama that, “Military action would have a negative impact on the global economy, especially on the oil price – it will cause a hike in the oil price.”
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Кој тоа, Ционистите?
Ај не оди подалеку, Хамас чиви миленичиња беа до пред извесно време? Ти јасно и гласно ги нарекуваш тие што се борат против Асад терористи(јас тука се слагам), тоа значи и Хамас се терористи. Настрана тоа што се крило на Муслимански браќа, до пред 3 години беа под потполна контрола, обука и финансиска и воена помош на Хезболах. Башка тоа, Шиитската милиција (подоцна Хезболах), беше најозлогласена терористичка група во Граѓанската војна во Либија, која одзеде 150.000 жители. Не мора да спомнувам какви злодела Хезболах имаат извршено врз православно население во Либан.

Ако Израел е хегемонистичка држава, тогаш што да речеме за нивните браќа, Арапите. Еве ти статистика за процент на Христијани во Либан.
1926
  84%
1932
  51.2%
1985
  25%

Ај сега да не барам и процент на Христијани во Египет, како е разграбувано нивното богатство, како се егзекутирани на улица како кучиња (зборам пред арапската пролет). Или пак да збориме за геноцидот на Садам Хусеин над православните Асирци.

перцепција 0
самостојност 0
дедукција -1

Јас верувам, дека доколку им се најде патот на Израел и Хезболах, тие сложно како 2 и 2 со песни ќе се борат едни покрај други. Да очекуваш или да пропагираш принципи на Блискиот Исток (било од кого) е крајно несериозно. Премногу hard core претстава имаш ти за Блискиот Исток. Тие држави во прошлиот век се оформени после 2300 години ропство (Македонија, Рим, Византија, Хазарите, Селџуците, Мамелуците, Отоманите и на крај колонијалните сили) и сета таа нервоза е со причина.

Израел после 60тина години и почнува да не се разликува по политиката од своите соседи. А како би се однесувал кога на денот кога прогласил независност, Арапите почнале војна за негово уништување. Што требало да направат, колективно сепуку?
--- надополнето: 6 септември 2013 во 00:57 ---
Интересно:
http://portal.com.mk/vesti-makedonija/chestitka-od-sad-za-denot-na-nezavisnosta-na-makedonija.html
Очекуваме да продолжиме со партнерството додека градите демократска и просперитетна нација, стои во пораката потпишана од Државниот секретар на САД, Џон Кери, пренесе Гласот на Америка.

Во име на претседателот Обама и луѓето во САД, ви го честитам Денот на независноста 8-ми септември, се вели во честитката за празникот од Државниот секретар на САД, Џон Кери.

„Република Македонија направи значителен напредок од независноста. Очекуваме да продолжиме со партнерството додека градите демократска и просперитетна нација. Сè уште има работа што треба да се заврши, и убедени сме во духот и решителноста на луѓето во Македонија.Веруваме и дека како конструктивен сосед и партнер, Македонија има многу што да придонесе на Западниот Балкан и во пошироката евро-атлантска заедница“, порачуваат САД за националниот празник на Македонија.
Два дена пред време ни честитаат Америве, а ова продолжување на партнерството значи да се приклучиме на:
како што напиша фми:
Австралиja,Албаниja, Даниja,Канада,Франциja,Полска,Турциja,Романиja и Косово.

во походот на Сирија. Ги освоивме заедно Авганистан и Ирак, сега Сирија дојде на ред.
--- надополнето: 6 септември 2013 во 01:16 ---
Уште нешто од Кери:
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=7F9155E5AAD96246AC2AC3CDBD76CC9E
„Некои од арапските земји наведоа дека тие ќе ги поднесат трошоците доколу САД се подготвени се' да преземат на начин на кој го правеа тоа и порано на други места. Ете колку се тие посветени на тоа“, изјави Кери пред Одборот на надворешна политика при Претставничкиот дом на Конгресот.
Колкава ќе биде провизијата на тој што ќе посредува? Се исплати да имаш јака војска!
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Ај не оди подалеку, Хамас чиви миленичиња беа до пред извесно време? Ти јасно и гласно ги нарекуваш тие што се борат против Асад терористи(јас тука се слагам), тоа значи и Хамас се терористи. Настрана тоа што се крило на Муслимански браќа, до пред 3 години беа под потполна контрола, обука и финансиска и воена помош на Хезболах. Башка тоа, Шиитската милиција (подоцна Хезболах), беше најозлогласена терористичка група во Граѓанската војна во Либија, која одзеде 150.000 жители. Не мора да спомнувам какви злодела Хезболах имаат извршено врз православно население во Либан.

Ако Израел е хегемонистичка држава, тогаш што да речеме за нивните браќа, Арапите. Еве ти статистика за процент на Христијани во Либан.
1926
  84%
1932
  51.2%
1985
  25%

Ај сега да не барам и процент на Христијани во Египет, како е разграбувано нивното богатство, како се егзекутирани на улица како кучиња (зборам пред арапската пролет). Или пак да збориме за геноцидот на Садам Хусеин над православните Асирци.

перцепција 0
самостојност 0
дедукција -1

Јас верувам, дека доколку им се најде патот на Израел и Хезболах, тие сложно како 2 и 2 со песни ќе се борат едни покрај други. Да очекуваш или да пропагираш принципи на Блискиот Исток (било од кого) е крајно несериозно. Премногу hard core претстава имаш ти за Блискиот Исток. Тие држави во прошлиот век се оформени после 2300 години ропство (Македонија, Рим, Византија, Хазарите, Селџуците, Мамелуците, Отоманите и на крај колонијалните сили) и сета таа нервоза е со причина.

Израел после 60тина години и почнува да не се разликува по политиката од своите соседи. А како би се однесувал кога на денот кога прогласил независност, Арапите почнале војна за негово уништување. Што требало да направат, колективно сепуку?
Како мислиш хардкор гледиште имам за Блискиот Исток?
Дали треба Арапите, Персијците и Христијаните да се самоубијат, и само Израел да биде на Блискиот Исток, пошто, нели, они нон-стоп се угнетени и се некој им смета.
Да не се Арапите, Европа ќе им смета, Русите им сметаат, Кинезите им сметаат, Иранците им сметаат, Христијаните им сметаат, Муслиманите им сметаат.

Секој што не се бори за Ционизмот е терорист. Ако се бориш за Ционизмот, тогаш добиваш Нобелови награди, фаца си, те викаат активист, борец за човекови права, итн. Еве ти најсвеж пример со човекојадците од Саудиска Арабија кои се борат за "слобода" во Сирија.

Во 1948, Ционистите решија да направат држава Израел на туѓа територија. Причина? Господ ја даде оваа земја на Евреите, ова е наша земја!
Јако оправдување, навистина...
А луѓето таму што живееле? Заколи ги ко стока.
Евреите што живееле во Палестина, самите си кажуваат дека со Палестинците си ги чувале децата, ги оставале еден кај друг кога имале работа, и на празници си иделе, со еден збор, немало никакви проблеми меѓу нив. Израелците денеска велат дека да не се Палестинците, ние Евреите ќе се испоколеме меѓу себе, ќе има граѓанска војна. Најголем дел од срањата на Блискиот Исток се од 1948, а на тоа додај ги и колонизациите од Европа и имаш хаос.
И јамајка да те прашам нешто лично.
Ако ти дојдат 10 души кај тебе во двор, туѓинци што првпат ги гледаш, и ти речат:
Од денес дворов повеќе не е твој, го прогласуваме за наш, од вратата на куќата не може да излегуваш, направи си друга врата.
Што би направил ти ме интересира? Би се согласил? Или би ги дигнал на клоци? Појди прво од себе!

А за Либан, Dardania да не ти ги даде статистиките бе друже?
Бројот на Христијани се намалува поради понискиот наталитет, и поради Палестинците кои се бегалци во Либан затоа што Израел ги масакрира!
Заборави да кажеш дека 2012 во Либан има
40% Христијани.
25% Сунити
25% Шиити

И тука доаѓаме до Хезболах.
Хезболах е поддржана од Иран, се сложувам со тоа.
Зошто велите дека Хезболах е терористичка организација?
Затоа што ги штити и Христијаните? Затоа што го брани Либан од Израелска окупација?
Затоа што се бори со Сириската Војска против вахабиите-човекојадци?
Шиитите и Христијаните се загрозени на Блискиот Исток, а не Евреите.


Само да те потсетам, и да не се чудат форумџииве како може Христијани да поддржуваат Муслиманска организација.
Христијани во Хезболах имаш од неговото основање.
Но поддршката на Христијаните за Хезболах се зголеми од 2006, кога Израел ја изгуби војната - не успеа да го окупира Либан!
Исто како Нацистите што правеа во 2ра светска војна, за секој германски војник, 100 ваши ќе стреламе.
Кога Израел почна да ги губи војниците како пилци, од немоќ и без бомбардираше згради, училишта и градинки.
Хезболах, нормално, не остана покус, па удри на Хаифа. Само поради тоа Израел престана да ги бомбардира.
Во овие напади загинаа многу Христијански деца. Затоа денеска над 60% од Христијаните активно го поддржуват Хезболах.
Западот ги продаде Христијаните за еден танкер нафта...
http://www.csmonitor.com/World/Middle-East/2012/1221/In-Hezbollah-stronghold-Lebanese-Christians-find-respect-stability
- from the ‪#‎Christian‬ brothers who want to assist the Resistance movement of Lebanon and the Syrian Arab Army who both everyday are sacrificing our brothers and sisters in this war against the Takfiri/Dajjalists

The translation of this letter is as following:

Message from Christians youth to his ‪#‎Eminence‬ Sayyid Hassan Nasrallah
His Eminence Sayyed, we are a group of Christians youth... we are fed up seeing our people, our religion are being killed, our archbishops being kidnapped, our girls being raped and the Cross instilled in their mouths by the hands of these barbarians, the ‪#‎Salafis‬ and ‪#‎Takfiris‬ who are not related to Islam in anything. the smell of death is smelting from everywhere. They are bringing destruction to our Middle East and all this is happening under the eyes of United Nations and the Christian of Europe.

Sayyid Nasrallah – each day ‪#‎Maloula‬ and ‪#‎Sidnaya‬ are bombed. Churches are destroyed here and Monastery are burned there and our Christian Leaders no longer care about anything except their political positions.

This forthcoming death (Takfiris) will not leave any form of Christianity, neither chair(‪#‎politician‬) nor person nor stone.
For that we are asking you, his Eminence to open for us the door to join the heroes who are defending us while we are sleeping.
The co-existence will not be preserved till you allow us to join your brigades and form a Jesus son of Mary brigade to be a sword in the face of the killers who permiss exposures and defiled the ‪#‎sanctity‬ of the ‪#‎church‬.

It would be of honor to have our ‪#‎martyrs‬ (die) beside your martyrs, who returned the honor and dignity to the homes of the Christian of Qusaiyr.

We hope you will hear our voice his Eminence Sayyid Hassan Nasrullah.

We hope everyone who sees this massage to spread it.
И друга работа, многу почитувам непокор, и борбен дух.

Човекот на видеово е Евреј по потекло, па види што вели за Хезболах...


Да ти кажам право, психопатот Кери може да ја земе честитката и да си ја пикне таму каде што сонцето не свети.
Не сакам Македонија да биде агресор. Точка.


Едит:

Ако на некој му се јаде ќутек, или посака адреналинска терапија, нека ја пушти песнава во Чаир или Јаја Паша:)

 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Види, неефективно е да ти го коментирам тоа што го пишуваш заради тоа што си под влијание на некаква пропаганда.

Генерално не ме нервира што си толку против Израел, ме нервира зошто шириш погрешни ставови. Кога Евреите ја напуштиле или биле избркани од Палестина, таму имало непрестано војни со векови. До времето до кога почнале да се враќаат назад во 20 век, војните не биле запредни. Зарем стварно мислиш дека клетите Евреи се виновни за несогласувањата кои ги имаат луѓето од Блискиот Исток? Евреите се присутни на Блискиот Исток 60 години, а војните се воделе речиси непрестано повеќе од 2 милениуми. Таму поминале Египјани, Персици, Македонци, Римјани, Византици, Арапи, Хазари, Селџуци, Крстоносци, Монголи, Мамелуци, Отомани, западни колонизатори и сега на крај Америка. И сите овие, да ги речам остатоци од влијанија, во одреден момент војувале меѓусебно. И многу често се случувале и најневеројатни пактови (како на пример крстоносци со Селџуци против други крстоносци со други Селџуци). Ситуацијата таму е крајно комплицирана. Објаснувањата дека Ционизмот е причина за антагонизмот на Блискиот Исток е непознавање на минатото на овој регион.
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Види, неефективно е да ти го коментирам тоа што го пишуваш заради тоа што си под влијание на некаква пропаганда.

Генерално не ме нервира што си толку против Израел, ме нервира зошто шириш погрешни ставови. Кога Евреите ја напуштиле или биле избркани од Палестина, таму имало непрестано војни со векови. До времето до кога почнале да се враќаат назад во 20 век, војните не биле запредни. Зарем стварно мислиш дека клетите Евреи се виновни за несогласувањата кои ги имаат луѓето од Блискиот Исток? Евреите се присутни на Блискиот Исток 60 години, а војните се воделе речиси непрестано повеќе од 2 милениуми. Таму поминале Египјани, Персици, Македонци, Римјани, Византици, Арапи, Хазари, Селџуци, Крстоносци, Монголи, Мамелуци, Отомани, западни колонизатори и сега на крај Америка. И сите овие, да ги речам остатоци од влијанија, во одреден момент војувале меѓусебно. И многу често се случувале и најневеројатни пактови (како на пример крстоносци со Селџуци против други крстоносци со други Селџуци). Ситуацијата таму е крајно комплицирана. Објаснувањата дека Ционизмот е причина за антагонизмот на Блискиот Исток е непознавање на минатото на овој регион.
Ширам погрешни ставови и сум паднат под влијание?!?

Како можеш да кажеш дека Евреите се присутни 60 години на Блискиот Исток?
Што е тоа ако не е непознавање?

Јас не сакам Израел да го снема, туку да престане да води погрешна политика, а наоколу луѓе да гинат.
Кои мои ставови те нервираат? Поимот "погрешно" или "исправно" е релативна работа.
Јас само ја кажувам реалноста, без влакно на јазик.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom