Maкедонија - Србија | 06.09, петок 21 часот |

Статус
Затворена за нови мислења.

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Ако го заебав некој, нека ми прости ама суеверноста е голема ствар и затоа ја отворам темава..
Верувајте во мене! :D
Правилото си останува. Ќе се менуваме се додека не победат еднаш нашиве. (ако победат воопшто :cautious: )

Нема свечени најави со декорирани интра, овде сакам да ја анализираме нашата игра и нашите слабости. Судиите колку и да грешат, одлуките нивни остануваат. Така да, џабе везиме..
Тоа што ни треба е победа, без стрес и без потреба од 3ка во последните секунди.

Е сега, претходниве натпревари низ моја призма.
Каде е мотивот и борбата на играчите? Во споредба со таа во Литванија, сега сме нула.
Играме прва и последна четвртина.
Што се случува во средината на натпреварот? Изобилството на грешки во клучни и чисти моменти..
Примери:
-Гледаме дека противникот ке ја положит топката на обрач, и пак го фаулираме за да си добие гратис слободно.. втф?
-Играме само со блокој, едно па исто цело време.. освен ако Бо не се реши да влегува. Друг вид на акција има?
-Каде се шутевите за 2 поени? Тројката е добра работа, ама џабе ни се 5 тројки од 15 обиди.
-Каде е борбата под обрач? На Перо Дабон му треба помош, не може сам.
-Капитен? Во ред е да дава подршка и да влева самодоверба кај играчите, но што всушност кажуваат статистиките лично за него? Не сакам да звучам глупо, ама Антич во претходните 2 натпревари е далеку од играч(иште). Само капитен.
-Овај Чекановски? Од срце игра, ама што... Кошарка или Карате?
-Самарџиски нешто слично. Абе скокни и фатија топката ко канџи да имаш, не ко по п**ка да маваш. Еднаш не видов саглам офанзивен скок од него. Што работа има не ми е јасно.
Освен заедно со Чекановски да го блокирет Бо при влез. :tapp:
-Дамјан изигра стандардно добро, и мислам дека детево треба почесто да ги финализира нападите.
-Бо се виде дека има проблем, физички, а можеби и психички.. (нервозата беше очигледна)
-Од Гечевски што очекувавме? Тој треба да се реди само кога е потребно искуство.. чување на резултат, намерни лични, асистенции.. ама да поентира и да трча со 3 пати побрзи од него? ццц
-Илиевски знае да створи игра, ама повеќе пати го забележав кај што влегува на шут за 2 поени, па се предомислува, застанува и додава. Апсолутно непотребно. Не знам, можеби му фали самодоверба.
Другите нема да ги коментирам, пошо ретко ги гледав со топката. Цело време бевме покриени, и играчиве наместо кренати глави за да створат ситуација, тие бараа човек да е додадат топката што е можно побрзо.
Тренеров од тоа што го слушав, изгледа е близнак со Шундо.

Србија е тежок противник, во добра форма, со добри играчи...и дефинитивно коефициентот е на нивна страна.
Па, по се изгледа, нас ни треба среќа, молитви, чуда, судии што не љубат, многу мотивација и подршка од публика - кога ни е најтешко!
Ова е само мое гледиште на настаните, и дај боже да сум во грешка, и парче да ги напрајме сите други во групата.
Јас ќе се надевам и навивам до крај! Нема што да се губи овде.
 
Член од
26 декември 2012
Мислења
229
Поени од реакции
158
Нема потреба од замарање со Србиве, зашто секако ја губиме. Памет во глава Пипан утре нека ги пушти во игра Брчков, Соколов, Костоски и остала мафија, а овие доодениве нека одмараат за натпреварите со Летонија и Босна.
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.650
Поени од реакции
9.855
Дур не им попукаат хемороиди ја не би ги ставил во игра.

ЕДИТ - Чековски се повредил така да изгледа Брчков се спаси од хемороидите.
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Само да си извадат од глава дека играат со СРБИТЕЕЕЕЕ и ќе биде се во ред.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.723
Поени од реакции
9.836
Перо ако игра пак како Тони Кукоч на времето тури пепел.Ја губиме сигурно.Нека му каже на Перо некој дека на центар не е работа да шутира тројки,сваќам дека му е мерак,али немој бе Перо..
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.804
Поени од реакции
15.878
Член од
23 август 2010
Мислења
38.135
Поени од реакции
107.415
Луѓе ставете анкета бре, тогаш ќе биде правото мувлање за нашите противници. Јас тек сега го воочив ова бе, јебеш аватари кога нема гласање. Ајде модератори фатете се за работа.
 
W

Werther

Гостин
Луѓе ставете анкета бре, тогаш ќе биде правото мувлање за нашите противници. Јас тек сега го воочив ова бе, јебеш аватари кога нема гласање. Ајде модератори фатете се за работа.
Ај да те прашам, најверојатно знаеш.

Ако ги добиеме сите три натпревари, дали директно се пласираме во следне фаза или и да ги добиеме, на крајот се се сведува на калкулации и теории ?
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.135
Поени од реакции
107.415
Ај да те прашам, најверојатно знаеш.

Ако ги добиеме сите три натпревари, дали директно се пласираме во следне фаза или и да ги добиеме, на крајот се се сведува на калкулации и теории ?
Влагаме сигурно.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom