Дали одењето на кино станува луксуз?

  • Креатор на темата Креатор на темата .Sky.
  • Време на започнување Време на започнување

Дали одењето на кино станува луксуз?

  • Да

    Гласови: 59 57,3%
  • Не

    Гласови: 31 30,1%
  • Незнам

    Гласови: 13 12,6%

  • Вкупно гласачи
    103

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Локација
На Венера
Веб-сајт
www.facebook.com
Пред само неколку години кај нас речиси и да немаше вистинско кино, но денес во Скопје има неколку кино сали, па Скопјани не можат да се пожалат дека немаат каде да гледаат филм. Во кината се прикажуваат холивудски премиери, посетителите се сè побројни, но и цените на едно кино искуство се сè повисоки. Во Скопје се враќа кино културата, но по која цена?

Погледнете ја нашата сторија на оваа тема, во која разговараме со претставници од двете најголеми кино центри во Скопје, а ги анализиравме цените, посетеноста и изборот на филмови на посетителите.

Видео клик тука
Виа кајгана

Ваше мислење? :)
--- надополнето: 5 септември 2013 во 12:46 ---
Еве го ценовникот како изгледа во нашите кина... 123213.png

Со оглед на тоа што 430 ден вкупно за 3Д проекција е доста премногу за Македонскиот џеб поточно за оние луѓе кои едно гледање на филм им е еднаква на нивната дневница. Според мене откако дојде Синеплекс цените доста се качиа а пак кај кино милениум се доста помали цените... но сепак и 300 ден за еден филм се многу за македонскиот џеб... Па така ако сакате да гледате 3 филма во еден месец тоа ќе ве чини 1,290 ден.
+ трошоци за превоз и сл. :)
 
домашно кино тије ствар што. ке гледам коцки у кино јбт
 
Појди си во Кинотека на Македонија, 50 ден. за филмче и поарен репертоар.
 
Според мене не е луксуз, оти истите пари ќе ги потрошиш истата вечер седејќи во некое кафуле или кафана. За диско да не зборам. А место тоа на кино може да се иде. Така да, ако си распоредиш убаво нема да ти биде луксуз.
 
Не е. Луксуз е јадење пуканки во кино.

Со просечни цени на билетите од по отприлика 250 денари, човек треба да одвои скоро две илјадарки месечно ако сака да оди на кино повеќепати неделно.

Несомнено попривлечно е гледањето филм во друштво со висококвалитена слика на филмско платно; отколку симнато по, рака на срце, нелегален пат, со сомнителен квалитет на екранче од 50 cm, некое време по светската премиера.

Но дали има што да се погледне ако се оди толку често на кино? Репертоарите ги менуваат отприлика во тоа темпо, но некои не се задоволни од понудата. Не на нашите кина, туку воопшто сегашната понудата на кинематографската индустрија.

За повеќето филмски наслови во кината воопшто не сум заинтересиран и во никој случај не би потрошил 3 саати од моето време на нив. Никогаш не би посетувал кино повеќе од еднаш или двапати месечно, а тоа воопшто не е голем трошок.
 
Нига иди на кино бе, нема шо да ти докажувам. После пиши импресии. Поз

купи 50 инча фул хд плазма ( значи не лцд лед) симни блу реј филм (1080п), у кино сум бил и сум гледам на домашно како што напишав погоре факт е дека 2 пати подобра слика има на блу реј, плус факт е дека на кино на толкав екран се развлекуваат пикселите со што се губи на квалитет
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom