Како да добиете побрз, пореспонсивен и постабилен интернет?

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Овие 3 мини водича се за оние кои не се напредни корисници, и го користат својот дифолт DNS сервер, и генерални мрежни/бровсер подесувања, како и за корисниците кои ретко ги сетираат опциите во својата лан карта.
__________________________________

Водич #1,


Што треба да направите?

Кликате (десен клик) на иконата за интернет во таск бар, open network & sharing center,
Кога ќе се отвори, стискате на change adapter settings,

Потоа десен клик на Local area connection иконата, па повторно properties,

Следно, стискате двапати - лев клик на Internet protocol version 4,

Под него бирате use the following DNS adress и тука ги внесувате (бројките кои ќе ги наведам доле)

Во двете графи - т.е. во preferred DNS & alternate DNS server.

Во зависност од тоа каков DNS сакате да користите, дали малце побрз или посигурен изберете Google DNS (за поголема брзина) или пак (посигурна конекција од поглед на заштита) - Open DNS

Кој и да го изберете, со голема веројатност ќе биде доста побрз од вашиот дифолт DNS сервер кој ви е доделен од вашиот провајдер.

Google DNS > 8.8.8.8 > Preferred server

Google DNS> 8.8.4.4.> Alternate server

____________________________________

Open DNS> Preferred server> 208.67.222.222


Open DNS> Altered server> 208.67.220.220
______________________________________



Водич #2,


Исто така и овој твик е многу корисен, и знае видно да ја зголеми генералната брзина на интернетот, заради тоа што на дифолт лан картите користат многу помалце енергија и при голема оптеретеност, да речем данлоуд/аплоад, брзината се лимитира > power saving junk!

Во зависност од тоа каква лан карта имате еве што треба да направите.

Кликатe повторно на иконата за интернет во таск бар, десен клик, open network & sharing centar, кога ќе се отвори, стискате на change adapter settings, десен клик на local area connection, properties>configure>power managment> и ги одштиклирате следниве парамтери во зависност од тоа каков лан контролер/мрежна карта имате.

1. Energy Efficent Ethernet

2. Reduce Link Speed During Standby

3. Green Internet

4. Allow this computer to turn off this device to save power

___________________________________________


Водич #3,


Трет и последен твик е следниот, и работи само ако користите Google Chrome, кликатe на трите цртки/иконата најгоре десно во интерфејсот на Chrome, стискатe на settings, а потоа најдоле show advance settings, и одштиклирате исто како на сликава,



Потоа пишувате во адреса барот > Chrome:flags и вклучувате/енејблирате > GPU compositing on all pages.


Исто така направете Enable на Override software rendering list.
_______________________________________________


Tоа би било се, јас го користам Google DNS, и работи одично, со една алтатка за мерење на генерална брзина и време на одзив на интернетот, ми даде резултат дека е околу 145% побрз од мојот дифолт DNS сервер, што не е мала разлика, сурфањето е осетно побрзо, и пореспонсивно.

П.С. Можно е да не осетите разлика, но во повеќето случаи треба да има солидно и осетно подобрување.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Со опците кои се со црвено, би требало општо брзината на данлоуд, апоад, и пинг да сe подобри, но немора да значи.

Eве ти за гејминг....
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.663
Поени од реакции
14.538
:icon_lol:

Нареден туторијал - Download акцелератор? :icon_lol:
 

Indigo

баниран/а
Член од
8 септември 2012
Мислења
763
Поени од реакции
414
Ова со DNS серверите не би го препорачал. Јас пред малку го пробав и добив понереспонзивен и поспор интернет. Потоа престана да отвара страни и морав да вратам назат инаку бев без интернет
 
Член од
5 август 2010
Мислења
222
Поени од реакции
50
Фала Pyside.. :)
Јас приметив разлика, не огромна но има... (y)
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.660
Со ова ќе се симнуваат побрзо торенти или нема врска? :)
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.663
Поени од реакции
14.538
Ако од централата на операторот ви е пуштена брзина до кај вас дома и вие таа ја добивате реално, НИЕДНА постапка нема да ги убрза торентите, ниту пак сурфањето во целост
 

ComputerService

Доктор
Член од
7 мај 2013
Мислења
90
Поени од реакции
50
Ова е повеќето за оние кој користат интернет од некој си локални/аматерски оператори, но ако имаш интернет от Т-хом или од ОНЕ, кога ке ти пуштат тебе од централа брзина на интернет 6 мегабити, ма ако сакаш ти отепај се од трикови не би успеал ниту еден кб да го појачаш интернетот.
Во право сум ПСАЈ?! п.с во одредени случаеви и за корисниците на ОНЕ и Т-хом кој имаат проблеми со нетот, би можеле да помогнат трикчинава.

Благодарение на ПСАЈ(пијачка имаш брат) некни кога ми го покажа трикчево, на еден другар истово му го напрајв(има интернет од локален оператор) сега му е 70-80 посто подобрен нетот!
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Убаво е објаснето во постот, ама ај пак.

Значи каде е проблемот со дифолт днс-от? брзините кои ги гледате се МНОГУ по подложни на вариации него оние од Google DNS. Пример ако се оптеретени Близу, или тој ден интернетoт е малце поспор времето на одговор ќе биде далеку полошо него тие на Google, па ќе имате и тајмаути, или пак дисконекти. Генерално, многу подобра опција е Google DNS, не на краток период да тестирате само, него да речеме цел месец, и денови во просек.

Еве каде е подобар.

Стабилност.
Константни брзини.
Подобра малвер заштита.
Идеални редиректи.

И да, ако ви дава дисконект, нешто сте згрешиле, DNS-от на Google не паѓа...

Ова што го зборам ми е тестирано многу долг период, зависник сум од твикување, сум пробал многу опции и овие дефинитивно најдобро работат, ама ако сте скептици прескокнете го делот со DNS-от, затоа што и другите твикови се многу битни за генерална брзина и подобро интернет искуство.

Дали ќе ги направат данлоудите побрзи? зависи, DNS дефинитивно не, исто така гајдот под 3 не, но гајдот под 2 може да помогне дефинитивно.

За крај, ако во некој идеален свет, вашиот интернет од страна на провајдерот работи идеално, ништо од овие твикови освем можеби под број 2 нема да ви помогне, но сите знаеме каде живееме така што за времето кога нема иделано, овие твикови се измислени а тоа време сите знеме дека кај нас е неретко.
 
Член од
3 мај 2010
Мислења
287
Поени од реакции
236
Кликате (десен клик) на иконата за интернет во таск бар, open network & sharing center,
Кога ќе се отвори, стискате на change adapter settings,

Потоа десен клик на Local area connection иконата, па повторно properties...

Дали истото важи и за wifi? Оти во Change adapter settings имам 3 опции.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Да не се повторуваме, имаш во гајдот, како да дојдеш до опциите кои ти ги барам, иста е постапката, од нив дај ми слика.
 
Член од
3 мај 2010
Мислења
287
Поени од реакции
236
Ја сфатив постапката и ги знам опциите, мислев на која од трите мрежни икони на сликата да отворам Properties.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom