А Исак Асимов за галактични федрации
Платон е филозоф а Херодот патеписец и историчар.
Тоа се различни жанрови.
Или милсиш дека навистина постои светот на Хари Потер оти Роулинг го напишала во книга??
Херодот од Халикарнас (
484 п.н.е. -
425 п.н.е.) е антички писател кој
се смета за татко на историјата.
Според античките
преданија, Херодот се родил во
Халикарнас, грчка колонија на малоазиското крајбрежје. Бил во сродство со познатиот епски поет
Панијазис, со кој и учествувал во буната против халикарнаскиот тиранин
Лигамид. Поради тоа Херодот бил прогонет и морал да отиде со неговото семејство во прогонство на островот
Самос. Тука
веројатно останал подолго време, бидејќи добро го познавал островот и неговата историја. После симнувањето на Лигамид од власт, Херодот се вратил во родното место, но колку останал во неа
не се знае најточно. Се
претпоставува дека меѓу враќањето во Халикарнас и заминувањето во
Туриј ги презел неговите познати големи патувања и дека останал во
Атина која му станала и негов втор дом. Во Атина ги добил најважните податоци за своето дело за
Грчко-персиските војни. Со политиката на
Перикле ги освоил срцата на многу луѓе и во Атина се здобил со многу угледни пријатели. Пријателството со Перикле најверојатно било причина за Херодот да се придружи кон атинските колонисти кои во 444 ― 443 п.н.е на иницијатива на Перикле отишле во јужна
Италија за на местото на разгорениот
Сибарис да основат нов град кој го нарекле Туриј. Тука Херодот живеејќи во мир, се посветил во пишувањето на
својата историја, преку која сакал да ја прослави Атина како спасителка на
Грција и да ги истакне заслугите кои тој град ги стекнал во борбата за ослободување на цела Грција од персиска власт.
За времето на смртта на Херодот нема поточни податоци, па поради тоа тоа време приближно се одредува врз основа на податоци од неговото дело, каде можеме да видиме дека ја доживеал
Пелопонеската војна (441 п.н.е.), но не знае за сицилијскиот пораз (415―413 п.н.е.). По тоа се заклучува дека умрел меѓу 430 и 424 год. п.н.е. Како место на неговата смрт се споменуваат Атина, Туриј и
Пела во Македонија, сепак најверојатно е дека починал во Туриј.
Херодот татко на историјата, и за него има многу СЕ ПРЕТПОСТАВУВА
(се извинувам за офф. топ.)