Тоа јас што го кажав е од мало познавање што имам тоа што во основно се учи по историја.Може има некое друго толкување за нив.Сега за сега јас само тоа го знам.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Тоа јас што го кажав е од мало познавање што имам тоа што во основно се учи по историја.Може има некое друго толкување за нив.Сега за сега јас само тоа го знам.
Држете се до изградбата... не ми збаегувајте за симболиките на чудните прикази и релјефи таму а и пошироко - како со кристалниот череп.
Се тврди дека пирамидите се направени од страна на слугите на фараоните бидејќи после смртта на фараоните таму ги закопувале.Значи пирамидите биле гробници на фараоните.
Точно ама сеа за сеа јас немам слушнато друга теорија за нивното постоење и како настанале.
Има и разни други објаснувања, ама тие не го објаснуваат комплетно фактот дека денес и со помош на најсовремена технологија, не би можеле да ги изградиме. Ниту за 20 години. Ова е општо познато.
Некои луѓе гледаат објаснение во оној филмон што излезе, 10.000 BC. Мислам дека така се викаше. Ако си го гледал знаеш на што мислам. Ама има дупки и во тоа објаснение. Од хронолошки аспект.
Не претерувај дека со денешна технологија не можеме да ги изградиме, во Дубаи се гради зграда висока 702м, па комоли Кеопсовата пирамида која е висока 149м. Да не заборавиме дека тогаш пирамидата не ја градела градежна компанија, туку цела држава - Египет, и на неа работеле 20 000 луѓе цели 20 години.
Ок до сите на темава, да ве запрашам што е за вас археологијата? Дали ја сметате нешто како во филмовите на Индијана џонс? Навистина треба и тој факт да се земе во обзир.
Земен е не се грижи ... Интересно што спомна за Индијана Џонс, баш ми текна пред малце за неговите филмови.
Инаку тука можеше да ја ставиш и Лара Крофт, барем посекси ќе ти беше постот, со оглед на тоа што сакаше да го пренесеш како порака.
Ок не ми одговори на прашањето. КАко ја сметаш археологијата? Јас набројав само еден од примерите на што денес луѓето го сметаат за археологија.
Археологијата е егзактна наука. Тоа ти доаѓа као криминалистика или медицина значи ако ти имаш артефакт во музеј тоа не е археологија. Археоогијата ги проучува наодите, а под наод не се кажува само преметчето кое ќе го најдеш (череп, копје, амајлија, круна). Уште поопширно, ти ако копаш и наидуваш на нешто, ја проучуваш неговата состојба, состав, местоположба за да подоцна тоа ти помогне/одмогне да го датираш тој реон на ископување.
Значи мистерија постои за пирамидите но вонземјанска или не знам каква тоа е веќе забегување во приказни без матерјални докази. Баш сеа осеќам ќе ми пратиш за оние вонземјаски чинии но тоа веќе е побиено дека се работи за измама. Башка за оние “пирамиди“ во босна веќе одамна теоријата е сузбиена - докажано од професори кои работат на предметот Археологија.
сигурен сум дека побрзо би ја свршила работата денешна градежна фирма....можеби ви звучам глупаво од горе споменатото....Не претерувај дека со денешна технологија не можеме да ги изградиме, во Дубаи се гради зграда висока 702м, па комоли Кеопсовата пирамида која е висока 149м. Да не заборавиме дека тогаш пирамидата не ја градела градежна компанија, туку цела држава - Египет, и на неа работеле 20 000 луѓе цели 20 години.
Премногу дупки. Тој филм историски е многу непрецизен.