Кој ги изградил пирамидите и зошто?

LiverpoolFC

Captain Fantastic!
Член од
10 ноември 2007
Мислења
864
Поени од реакции
15
Робовите, кој друг? Какви вонземјани бе што ви е... Само мучна работа.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.706
Поени од реакции
13.378
Ок до сите тие што мислат дека ги изградиле вонземјаните.... дајте некакви докази зошто или како биле изградени, не само изградени се и толку. Јас објаснив во некое од мислењата зошто не би можело да се вонземјани.
Хинт: сте забележале откако е напредната информатичката технологија (Фотошоп, Маја, Corel Draw ) дека се појавени вакви случаи?
За оние кои мислат дека се некои специјални машини: Дали се најдени тие? Дали постои некаков доказ па макар и пишан дека вонземјаните се тие што ги граделе или пак специјалните направи? Зборам за доказ кој има свои длабоки корени не само некој си таму му текнало да пишува научнофантастични приказни као Жил Верн.
 
F

FallenHypaspist

Гостин
човекот денес нема потреба од пирамиди...гради светски трговски центри, хотели во море, аеродроми итд...така да како што тогаш немало потреба од empire state така денес да си изградам пирамида е безсмислено. иначе не е тешко, логиката на градбата е доста едноставна, нивелираш терен, квадратна основа, оски...зависи колку сум амбициран.на некој и метеори им изгледаат неверојатни но се факт.
него место да се малтретирате со вонземјани, земете литература
научна е но бидејќи темата е интересна се чита лесно
Факт:
Пирамидите се изградени од древните египјани, кој во таа фаза не се робовладетелско општество.
Материјалот е од платото во Гиза, и од целиот Египет(има материјал и од Асуан дури), се користи песочник, и надворешната облицовка е од фин варовник, од тој варовник е останато малку, на пирамидата на Кефрен, и на Микерин.
Нема само три големи пирамиди, и не се само на платото Гиза.
...
нема заговор на египтолозите кој го кријат светото знаење, знаење има ама треба доста да се учи за да може да се проникне во него, иначе нема смисла да излезе некој и да ви каже слушајте, имате двојници, името ви е свето и ви ја определува сушноста, плотта на царот е божествена и сите ќе живееме вечно низ него....и да си почне сопствена секта. големиот Френк Запа вели
знаењето не е познание
познанието не е мудрост
итн...ајде верујте ми
:)
Е не...не...кога видам вакви скептици не можам да не се изнервирам...

Добро де ако си до толку запознаен околу самите пирамиди кажи ни се што знаеш за нив....јас мислам дека не знаеш скоро ништо....

НЕ батковци, туку оти едноставно не можеме да прифатиме дека древните Еѓипќани биле попаметни луѓе од нас...Тоа е тоа! Знаеле, па направиле!
Батка само египјаните имале пирамиди???
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
83
Поени од реакции
2
Јас лично мислам дека се што е на земјата е или дело на природата или дело на човекот. Вие зборите за пирамиди, а ете ти го Stonehenge кој е исто така многу добро за зборење. За да верувам дека ги направиле вонземјани, треба да верувам во тоа дека на земјата стапнал вонземјанин, во кое не верувам. Ова со пирамидите и вонземјаните е многу поврзано со човековата еволуција. Јас ја поддржувам тезата дарвинова дека човекот настанал од праисторискиот мајмун. Значи како што реков и предходно, планетата Земја е дело на природата, а човекот е тој кој ја изменил. Инаку татко ми е против сите овие тези и вика дека човекот е всушност дело на вонземјанска цивилизација а со тоа и дека кога дошол повторно на земјата ги изградил пирамидите итн. Еве ви мои и на татко ми мислења, па вие како сакате.
А тоа дека денес е лесно да се направи пирамида, не е. дури и невозможно е тоа. И јас викав дека пирамдата е лесна за правење, дека нема филозофија, но не е така. Ниту еден научник не успеал да докаже како се направени пирамидите. Некои пак викаат дека тие се направени со левитација. Во стил на Далај Лама. Темава нема крај. Мисмал дека е доста.
 
Не си лош ,така треба.....прво читај книги кои биле пишувани се до пред едно 5ина години за да сватиш шо е финтата цело време......масоните го трујат светот,вистината ќе остане во нивни раце уште некое време.....ќе видиме скоро кој вистина ги изградил....:smir:
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
А тоа дека денес е лесно да се направи пирамида, не е. дури и невозможно е тоа. И јас викав дека пирамдата е лесна за правење, дека нема филозофија, но не е така. Ниту еден научник не успеал да докаже како се направени пирамидите. Некои пак викаат дека тие се направени со левитација. Во стил на Далај Лама. Темава нема крај. Мисмал дека е доста.
Пирамиди можат и денес да се направат (ако се најде инвеститор). Во античките записи за пирамиди од пред 2500 години, никој не спомена ништо дека некои богови или надчовечки градители ги правеле (А тогаш уште постоел Египет и си ја имале запишаната своја историја) Тие сосема нормално си знаеле дека си ги изградиле самите во рок од години и децении. И никум ништо. Многу повеќе материјал и труд има во Кинескиот зид па никој не рече дека ванземаљци го направиле.
Читајте тро историја записи од антички историчари кои биле таму, ги виделе и прочитале кој како и кога ги направил.
 
Член од
24 август 2008
Мислења
11
Поени од реакции
0
Ги прочитав верувале или не речиси сите мислења, иако некои датираат уште од 2006....
Вонземјанци НЕМА, се е тоа дело на човечка рака
Антиката било време кога се усовршувале сите науки, се цветало, се одело само напред....
Но во средниот век со дошле чесно поштено на господова слава поповите и црквата на власт и се изуништиле.....па така и сите тие теории, формули, планови....
тоа е мојата теорија
 
Член од
7 септември 2008
Мислења
37
Поени од реакции
0
Лично мислам дека пирамидите се изградени од човечка рака. Но, сепак има неколку моменти кои се косат со она што ние го знаеме како историски факт.
Најголемата пирамида (Средната - Пирамидата на Куфу), се претпоставува дека е градена помеѓу 14 и 20 години. Историски факт, кој сите ние го знаеме уште од 5-то одделение, дека животот на Египјаните зависел од поплавите на Нил, кој поплавувал секоја година по 6 месеци, а по повлекувањето оставал плодна земја. Значи, можеме да се сложиме дека времето на изградба веднаш можеме да го скратиме за 50% (7 и 10 години) и еве го првиот проблем, ако искусни архитекти предвидуваат време на изградба од 14 до 20 години - како успеале тоа да го направат за двапати пократок период?
Волуменот на пирамидата е проценет на 2500 квадратни километри и зафаќа површина од 53 километри квадратни и вкупна маса од 5,9 милиони тони. Значи, за период од 14-20 години, секој ден без прекин требало да се транспортираат камени блокови со вкупна маса од 1100-880 тони, односно од 2300-1600 тони (СЕКОЈ ДЕН)???
Се претпоставува дека на пирамидата работеле околу 100,000 робови, а за транспорт на камените блокови биле потребни околу 500,000 пловни тела???
Иако со сигурност се знае дека старите Египјани не ја знаеле вредноста на Пи (3,14), пропорциите на дизајнот на пирамидата се еднакви на 2Пи, а дефинитивно тоа не е случајност!
Од главната просторија, каде што бил сместен саркофагот на фараонот, а се наоѓа во центарот на пирамидата, излегуваат тунели (2 или 3), кои водат до површината на пирамидата и биле насочени кон соѕвездието Орион, а служеле за катапултирање на душата на фараонот кон Орион, домот на врховниот египетски бог Амон Ра. Овие тунели првпат ги видов на една документарна емисија, а нивното испитување беше со камера монтирана на возило (Џип) - играчка на далечинско. Тунелот оди во нагорна линија под агол од 40-45 степени. Значи дека секој камен блок кој формира тунелот морал да биде посебно обработуван уште пред неговото поставување! Инаку да не заборавам - секој тунел е толку фино обработен, што формира прецизен квадрат!?! Е сега коментарот на еден од архитектите присутни: -„Со денешниот софистициран софтвер и моќноста на денешните компјутери, би било вистинска ноќна мора, проектирањето на овие тунели, за било кој денешен архитект.“
Ајде, мислам дека е доста за дискусија.
Ако има некој некоја мисла...
 
Член од
13 август 2008
Мислења
41
Поени од реакции
0
Пирамидите се дело од 4000г. развој без прекин на една цивилизација. Колку за споредба кај нас се преќинува "развојот" на секои 4 години со секоја нова влада. Поради тоа се уште не можеме да ги сватиме поголем број од делата во минатото
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Пирамидите се дело од 4000г. развој без прекин на една цивилизација. Колку за споредба кај нас се преќинува "развојот" на секои 4 години со секоја нова влада. Поради тоа се уште не можеме да ги сватиме поголем број од делата во минатото

како не
сфатени се работите одамна околу градењето уште некои детали недостасуваат
а тоа нема врска ни со нас ни со нашите влади
 
Член од
13 август 2008
Мислења
41
Поени од реакции
0
како не
сфатени се работите одамна околу градењето уште некои детали недостасуваат
а тоа нема врска ни со нас ни со нашите влади

nisto ne e svateno, se e pretpostavki. A okolu vladite toa beshe samo primer
 
Kajgana Shop

На врв Bottom