Доста интересна тема за која постојат безброј претпоставки. Од тоа дека се направени од вонземска цивилизација, за кое до сега не постојат ама баш никакви докази, до тоа дека пирамидите се направени од луѓето, за што постојат доволен број на цврсти докази. Последните докази укажуваат на големи населби пронајдени во подножјето на пирамидите. Во тие населби се претпоставува дека живееле работниците на пирамидите со нивните семејства, пронајдени се куќи, објекти за изработка на алати, алатки, длета, ќупови за чување храна, итн итн. Со самото постоење на тие населби се докажува претпоставката дека пирамидите биле градени долг временски период (се спомнува период од 20-30 години) што значи генерации на луѓе ја граделе таа пирамида. Камењата биле вадени и обработувани во класични каменоломи, а биле пренесувани прво со бродови и потоа рачно до местото на градбата со помош на тогаш позната механизација (да не заборавиме дека Египќаните веќе го имале тркалото
). Да не заборавиме дека првата пирамида била класично скалеста пирамида, и секако дека архитектот што го смислил тоа имал познавања од градба на такви градби, и секако дека после него се нашол некој попаметен со нови идеи како може да се изгради поголема и поубава пирамида.
Она што ги буни луѓето и кои градењето на пирамидите го препишуваат на некои вонземски фактори е нивната точна астрономска поставеност во сооднос со некои звезди и слично. Но објаснувањето за тоа е многу едноставно. Египќаните биле напредна цивилизација со огромни познавања од астрологија и математика, кои ги искомбинирале со религијата. Ова е уште еден доказ за нивното напредно мислење каде на науката и се давало големо значење, за разлика од денешните цивилизации кои преку црквата науката ја репресирале на секој можен начин. Кога не би постоел тој период на мрачниот среден век, човештвото ден денеска би било многу понапредно. Но да се вратиме на пирамидите. Тие на прво место се изградени како гробници на фараоните. Во египетската религија фараонот е поистоветен со Бог или поточно не е поистоветен, туку тој Е БОГ. Богот припаѓа на сосвездието (пр. Орион) и гробницата истовремено ќе му послужи како начин на превозно средство преку кое тој ќе се врати назад од каде што дошол (ако до сега пирамидите беа средство за превоз на фараноите немаше да биде пронајдена ниедна мумија нели?). Фараонот сам го одбирал местото за градба на пирамидата и самиот ги поставувал првите ознаки од каде до каде ќе се простира пирамидата, со претходно советување со астролозите т.е свештениците. И на крај ,зошто фараоните инстистирале да се гради лавиринт од ходници и соби внатре во пирамидата, кога знаеле дека тие се богови и дека ќе заминат од кога ќе починат? Зошто се плашеле од крадците на гробниците? Дали на крај биле свесни и знаеле дека се само обични луѓе и дека со градбата на пирамидите само го продолжуваат стравот и почита кај народот? Стравот и почитта од Непознатото?