па после ова 8 годишно интензивно дудлање и пушење кај турците од страна на груевски и иванов ја би рекол дека ќе добиеме уште 500 години најмалку за памет.
Колку си само во право да знаеш.
Тие турските султани биле будали невидени, задушувале востанија со војска, башибозук и тероризирале население за да демонстрираат сила и надмоќ врз населението.
А сето тоа чини пари, треба пари за вооружување, за обука на војската, плати за војниците, па транспорт, во тоа време користеле коњи, некој треба да ги храни и да одржува најосновна хигиена кај коњите, а сето тоа чини пари, не доаѓа бесплатно, оти имат платно.
И сето тоа на крајот резултирало со распаѓањето на Отоманската Империја.
Турските султани биле будали невидени, бидејќи наместо војска, башибозук и терор, се што требало да направат, било да дозволат да се печатат весници на јазиците на потчинетите народи, да им дозволат практикување на христијанската религија, но не под народните православни цркви, туку под Цариградската Патријаршија, која сигурно би прифатила да манипулира со верниците во корист на империјата. Требало да дозволат образование на јазиците на потчинетите народи во училиштата, културни и уметнички манифестации на јазиците на потчинетите народи, во основа, требало да им дадат лажно чувство на национална слобода во границите на Отоманската Империја.
Но има квака, не доаѓа се така во облик на мед и млеко. Во училиштата би ги учеле децата дека Отоманската Империја е нивни ослободител и нивна татковина, во театрите би се изведувале турски претстави на јазиците на потчинетите народи, дела на турската опера и балет би се изведувале на јазиците на потчинетите народи, исто како и дела на турската филхармонија, во весниците исто така на јазиците на потчинетите народи би се објавувала турска пропаганда, а Цариградската Патријаршија на сето ова би кажала само АМИН и на крајот сето тоа би резултирало во кристално истото што денес го прават македонските телевизии со турските глупости кои ги емитуваат - доброволно, а не присилно потчинување на народите во империјата.
Благодарение на телевизијата, денес турската пропаганда многу побрзо и многу полесно, без ниту еден испукан куршум и без ниту една пролеана капка крв, успешно ги потчинува балканските народи, перењето мозок е многу поефикасно и поефективно потчинување на еден народ отколку со окови и со убивање на невини мажи, жени и деца, а ништо од ова не им текнало на турските султани во 500 години период на владеење.
А кога сме кај компензација за колонизаторската политика, доколку претходно не постоеле независни национални држави на тие територии пред да бидат колонизирани, единствено обештетување може да се бара за воени злосторства, за етничко чистење и за злосторства против човештвото, бидејќи претходно не постоела национална држава на колонизираниот народ.
Ова важи и за нас Македонците, можеме да бараме обештетувања за воени злосторства, за етничко чистење, за злосторства против човештвото, за белиот терор, од Бугарија, од Грција, од Србија како поранешно кралство СХС, односно кралство Југославија, од Турција како поранешна Отоманска Империја, но обештетување за робовладетелската експлоатација и за експлоатацијата на земјиштето и на природните богатства не можеме да бараме бидејќи претходно не постоела македонска национална држава, туку постоела Византиската Империја, која не била македонска национална држава, туку била империја на повеќе потчинети народи во која македонскиот народ не бил привилегиран народ, туку бил потчинет народ.
Црногорците, од друга страна, можат да бараат обештетувања и за експлоатацијата на нивното земјиште и на нивните природни богатства, бидејќи се до 1918 година, постоело кралство Црна Гора, кое било анектирано од страна на новоформираното кралство СХС, па затоа црногорците можат да бараат обештетување од Србија како поранешно кралство СХС, односно кралство Југославија, за експлоатацијата на нивното земјиште и на нивните природни богатства, бидејќи претходно живееле во црногорска национална држава.