Тврд гелов дожд

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.115
Дали ваквиот дожд во иднина ќе е спасот од намалување на недостатокот од пресна вода ?

_69356641_solidrain1.jpg


по оценките на Евро унијата, голем дел од водата се користи за иригација-полевање во земјоделието и со недостаток од питка вода човештвото може да се соочи многу скоро.
«Тврдиот дожд » — е прошок, способен да апсорбира неверојатно количество вода и постепено истата да ја испушта во почвата - со што растенијата ќе ја добиваат потребната влага и ќе можат да опстојат дури и на места каде сушата си го направила своето .

_69356646_solidrain2.jpg


Десет грама од овој материјал, апсорбирачки полимер , може да „изголта„ еден литар вода:eek:
Испитувања на овој тврд дожд , се правени во Мексико, и истите покажале дека додавањето на него во почвата може да ја зголеми реколтата дури и до 300 проценти. Полимерот може да стои во почвата 8-10 години во зависност од квалитетот на водата – а доколку се користи чиста вода, може и подолго. Притоа материјалот во целост е природен (направен од био акриламид ) и не прави штета на почвата . После распадот тој се претвора во нештетен прашок и станува дел од растенијата. Според компанијата која го произведува доволни се 50 килограми на еден хектар, и ќе чини 1.500 долари.
http://www.bbc.co.uk/news/science-environment-23715031
 
Батали тоа, туку вода во морињана има, тоа све да се десоленизира во питка вода, а потоа кога ќе го изреметиме екосистемот, потоа ќе свириме, т.е. ќе видиме што ќе правиме.
 
Био акриламид, колку природно звучи! Безопасно! Само што амидите лесно поминуваат во амини, при мала промена на pH на средината, штом по некоја случајност се намали pH под 7 си еба мамата!

А амините се, шо знам здрави, отвори википедија, од најпростиот до најсложениот амин, имаат од штетно по здравјето до мутагено дејство!

Иначе главната состојка со која планираат да ја впиваат водата ја има во влошки и памперси... :icon_lol:
 
Био акриламид, колку природно звучи! Безопасно! Само што амидите лесно поминуваат во амини, при мала промена на pH на средината, штом по некоја случајност се намали pH под 7 си еба мамата!

А амините се, шо знам здрави, отвори википедија, од најпростиот до најсложениот амин, имаат од штетно по здравјето до мутагено дејство!

Иначе главната состојка со која планираат да ја впиваат водата ја има во влошки и памперси... :icon_lol:


Те болело тебе главата ( посебно ) кога си учел хемија :)
 
Gregor; - Ако не си пренесувал лабораториска маса (од тие големите) од приземје до 3ти, физичка хемија не ти се признава. Прашај на студентски :P

Он: МИслам дека повторно станува збор за пренагласена пропаганда. Има многу поприродни материјали кои апсорбираат вода, а се и поевтини и подостапнии поразградливи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom