Здраво дечки,
Ете резервиав карта преку Виз Ер и сега ми се покажува следното:
Картата за влез во авион се печати
- Проверете дали сте испечатиле посебна карта за влегување во авион за секој од вашите летови. Не прифаќаме копии од повеќе карти за влегување во авион испечатени на истиот лист.
- Проверете дали бар-кодовите се јасно прикажани на копиите на клиентот и авиокомпанијата. Забележете дека има два бар-кода на една карта за влез во авион. Не прифаќаме карти за влегување во авион без два бар-кода.
Сакам да прашам кај се тие бар кодови ?
Две недели пред да леташ (најрано) треба да се чекираш онлајн на страната на визз зошто само така е бесплатно чекирањето. Значи ако леташ во следниве 2 недели на страната на визз (ако си немаш направено лозинка) ќе ти побара број на потврда и презиме. Тој број на потврда на мејл ти е пратен и изгледа некако вака 5YHGTR во вакви комбинации. Внеси го и иди во полето пријавување на летот, ќе ти побара информации за тебе и пасош. Внеси ги и пријави се на летот.
На мејл во пдф формат ќе ти ја пратат картата. Бар кодот е лево горе. И на самата страна на визз во делот мои резервации ќе можеш да си ја симнеш картата одкако ќе се чекираш за лет. Внимавај да не ја испечатиш фактурата, наместо картата. Картата изгледа вака описно:
Горе лево - бар код
Горе десно - твои податоци
Ги имаш боите на визз
Па под него релацијата
И доле на самата карта имаш бар кодче и податоци за тебе.
Кога леташ?