СССР биле и повеќе од благонаклонети кон Македонија и тогашните цели ,повеќе и одколку што била Југославија впрочем.На првиот референдум после војната во Бугарија Македонци биле ставени на пописната листа ,а пуштени биле и учители да предаваат на Македонски јазик во Бугарија исто така.
Ради Тито....кога Тито му вика не на сталин и учители и пописи и све шут карта добива.
За СССР Македонија е тотално небитна....милион луѓе,шака јада,неписмени,меѓу неколку побитни и каде каде поголеми нации.
Воопшто и немаат намера да се занимаваат со некои толку небитни.
Услуга за Тито е тоа која секако од кога ги одбива после ја повлекуваат.
Во истото време во Македонија Тито повеќе од 100 000 Турци на пописот ги попишува како Албанци за да ја добие наклонетоста на Енвер Хоџа за неговата Балканска Федерација.На првите мапи за пост воена Југославија на КПЈ скоро цела Западна Македонија до Скопје била под Косовската покраина.
Колку Албанци после тоа се попишани како Турци за да добијат шут карта за во Турција 50 и некоја ?
Свесен си дека Македонците во повеќето градови го имаат и ден денес мнозинството само ради тој чекор.Да не ги селеше во Турција, Македонија можеби ќе имаше и милион Албанци.
Грешката е што одма е прекинат тој проект кој од почеток има многу добри резултати.
Секако одкако Тито ги има отфрлено СССР за да дојде до кредитите на САД ,СССР ги имаат избркано сите учители и на Македонците таму се гледало како иредентистичка група на непријателска нација ( повторно фала на Тито). Да не ни почнам со просрпската пропаганда ( после војната за малку ќе сме завршеле и со српско-хрватски како официјален јазик дека имањето на сопствен јазик било националистички ) и анти-бугарска пропаганда.Помеѓу Србите и Бугарите за тоа кој бил полош кон Македонците нема абсолутно никаква разлика.
И иако му пропаднала шансата да направи Балканска Федерација со Бугарија и Романија поради разидувањето со СССР.До шеесетите скоро пола од Турците од Македонија биле префрлени во Турција додека на нивните имоти се доселуваат Албанци на кој он им станува кум ако направат по 6+ деца.
Голем дел од Албанците и се декларирани како Турци и депортирани во Турција.
Напротив....на турските имоти и села се населуваат Македонци (хинт,погледни демографската слика на цела источна и централна Македонија.....гледај пописите од 50 и некоја,па 10 години покасно)
Целото заебавање од 40 години без да се реши ниту еден проблем,притоа зголемувајќи ги постоечките неколку кратно е финансирано од:
Ако ти е давање форма на државност на Македонија и на Македонците,признавање на Македонската нација, создавање македонски литературен јазик, описменување на најнеписмената нација во Европа, и градење на целосна инфраструктура заебавање од 40 години......
- Преку 750К Фолкдојчери + 350К Италијани + голем број на Унгарци кои биле протерани и целиот имот им бил запленет.
- Целосна конфискација на злато и национализација на секаков вреден имот
- Грантови и кредити ( или без камата или кој не биле враќани ) од страна на Американците за формирање на "неврзаните" чива единствена цел била да биде контра тежа против СССР во земји кои имале лошо минато со западните земји како Африка,Блиски Исток ,Индија.
- Оружје и отворена трговија со СССР за одржување на добри односи.
Бар нашол начин како да финансира една дупка и при тоа на жителите на таа дупка да им овозможи релативно висок стандар (иако неколку години пред тоа мнозинството се обични козојебачи кои не знаат да се потпишат...)
Иначе Југославија има доста извезувано и на запад,туристичките сезони од времето на Југославија сеуште не се надмашени и Тито е единствен комунист кој дозволува гастарбајтерите слободно да излезат и да бараат работа надвор.Тие носат огромен прилив на девизи.
Не ме сфаќај погрешно.......Тито од денешна преспектива заебал доста работи и за многу неговото владеење било погубно,но да му се одземат многу заслуги е целосна неправда.
Поготово во Македонија која колку толку се што им се должи на Титовото време и на словенечките и хрватските пари.