Неко меЏу нама није наш

Тито го користиме како причина да се оправдаме зошто сме шупаци, независни. Тито ли ни ја донесе пасивноста на нацијата? Тито ли денес не држи по дома секогаш кога се носат одлуки кои не се во наш интерес?
Нема врска ова со темава, ама пак, да престанеме со паралелни истории и да живееме во реалноста. А таа вика дека Тито веќе 33 години скапува под земја, време кое беше повеќе од доволно да се исправиме на свои нозе. Ама не. За да се оправдаме што не мрдаме со мало прсте за било што, го уфрламе Тито како џокер карта за секој проблем.
Се додека се бавиме со минатото, за нас иднина нема.
Многу `Тито` кажав денес. Среќа не сум пред огледало... може ќе ми се појавеше :eek:
 
Де бре човекот е мртов 33 години, оставете го нека почива во мир !
Ваков бил, онаков бил, а денешниве ’’демократски‘‘ политичари ака властодршци демек поарни се !
Бранко, Грујо, Љубчо и остали не можат ни на мудата на Тито да му се фатат ...
Тито од крш и пустош создал држава, а што создадоа политичарите од 1991 година наваму ! ... ништо ...

Затворива фабрики
Тат....мат, ...самоубиства
Ана....Она ....рамноправност
Споменици...фонтани...метропола
Пасоши...дрога...несреќи..Државјанство
 
Па баш ова ти што го тврдиш доаѓа од Бугарија,преку оддалечувањето на Македонија од Југославија по 44 година,и приближување кон СССР да дојде до спојување на Македонија кон Бугарија.Тоа била нивна најголема желба,и сега по осамостојувањето гледаме таква реализација.Така да ако тоа се случело тогаш во 44 година тешко Македонија да се изградила како суверена република а сега и како држава.Југославија беше најголемата придобивка за изградувањето на Македонија како посебен ентитет на Балканот далеку од пропагандите на Грција и Бугарија.

СССР биле и повеќе од благонаклонети кон Македонија и тогашните цели ,повеќе и одколку што била Југославија впрочем.На првиот референдум после војната во Бугарија Македонци биле ставени на пописната листа ,а пуштени биле и учители да предаваат на Македонски јазик во Бугарија исто така.

Во истото време во Македонија Тито повеќе од 100 000 Турци на пописот ги попишува како Албанци за да ја добие наклонетоста на Енвер Хоџа за неговата Балканска Федерација.На првите мапи за пост воена Југославија на КПЈ скоро цела Западна Македонија до Скопје била под Косовската покраина.

Секако одкако Тито ги има отфрлено СССР за да дојде до кредитите на САД ,СССР ги имаат избркано сите учители и на Македонците таму се гледало како иредентистичка група на непријателска нација ( повторно фала на Тито). Да не ни почнам со просрпската пропаганда ( после војната за малку ќе сме завршеле и со српско-хрватски како официјален јазик дека имањето на сопствен јазик било националистички ) и анти-бугарска пропаганда.Помеѓу Србите и Бугарите за тоа кој бил полош кон Македонците нема абсолутно никаква разлика.

И иако му пропаднала шансата да направи Балканска Федерација со Бугарија и Романија поради разидувањето со СССР.До шеесетите скоро пола од Турците од Македонија биле префрлени во Турција додека на нивните имоти се доселуваат Албанци на кој он им станува кум ако направат по 6+ деца.

Целото заебавање од 40 години без да се реши ниту еден проблем,притоа зголемувајќи ги постоечките неколку кратно е финансирано од:

- Преку 750К Фолкдојчери + 350К Италијани + голем број на Унгарци кои биле протерани и целиот имот им бил запленет.
- Целосна конфискација на злато и национализација на секаков вреден имот
- Грантови и кредити ( или без камата или кој не биле враќани ) од страна на Американците за формирање на "неврзаните" чива единствена цел била да биде контра тежа против СССР во земји кои имале лошо минато со западните земји како Африка,Блиски Исток ,Индија.
- Оружје и отворена трговија со СССР за одржување на добри односи.

+ одштети за прва и втора светска војна

Југославија има добиено по човек најмногу грантови од САД убедливо од сите земји .

Сите тие пари беа фрлени на нерентабилни бизниси,40 години купување на мир и терање теравенки и кога парите секнаа зошто СССР се распадна и веќе на САД не им требаше Југославија .ЧАО
 
И што менува ова?
Тито не бил Југословен, па и Буш помладиот има IQ 90-95 и што направи ?
Барем овој успеал да игра и со двете страни добро скоро 30-тина години, тој собирал пари од кредиторите, само немал луѓе што знаеле со нив што на направат т.е си ги трошеле за нив. Тито бил крив за состојбата наша? Не, тие што биле тогаш на власт биле, која била таа будала што ги натерала топилница да биде во Велес? Кои биле тие будали што незнаеле да побараат пари од централата за да се обноват патишта и слично ?
Тито не бил најмалку крив за нашата моментална состојба. Барем 2% да имаат сегашните политичари од неговата харизма и 10% мозок на инженер нема да бидеме во оваа што сме денес
 
Како очекуваш да имаш луѓе кои знаат да направат нешто кога си ги убил сите луѓе кои биле главни во ослободувањето на Македонија и на нивно место си ставил твои полтрони? И тие полтрони си изградија политички династии кои траат веќе со децении се до денеска.

На луѓе кои не знаеле струја што е им биле делени главните позиции во Македонија.Од кај па они да се разбираат како да водат економија уште помалку па централизирана планирана економија која што административни генијалци не бе можеле да ја одржуваат не па неписмени луѓе.

Сите луѓе кои биле кадарни ( тие што имале пари или биле образовани ) завршиле по затвори,логори или биле стрелани со исклучоци.,
 
кај има податок за грантовите?сите го спомнувате како причина за брзиот развој тогаш.
иначе што би било без Тито,мое мислење е дека ко претходно.Нема некоја причина зашто големите сили би ни дале независност,ако има ќе се случело претходно тоа.Се друго е лични желби и толкувања што би се десило.
 
Де бре човекот е мртов 33 години, оставете го нека почива во мир !
Ваков бил, онаков бил, а денешниве ’’демократски‘‘ политичари ака властодршци демек поарни се !
Бранко, Грујо, Љубчо и остали не можат ни на мудата на Тито да му се фатат ...
Тито од крш и пустош создал држава, а што создадоа политичарите од 1991 година наваму ! ... ништо ...

Е тие од '91 наваму од држава создадоа крш и пустош
 
СССР биле и повеќе од благонаклонети кон Македонија и тогашните цели ,повеќе и одколку што била Југославија впрочем.На првиот референдум после војната во Бугарија Македонци биле ставени на пописната листа ,а пуштени биле и учители да предаваат на Македонски јазик во Бугарија исто така.
Ради Тито....кога Тито му вика не на сталин и учители и пописи и све шут карта добива.
За СССР Македонија е тотално небитна....милион луѓе,шака јада,неписмени,меѓу неколку побитни и каде каде поголеми нации.
Воопшто и немаат намера да се занимаваат со некои толку небитни.
Услуга за Тито е тоа која секако од кога ги одбива после ја повлекуваат.

Во истото време во Македонија Тито повеќе од 100 000 Турци на пописот ги попишува како Албанци за да ја добие наклонетоста на Енвер Хоџа за неговата Балканска Федерација.На првите мапи за пост воена Југославија на КПЈ скоро цела Западна Македонија до Скопје била под Косовската покраина.
Колку Албанци после тоа се попишани како Турци за да добијат шут карта за во Турција 50 и некоја ?
Свесен си дека Македонците во повеќето градови го имаат и ден денес мнозинството само ради тој чекор.Да не ги селеше во Турција, Македонија можеби ќе имаше и милион Албанци.
Грешката е што одма е прекинат тој проект кој од почеток има многу добри резултати.

Секако одкако Тито ги има отфрлено СССР за да дојде до кредитите на САД ,СССР ги имаат избркано сите учители и на Македонците таму се гледало како иредентистичка група на непријателска нација ( повторно фала на Тито). Да не ни почнам со просрпската пропаганда ( после војната за малку ќе сме завршеле и со српско-хрватски како официјален јазик дека имањето на сопствен јазик било националистички ) и анти-бугарска пропаганда.Помеѓу Србите и Бугарите за тоа кој бил полош кон Македонците нема абсолутно никаква разлика.
:facepalm:

И иако му пропаднала шансата да направи Балканска Федерација со Бугарија и Романија поради разидувањето со СССР.До шеесетите скоро пола од Турците од Македонија биле префрлени во Турција додека на нивните имоти се доселуваат Албанци на кој он им станува кум ако направат по 6+ деца.
Голем дел од Албанците и се декларирани како Турци и депортирани во Турција.
Напротив....на турските имоти и села се населуваат Македонци (хинт,погледни демографската слика на цела источна и централна Македонија.....гледај пописите од 50 и некоја,па 10 години покасно)

Целото заебавање од 40 години без да се реши ниту еден проблем,притоа зголемувајќи ги постоечките неколку кратно е финансирано од:
Ако ти е давање форма на државност на Македонија и на Македонците,признавање на Македонската нација, создавање македонски литературен јазик, описменување на најнеписмената нација во Европа, и градење на целосна инфраструктура заебавање од 40 години......

- Преку 750К Фолкдојчери + 350К Италијани + голем број на Унгарци кои биле протерани и целиот имот им бил запленет.
- Целосна конфискација на злато и национализација на секаков вреден имот
- Грантови и кредити ( или без камата или кој не биле враќани ) од страна на Американците за формирање на "неврзаните" чива единствена цел била да биде контра тежа против СССР во земји кои имале лошо минато со западните земји како Африка,Блиски Исток ,Индија.
- Оружје и отворена трговија со СССР за одржување на добри односи.
Бар нашол начин како да финансира една дупка и при тоа на жителите на таа дупка да им овозможи релативно висок стандар (иако неколку години пред тоа мнозинството се обични козојебачи кои не знаат да се потпишат...)
Иначе Југославија има доста извезувано и на запад,туристичките сезони од времето на Југославија сеуште не се надмашени и Тито е единствен комунист кој дозволува гастарбајтерите слободно да излезат и да бараат работа надвор.Тие носат огромен прилив на девизи.

Не ме сфаќај погрешно.......Тито од денешна преспектива заебал доста работи и за многу неговото владеење било погубно,но да му се одземат многу заслуги е целосна неправда.
Поготово во Македонија која колку толку се што им се должи на Титовото време и на словенечките и хрватските пари.
 
10 саати каснам со насловот :D
 
Ајде бе демек ако не бил Тито и ако Македонија била со СССР ќе станела независна држава уште од тогаш(после војната) и тоа цела(етничка) ... прикаски за мали деца !
Работите се ептен јасни ...Македонија(овој дел) всушност се спасила со тоа што станала една од шесте Југословенски републики, од друга страна и повеќе од јасно е дека би завршила(цел овој Вардарски дел) во склоп на Бугарија и да ќе сме биле со СССР исто ко Бугарија во тој поствоен период !
Социјализмот каков и да бил тоталитарен, репресивен, едноумие и.т.н. сепак на многу народи кои со векови наназад биле поробени/освоени им донел национално признание, одредена форма на државност а подоцна по распадот на тие сојузи како СССР и СФРЈ и целосна независност !
Да не бил Тито и таа негова Југославија сега немаше да постојат држави како Босна, Црна Гора, Македонија, па ни Косово ... туку првите две ќе беа во склоп на Србија, а Македонија ќе си останеше или јужна Српска бановина или пак едноставно западна Бугарија ќе бевме, а Косово стана независна држава врз база на автономните граници кои си ги имаше со децении наназад, а таа автономија на Косово беше дадена од Тито, како и автономијата на Војводина !
ФНРЈ(потоа СФРЈ) = 6 републики и 2 автономни покраини
а пред тоа имало кралство СХС(Срби, Хрвати, Словенци) никаде нема ниту Македонци, Црногорци, Бошњаци и.т.н.
 
Само на неколку дела зошто ако одговорам на сите после секој реодговор по цела страна ќе биде.

Ако ти е давање форма на државност на Македонија и на Македонците,признавање на Македонската нација, создавање македонски литературен јазик, описменување на најнеписмената нација во Европа, и градење на целосна инфраструктура заебавање од 40 години......

Прво и многу важно е тоа дека сами се имаме ослободено и заради тоа целото тоа давање не било воопшто на добродушна база.Во ниеден момент не му се исплатело да си го претвори Тито југот на државата во воена зона ( после војната следната декада Косово било воена зона против Балистите + Хрватите сакале да бидат независни,Македонија како воена зона би му била огромен луксуз ),да не ослободела некоја туѓа армија пак ќе сме останеле без држава.Инфраструктура и се останато не се градело ништо повеќе од што се градело во другите републики напротив се градело многу помалку.

+ го убил целото раководно тело на Македонците кое го отстварило тоа и потоа 40 години свои полтрони држел на власт кои имаат огромна штета на државотворен план.

Бар нашол начин како да финансира една дупка и при тоа на жителите на таа дупка да им овозможи релативно висок стандар (иако неколку години пред тоа мнозинството се обични козојебачи кои не знаат да се потпишат...)
Иначе Југославија има доста извезувано и на запад,туристичките сезони од времето на Југославија сеуште не се надмашени и Тито е единствен комунист кој дозволува гастарбајтерите слободно да излезат и да бараат работа надвор.Тие носат огромен прилив на девизи.

.

"Нашол начин да финансира " зошто прво конфискацијата и депортацијата ако се за тебе легитимен начин на финансирање немаме што понатаму да збориме.
А тоа негово финансирање после се врати во деведесетите кога Американците решија да си го повлечат влогот и да си ги наплатат финансирањата.

Не ме сфаќај погрешно.......Тито од денешна преспектива заебал доста работи и за многу неговото владеење било погубно,но да му се одземат многу заслуги е целосна неправда.
Поготово во Македонија која колку толку се што им се должи на Титовото време и на словенечките и хрватските пари.

Да на краток план направил многу работи кога ќе се земе во план со што земал да работи.Од луѓе што не знаат да читаат а не па што е струја и вакцини биле дигнати некој аспекти до многу високо ниво ,али за сето тоа ќе се плаќа многу многу долго во иднината.Декади ќе бидат потребни пред да изумрат генерации во кои социјалистичкиот менталитет е всаден.

Бесплатниот оброк што бил јаден тогаш ,го плаќаме денес.

Да не бидам лошо сватен јас не сум против идејата на групирање на нации,немам ништо против тоа али принципот на кој функционирала Југославија бил погубен за нас од ментално,морален карактер.Сите мани кои што ги имаме како народ во Југославија нашле плодно тло да бидат развиени до неверојатни размери.
 
Тито за Југославија беше Чак Норис, денешниве „политичари„ треба да плачат на неговиот гроб.

Нема врска ... Тито, во негово време сите биле пе*ери, лезбејки, ку*ви, наркомани и остало ... моментално додека се патвиотиве на власт нема да има такви глупости, а откако ќе си заминат од власт пак ќе завладее Анархија, пе*ери, лезбејки, ку*ви, наркоси и све остало ... :tapp::ROFLMAO:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom