Ipsissimus
P.I.
Повторно одговор кој нема врска со прашањето. Прашањето е: "Ако честа и припаѓа на жената, зошто некој би ја казнувал поради начинот на кој таа ја користи нејзината чест" А не во кој случај може или неможе да биде казнета, дали требала да се покае и дали ќе имало или немало сведоци и колку!Конкретно за изневерувањето, технички е скоро невозможно да казнеш некого за тоа бидејќи според исламот ти требаат 4 сведоци на делото. Знаци кога ке се клецаат во некој хотел треба 4 луѓе да им стојат над глава и да сведочат дека ги виделе на дело за да се казнат. Тоа што денес во шеријатските држави се казнуваат луѓе за се и сешто е друг муабет. Нема врска тоа со ислам, ако некој ја злоупотребува религијата тоа е негов проблем. Дури и да имаш 4 сведоци ако се покајат мислам дека не смееш да им дадеш најстрога казна.
Ако погледнеш историски на прсти се проеле случаевите кога имало есктремни казни во минатото. Денес е направен колеж во шеријатските држави.
И незборам за изневерување! Туку за секс без обврски, како што во секоја секуларна и демократска држава постои и е најнормална работа. Пример дечко и девојка, не се во брак но имаат секс, исламот предвидува да бидат убиени поради тоа, затоа што ја извалкале честа нели?
Ако честа е нивна, што има некој да ги казнува за тоа како постапуваат со истата?