Прашања до Атеистите II

Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
Прашање до атеистите: Која е смислата на животот?
Здогледуваш човек кој се подготвува да изврши самоубиство. Вели дека не гледа причина и смисла да продолжи со животот. Не го оставила жената, не доживеал финансиска криза, не го стрефила неизлечлива болест или некаква трагедија, туку едноставно не гледа некоја смисла во животот.
Дали би се обиделе да го спречите и што би му кажале? Зошто да продолжи со животот?
Фала.
Типично христијанско прашање .Зошто јас да го разубедувам него да не се самоубие ? Секој има своја глава некој ја користи за размислување некој за фарбање , пирсање и стрижење. Ако човекот смета дека треба да се самоубие тоа е негов избор негов живот може толку му се стемнило што сака да се самоубие .
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.679
Поени од реакции
59.810
Дали ќе го разубедуваш или не е личен избор, нема врска со тоа дали си атеист или верник.

Она што Чорбаџија сака да го протне низ мала врата овде не е некаква дебата за смислата на животот, туку стариот стереотип дека атеистите се нечувствителни луѓе кои задоволството го гледаат само во материјални работи, не си го ценат животот и немаат емпатија кон другите луѓе. Само тој го прави тоа попаметно од некои други кои се бламираат со овие работи постојано.

За повеќе стереотипи кои верниците на форумов ги вртат редовно, бујрум:

 
Член од
29 март 2013
Мислења
266
Поени од реакции
238
Гледам дискутирате на тема:
Смислата на животот.
Животот нема смисла,не може да има затоа што смислата е само формула,нешто што на нашиот ум му изгледа разумно.
Барање на една од многуте дефиниции кои не би требало да се дефинираат.
Секогаш кога реалноста ќе ја рационализираме,ќе се сретнеме/судриме со нешто што ја уништува рационалноста која сме ја изградиле.
Животот има смисла само кога се доживува како тајна која нема смисла за умот.
Освен тоа уште нешто ми паѓа на памет што ме поврзува со ова прашање.
Еден цитат на Фројд кој вели:
"Прашањето и потрагата по смислата на животот,е почеток на една депресивна фаза во животот на еден човек".
Се согласувам потполно со тоа.

Пс.Го заборавив типот што сака да се убие.
Нема да го разубедувам.
Ќе го викнам на кафе со мене,да си напраиме моабет.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Мене не ми е јасно зашто, ако некоја будала се спрема да скокне од камени мост, ја би го разубедувал во спротивното:confused:
 

Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Ево јас ќе си признам пред цел форум дека НЕ знам која е смислата на животот.
Ќе ми одговориш сега на истото прашање што ми го поставуваш?
Или ќе вртиш околу кола наместо да покажиш колку многу знајш да шлајфуваш.
м?

Не оди тоа така..овде вие давате одговор.
Кое се нарекува борба за егзистенција? Адаптацијата према условите? :pos:

Ајде и да е така... Ако не водиш борба за егзистенција, жив ќе си?

.


Прашањето не ти е на место.
И животните се адапотираат на условите....па и тие се живи.
Се борат за опстанок и живеат инстинктивно....без да имаат смисла во животот.
Овде се зборува за смислата на животот.
Не мора да значи.. црвите можат и над земја да излезат. Хемиската и електричната енергија се претвораат во топлина која постепено се губи низ просторот. Не сум сигурен кој други видови на енергија ги поседуаме.
Е тука се слагам со тебе...најголем број од атеистите ке се изгубат во просторот и времето после смртта....
Само малку ке продолжат да живеат, оние што ке ја „кристализираат“ енергијата...
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Дали ќе го разубедуваш или не е личен избор, нема врска со тоа дали си атеист или верник.

Она што Чорбаџија сака да го протне низ мала врата овде не е некаква дебата за смислата на животот, туку стариот стереотип дека атеистите се нечувствителни луѓе кои задоволството го гледаат само во материјални работи, не си го ценат животот и немаат емпатија кон другите луѓе. Само тој го прави тоа попаметно од некои други кои се бламираат со овие работи постојано.

За повеќе стереотипи кои верниците на форумов ги вртат редовно, бујрум:

А срамота ли е ако си верник во материјализмот(редукционизмот) односно ти си епифеномен, веруваш во тоа дека емпатијата е програма, животот е случајно негде настанат, да признаеш дека се е ова без цел?
Кај си ти у целава оваа заебанција, и не е ова прашање поставено од некој верник.....
 

Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Еден цитат на Фројд кој вели:
"Прашањето и потрагата по смислата на животот,е почеток на една депресивна фаза во животот на еден човек".
Се согласувам потполно со тоа.
Бев во дилема дали Фројд бил будала или не...
Го немам повеќе тај проблем...
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.319
Поени од реакции
12.334
Бидејќи имаше прашање-тема што бараат атеисти на овој подфорум...
Да прашам пак јас:
Зошто темата за атеисти е нај-актуелна откако се отвори, на подфорумот Религија и тоа актуелизирана од страна на разноразни верници кои веруваат во она или ова?
:)

Се одмаздуваат? Што мислите?
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Не оди тоа така..овде вие давате одговор.

Прашањето не ти на место.
И животните се адапотираат на условите....па и тие се живи.
Се борат за опстанок и живеат инстинктивно....без да имаат смисла во животот.
Овде се зборува за смислата на животот.

Е тука се слагам со тебе...најголем број од атеистите ке се изгубат во просторот и времето после смртта....
Само малку ке продолжат да живеат, оние што ке ја „кристализираат“ енергијата...
Темава беше заклучена поради причина. Јас е отворив, и ја презедов одговорноста.
Тоа значи дека, овде ќе оди како што јас ќе кажам да оди. Се друго е нерелевантно.

Чесно и поштено ти одговорив дека не знам која е смислата на животот, и побарав да ми помогниш да го пронајдам одговорот.
Не побарав бидејќи го респектирам твоето размислување. Да бидам искрен, од ова што те читам, на скала од 1-10 би те рангирал на 2. Бидејќи си писмен. Има многу верници што ме импресионираат со дискусија, за разлика од тебе.

А побарав од тебе да ми одговориш, бидејќи знаев предвреме дека ни самиот не знајш.
Ти само го потврдуваш ова.

Животните што се бе пријателе? Не се тие облик на живот? Што ги делиш од хомосапиенсот? Ако немаат ментално еволуирано, тоа значи дека немаат свест и смисла за живот?
Имаш ти воопшто научно познавање од нешто?
Само малку ќе продолжат да живеат, ако ја кристализираат енергијата????
ВТФ... мислиш ако ја кристализираат својата верба кон фантазијата?

Дај малце нешто поконкретно... размрдај ме.
 
M

Muranyi

Гостин
Дали би се обиделе да го спречите и што би му кажале?
Фала.
Прави што ти е волја и тоа нека биде цел закон,ете тоа ќе му кажам ако решил случајно од чиста мира без никаква причина да го прекине животот,иако тој пример во реалноста нема да го сретнеш,бидејќи позади секоја суицидална тенденција стои одреден мотив и низ на психопатолошки симптоми.Прашањето е што би било кога би било и е неизводливо во реалниот живот.

Инаку,ја спомена смислата на животот.Без разлика на колку луѓе ќе го поставиш прашањето,исто толку различни одговори ќе добиеш.Сигурно не сме некоја софистицирана грешка на природата која настанала исклучиво благодарение на сурова еволуција без некои пропратни станици за кои ние сеуште не знаеме и немаме одговор на многу прашања.Еве ти смисла на животот-да уживаш во него и да се воодушевуваш на се што те опкружува врзано во една беспрекорна и речиси совршена хармонија,која некој може ја перцепира како случајна грешка:)И во тоа да пронајдеш среќа и задоволство.Тебе можеби мојата смисла ти звучи бесмислено во нејзиниот корен.Твојата е да го славиш еврејскиот Бог и веруваш во него,да му се покоруваш на неговите заповеди иако никогаш не си го видел ниту знаеш дали постои.И ова е некому бесмислено. Се е прашање на перспектива:)
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Murugan, Нuкола, Io Sono Interista, kooperativa, puno, khz777, Muranyi фала ви за одговорите.

Добро прашање чорбаџи... само не знам зошто ги прашуваш атеистите, и не знам дали некој би знаел да ти одговори.
Јас би те прашал тебе истото...
А тоа со самоубиството... не сум видел такви што "едноставно не гледале смисла да продолжат со животот"
Освен ако прашањево не е хипотетичко, таков тип на суицидни луѓе не познавам. Секогаш има причина, без разлика дали ние ја гледаме или не.

И јас лично не познавам таков тип на суицидни луѓе и се согласувам дека секогаш има причина. Има некои примери на познати музички ѕвезди кои се самоубиле во екот на нивната слава, али и за тие случаи не можеме со сигурност да знаеме, бидејќи како што велиш, причината може и да не ја гледаме, да не ја дознале новинарите, полицајците.
Сепак да прашањето беше хипотетичко со цел да илустрира ситуација и да испровоцира дискусија.
 
M

Muranyi

Гостин
Еден цитат на Фројд кој вели:
"Прашањето и потрагата по смислата на животот,е почеток на една депресивна фаза во животот на еден човек".
Се согласувам потполно со тоа.
Потрагата по смислата на животот според многумина е почеток на мудроста и себеспознавањето.Ако тоа ја носи депресијата како неканет гостин,тогаш Фројд и бил во право,ако не-тогаш тој поима немал што сака да каже.
 
Член од
29 март 2013
Мислења
266
Поени од реакции
238
Потрагата по смислата на животот според многумина е почеток на мудроста и себеспознавањето.Ако тоа ја носи депресијата како неканет гостин,тогаш Фројд и бил во право,ако не-тогаш тој поима немал што сака да каже.
Да,но за време на самоспознавањето минуваш низ фази,кои мораш да ги минеш(налик на депресија)
за да достигнеш до мудроста кон која целиш.
Се соочуваш со се што е собрано во тебе од најраното детство па до моментот на тоа прашање,а воедно и некои слични други прашања.
Сето тоа значи повлекување во себе,време поминато со различни емоции,мисли и сл.
Ако отидеш во такво стање на психолог ќе те означи како депресивен:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom