Лично не гледам причина зошто женското при венчавањето мора да го промени презимето или додаде презимето од идниот сопруг. Не навивам за задржување на презимето за да не се изгубела семејната лоза туку заради можни понатамошни компликации при издавање на разни документи.Еве еден пример.Сестрата на мојата колешка е мажена двапати.Кога била првиот пат мажена го зела презимето од мажот и ги сменила личните документи нормално како што треба.Во тој период нејзините родители и поклониле стан кој според тогашната состојба е запишан под тоагашното име и презиме.Дипломата од факултетот исто.Потоа се развела, еден период си го носела повторно моминското презиме, па повторно се мажи и сега го има додадено презимето од новиот маж.Сите можни документи, дипломи од факултет, од курсеви и сл., и се каша-попара со презимињата, каде моминското, каде од еден маж, каде од друг маж.... крајот неможе да и се најде.Станот кога сакала да го продава прво морала еден куп хартии да потпишува и да менува документи па да дојде на ред да докаже дека таа е таа што ја пишува ако е со различно презиме ЕМБГ и е ист.Ама кај нас сеуште луѓево што работат позади шалтерите било у катастар било у банка не разбираат што всушност значи тој ЕМБГ туку читаат име и презиме.