- Член од
- 5 септември 2007
- Мислења
- 3.848
- Поени од реакции
- 960
- Локација
- Скопје
- Веб-сајт
- evangelos.blog.mk
Ах, погрешно разбрав, имав впечаток дека ги отфрлаш доказите на геологијата дека земјата е стара 4,5 милијарди години,
Никогаш не сум ја отфрлил можноста дека Земјата може да е стара 4.5 милијарди години, но не сум ја ни тврдел таа старост на Земјата. Долго време ја проучувам оваа област и се уште немам став за староста на Земјата, бидејќи сум се изначитал еден куп докази за помлада и постара Земја, за недостатоците на старосните методи што се користат и сл. А искрено и не ме засега оваа проблематика до толку, бидејќи не ја тангира мојата вера, ни во теорија, ни во пракса.
дека историја и археологија докажуваат дека Назарет не постоел во време на Исус
Сме го праеле муабетот и порано за Назарет и самиот знаеш дека има докази дека Назарет постоел во времето на Исус, не ме терај да копи-пејстирам што сум пишувал.
и дека Исус е распнат на 40 годишна возраст,
Никогаш не сум негирал дека Исус би можел да биде распнат на 40 годишна возраст, ниту пак сум тврдел дека бил распнат на таа возраст. Во твојот „доказ“ дека Исус бил распнат на таа возраст еднаш ти поставив прашање од каде ти се тие аргументи, а ти ми кажа дека си ги прочитал од некоај книга, ама не ти текнува од каде. Тоа не е солидна аргументација.
дека не веруваш во сродноста на човекот и мајмуните, свињата и глушецот
Не знам што подразбираш под „сродност“, но сигурно не верувам дека тие имаат заеднички предок, дека се братучеди и сл. Науката не го вели тоа. Тоа го велат еволуционистите.
и дека не ги прифаќаш учењта на православаа и(ли) католичката црква...
Се разбира дека не ги прифаќам тие учења. Јас сум библиски христијанин и како авторитативни ги прифаќам само учењата на Исус и апостолите, запишани во Светото Писмо.