Најнови фотографии од изложбата на ловечкото друштво "Фазан"...
Не, ова е
Армијата на Република Македонија...
Свежо офарбан БТР-80 со ќељави гуми.
Не е немањето пари толку проблем, колку што е проблем безидејноста, и оставањето на други да ни ги планираат работите.
Дечко толку многу разбираш што гледам МИ-24 го замеша со МИ-8.
А сега ќе те удостоиме со одговор..
Тој БТР е од Германија ако не си знаел, а за гумите немај мака, исто и за моторот, тоа возило се докажа во авганистан и гумите(пневматиците) мака немаа и од куршими.
Зоља, калаш, и изљуштени застава пиштоли.
А што да не бсакаш да ги претстават Израелските Тавор булпап механизам или пак М-21 кои се од застава(само М-21).
МИ-8. Се користи за транспорт на војници, компири и спасувачки мисии.
За ова немам коментар, а потоа ќе ти објаснам.
Самострели... Рамбо, WTF...
Да и не ја знаеш нивната намена како прво ниту пак потенцијалот, но тој самострел во прави раце може да онеспособи и оклопно возило.
Катјуша (експонат пошто немаме ракети)
Грешка бе, катјуша е БМ-13 т.е Боева машина-13 а ова на сликата е БМ-21 Огнен Град(знаат тие кои осетиле зишто му го дале надимакот).
Во САД овие за лов и разонода ги користат.
Не туку САД уште користи митралези од виетнамската ера кои се докажани и функционални а германците се тие кои ги заменуваат, компликуваат и на крајот ќе се просераваат кога 30% од оружјето нема да стигне до фронтот од технички проблеми.(како примери се Пантер, Тигар и Крал тигар, а кога би оделе во Курск со докажаните четворки панзеркампфваген можеби друго ќе било.
А ова на сликата е Практично и докажано.
Хермелин (еден). Другиот е во Авганистан, а третиот е на сервис.
Најлони на седиштата, прашина да не фатат, зошто воопшто не се ни користат.
До вчера Хермелин имаше само Германската Армија и АРМ, сега мислам дека го имаат уште неколку армии но нашиот е модифициран со додатна балистичка заштита.
MLRS од 2ра Светска Војна. Од другата страна има ченгел за на коњ да се закачи.
Тоа е Пламен и е од Екс ЈУ.
Хаубица (тешка артилерија во наш случај)
Имаме и многу потешка.
Хитлер се јави, си го сака против-авионскиот топ назад.
Да имаше хитлер вакви немаше со цивилни авиони(да цивилни транспортни) да им ги уништуваат браните а потоа и цела индустрија а дрезден да не го спомнувам.
Ова е 23мм ако не се лажам исто така докажано и предност има а се вика дејство врз копнени мети.
Класика
МИ-24. Уникат... Во буквална смисла.
Да, нема држава на балканот која има МИ-24 а да е подобар од нашиот, ќе речеш лажам ама овие се модификација на Елбит системс со Флир додека топот на хеликоптерот пука таму каде што гледа пилотот бидејќи има посебен HUD.
Тоа е Убермакедонче.
Шала на страна, не сим сигурен дали Македонија има погон или фабрика за производство на муниција.
Види Македонија правеше добар дел од екс-ју воената индустрија, на пример 11 октомври ги вршеше најделикатните зафати за тенкот М-84
Секоја сериозна држава произведува барем дел од вооружувањето.
Точно, најдобар пример е Словенија која лиценцно си покрива дури 80% од сопственото вооружување и тоа е пример кој треба да се следи.
На Балканско ниво, ние сме тука некаде со Албанија и Косово.
Грешка, моментално сме за жал подолу и зависиме апсолутно од увоз со исклучок на 20-30 фирми кои мораат да работат дури и во воена состојба.
Србија на пр. прави
анти тенковски системи, а нивниот извоз на оружје во 2012 е 900 милиони евра.
Аууу ама е сложено да направиш антитенковски систем жити се држ се држ се....
Имаме ние добар
М-90 поефтин е од бумбарчето кое е уште само на збор(уште е таа верзија на видеото прототип) и секако пенетрира 800мм+ со една боева глава а бумбарот е со две тандем и секако огромна негативност на бумбарчето е што мора да и покрај лансирањето визирот ти биде насочен кон тенкот кој ако е помодерен вбеднаш ќе реагира и ќе погодиш комарец во левото муде и пртал ќе го направиш.
Македонската Армија има сериозни дупки во одбраната.
За секој занает е потребен алат. Не можеш да бидеш механичар со еден штрафцигер и чекич.
Ова е за жал точно, значи муниција, ракети, гранати, куршуми се имаме дома, па дури и сопствени модификации но кај нас се гледа само пред нос значи не и за странски пазар иако производите се со врвен квалитет.
Спасот се бара во партнерство со странски фирми па еве Сувенир го земаа чесите, Еурокомпозит ќе иде на продажба сега но имај предвид ние произведуваме и извезуваме матични плочи за руските најсовремени ПВО системи и хеликоптери, Понатаму извезуваме нуклеарна технологија(што е иронија) и тоа на Кина,на Германија и на шведска, е бсега машината доби бан за Иран-нормално тоа е фирмата која ќе им направи робот за да им ги прави опашките на руските авиони, името и е Микросам.
Има ли Македонија стратегија за одбрана?
Има, јас ја имам истата е над ХХ страни и таму убаво пишува што и како ќе се набави и кога.
Е сега ако мислиш дали имаме стратегија за ВОЕНА ИНДУСТРИЈА тогаш со жалење и тешко срце ќе одговорам.....НЕ, Немаме план, а штом немаме план немаме ниту пак механизми со кои би подигнале воена Индустрија која токму сега му е мајката додека се колат пријателиве од Африка па до Сирија и во иднина Иран да се надеваме.
Има ли луѓе кои сами ќе ја менаџираат армијата, или ќе продолжиме да ги слушаме НАТО, со што стигнавме до
овој степен...
Види проблемот не е во НАТО, туку во нас, имено приватните компании направија добра анализа и добар план и според тој успеавме да од 2002 кога над 85% беа за плати а остатокот за одржување на опрема до пред година две стигнеме до степен 70% плати 20% нова опрема и техника и 10% одржавање и се тежнее ставката плати да биде 60% и тоа е добро, но она што е лошо е што вака како проценти изгледаат малку но кога ќе треба да набавиме опрема ќе треба многу пари да одат надвор, наместо истата работа па и подобро да ја завршиме овде а решението за тоа е само со откупување или заедничко користење на права.
А конкретно што ни ја донесе Армијата до овој степен(не тој на сликите туку реалниот) а тоа е да над 65% од пушките и митралезите бсе расходувани и НЕУПОТРЕБЛИВИ или со други зборови луѓе нашата Армија дојде до степен да нема доволно пушки за да го вооружа и активниот и резервниот состав а притоа истите да бидат функционални, бидејќи последниве 3 години многу оружје АРМ продаде и "уништи" а најголем виновник, не само за ситуацијата со пушките туку и фактот што нема средства за Сухоите, што нашите модернизирани хеликоптери поради кои ни љубоморат соседите(чии МИ-24 неможат да делуваат ноќе ниту пак да носат помодерно оружје со поголем домет и поосетливи сензори за одбрана но и за напад) не се одржаваат како што треба, а се шпекулира и дека новите тенкови Т-72 не биле во ред ама испадна тоа голема лага бидејќи скоро демонстрираа групна тенковска тактика и гаѓање со боева муниција.
Волк вистинскиот виновник е нашата влада, имено ние сме можеби единствена држава во која години по ред МВР има минимум два пати а и пред 4-5 години имаше три пати поголем буџет од АРМ-значи тоа е АПСУРД, јас разбирам ЕДНА ГОДИНА МВР да добие 300 а АРМ 100 поради набавките од Израел и САД на опрема за следење,сонари, златни ланчиња со микрофони, и што уште не или поточно моментално нашата МВР е опремена како МИ6 и разбирам да тоа трае една година, ајде две...ама овие цел мандат како да го разоруваат системот за национална одбрана од Надворешен агресор(интересно навистина сега знаеме како диши секој во државава така да 2001 не е можна, но дали е можно Косово+2001 и за мене е возможно и ако е така тогаш нека се врати нормалата и сега нека МВР биде со 100 милиони а АРМ со 250 па да видиш како веднаш работите ќе се сменат.
Патем не се секирај долгорочниот план за национална безбедност и за модернизација на одбраната се остварува а и добро е па и некои работи да не се гледаат нели??
Или сакаше да ги покажат новите комуникациски уреди кои не само што можат да следат сателитска комуникација, туку можат и да ја блокираат.
И на крај краеви таман е изложбата, тенковите си имат своја локација понатаму системите за ПВО си дежураат ОК е.(ова не е саем на вооружување и техника ебаго, а ако си бил таму е рајот, таму има од торпеда, па до Патриот-3 и многу гаџети меѓу кои за наведување ласерско на бомби а како двоглед е но бомбата гаѓа точно каде што означуваш или во пракса можеш терористи да бомбардираш во карлична коска или пак жути зуби
Јас незнам за тебе ама се чувствувам сигурен, а ако дојде да грми и да пука и агресор да дојде да ни го краде благото, да ни го јаде месото пие виното и силува жените, јас сигурно нема да бидам пред PC да се бунам против НВО кој веќе се случи-Откажете се, навистина ви велам нервите џабе ги трошите, поразени сте али не се секирајте, еве јас отворено кажувам дека нема да бидам пред PC туку ќе му се спротивставам
на кој и да е агресор, а вие гледајте зајтгејс во меѓувреме мене не ми смета ама би ми влијаело така малку...на борбениот морал
VOLK2234 се шалам знаеш за зајтгејс и НВО

, а за она дека стварно ќе застанам пред агресорот...
тоа е 101% сигурно..
Да Живее МАКЕДОНИЈА!!!!!