АРМ во 2013 е сведена на ниво на ловечко друштво

  • Креатор на темата Креатор на темата VOLK2234
  • Време на започнување Време на започнување
Треба да ја сведат. Ама не вака, ова е богато ловечко друштво, многу пари троши на плати, униформи и останати глупости.
 
Ние сами ќе се заколеме, не ни треба одбрана од надворешна агресија.
 
Горна Република Македонија во блиска иднина ќе влезе во НАТО и сите дилеми ќе завршат..(y)
 
Тајмингот ми е најтересен во целиов муабет. Два дена пред 18 август, Денот на армијата.
Коинциденција?
 
Со УЧКарски министер џабе ни и повеќе нуклеарки од Русија да имаме....
 
Најнови фотографии од изложбата на ловечкото друштво "Фазан"...
Не, ова е Армијата на Република Македонија...

arm-750.jpg

Свежо офарбан БТР-80 со ќељави гуми.

Не е немањето пари толку проблем, колку што е проблем безидејноста, и оставањето на други да ни ги планираат работите.


Дечко толку многу разбираш што гледам МИ-24 го замеша со МИ-8.

А сега ќе те удостоиме со одговор..

Тој БТР е од Германија ако не си знаел, а за гумите немај мака, исто и за моторот, тоа возило се докажа во авганистан и гумите(пневматиците) мака немаа и од куршими.

arm500.jpg

Зоља, калаш, и изљуштени застава пиштоли.

А што да не бсакаш да ги претстават Израелските Тавор булпап механизам или пак М-21 кои се од застава(само М-21).
arm-1450.jpg

МИ-8. Се користи за транспорт на војници, компири и спасувачки мисии.


За ова немам коментар, а потоа ќе ти објаснам.

arm-2500.jpg

Самострели... Рамбо, WTF...

Да и не ја знаеш нивната намена како прво ниту пак потенцијалот, но тој самострел во прави раце може да онеспособи и оклопно возило.



arm-8500.jpg

Катјуша (експонат пошто немаме ракети)

Грешка бе, катјуша е БМ-13 т.е Боева машина-13 а ова на сликата е БМ-21 Огнен Град(знаат тие кои осетиле зишто му го дале надимакот).

arm-4500.jpg

Во САД овие за лов и разонода ги користат.


Не туку САД уште користи митралези од виетнамската ера кои се докажани и функционални а германците се тие кои ги заменуваат, компликуваат и на крајот ќе се просераваат кога 30% од оружјето нема да стигне до фронтот од технички проблеми.(како примери се Пантер, Тигар и Крал тигар, а кога би оделе во Курск со докажаните четворки панзеркампфваген можеби друго ќе било.

А ова на сликата е Практично и докажано.
arm-5500.jpg

Хермелин (еден). Другиот е во Авганистан, а третиот е на сервис.

arm-6500.jpg

Најлони на седиштата, прашина да не фатат, зошто воопшто не се ни користат.


До вчера Хермелин имаше само Германската Армија и АРМ, сега мислам дека го имаат уште неколку армии но нашиот е модифициран со додатна балистичка заштита.

arm-9500.jpg

MLRS од 2ра Светска Војна. Од другата страна има ченгел за на коњ да се закачи.

Тоа е Пламен и е од Екс ЈУ.

arm-10500.jpg

Хаубица (тешка артилерија во наш случај)

Имаме и многу потешка.


arm-12500.jpg

Хитлер се јави, си го сака против-авионскиот топ назад.

Да имаше хитлер вакви немаше со цивилни авиони(да цивилни транспортни) да им ги уништуваат браните а потоа и цела индустрија а дрезден да не го спомнувам.

Ова е 23мм ако не се лажам исто така докажано и предност има а се вика дејство врз копнени мети.




Класика:)
arm-15500.jpg

МИ-24. Уникат... Во буквална смисла.

Да, нема држава на балканот која има МИ-24 а да е подобар од нашиот, ќе речеш лажам ама овие се модификација на Елбит системс со Флир додека топот на хеликоптерот пука таму каде што гледа пилотот бидејќи има посебен HUD.

Тоа е Убермакедонче.




Шала на страна, не сим сигурен дали Македонија има погон или фабрика за производство на муниција.

Види Македонија правеше добар дел од екс-ју воената индустрија, на пример 11 октомври ги вршеше најделикатните зафати за тенкот М-84

Секоја сериозна држава произведува барем дел од вооружувањето.

Точно, најдобар пример е Словенија која лиценцно си покрива дури 80% од сопственото вооружување и тоа е пример кој треба да се следи.

На Балканско ниво, ние сме тука некаде со Албанија и Косово.

Грешка, моментално сме за жал подолу и зависиме апсолутно од увоз со исклучок на 20-30 фирми кои мораат да работат дури и во воена состојба.

Србија на пр. прави анти тенковски системи, а нивниот извоз на оружје во 2012 е 900 милиони евра.

Аууу ама е сложено да направиш антитенковски систем жити се држ се држ се....

Имаме ние добар М-90 поефтин е од бумбарчето кое е уште само на збор(уште е таа верзија на видеото прототип) и секако пенетрира 800мм+ со една боева глава а бумбарот е со две тандем и секако огромна негативност на бумбарчето е што мора да и покрај лансирањето визирот ти биде насочен кон тенкот кој ако е помодерен вбеднаш ќе реагира и ќе погодиш комарец во левото муде и пртал ќе го направиш.

Македонската Армија има сериозни дупки во одбраната.
За секој занает е потребен алат. Не можеш да бидеш механичар со еден штрафцигер и чекич.

Ова е за жал точно, значи муниција, ракети, гранати, куршуми се имаме дома, па дури и сопствени модификации но кај нас се гледа само пред нос значи не и за странски пазар иако производите се со врвен квалитет.

Спасот се бара во партнерство со странски фирми па еве Сувенир го земаа чесите, Еурокомпозит ќе иде на продажба сега но имај предвид ние произведуваме и извезуваме матични плочи за руските најсовремени ПВО системи и хеликоптери, Понатаму извезуваме нуклеарна технологија(што е иронија) и тоа на Кина,на Германија и на шведска, е бсега машината доби бан за Иран-нормално тоа е фирмата која ќе им направи робот за да им ги прави опашките на руските авиони, името и е Микросам.

Има ли Македонија стратегија за одбрана?

Има, јас ја имам истата е над ХХ страни и таму убаво пишува што и како ќе се набави и кога.

Е сега ако мислиш дали имаме стратегија за ВОЕНА ИНДУСТРИЈА тогаш со жалење и тешко срце ќе одговорам.....НЕ, Немаме план, а штом немаме план немаме ниту пак механизми со кои би подигнале воена Индустрија која токму сега му е мајката додека се колат пријателиве од Африка па до Сирија и во иднина Иран да се надеваме.

Има ли луѓе кои сами ќе ја менаџираат армијата, или ќе продолжиме да ги слушаме НАТО, со што стигнавме до овој степен...


Види проблемот не е во НАТО, туку во нас, имено приватните компании направија добра анализа и добар план и според тој успеавме да од 2002 кога над 85% беа за плати а остатокот за одржување на опрема до пред година две стигнеме до степен 70% плати 20% нова опрема и техника и 10% одржавање и се тежнее ставката плати да биде 60% и тоа е добро, но она што е лошо е што вака како проценти изгледаат малку но кога ќе треба да набавиме опрема ќе треба многу пари да одат надвор, наместо истата работа па и подобро да ја завршиме овде а решението за тоа е само со откупување или заедничко користење на права.

А конкретно што ни ја донесе Армијата до овој степен(не тој на сликите туку реалниот) а тоа е да над 65% од пушките и митралезите бсе расходувани и НЕУПОТРЕБЛИВИ или со други зборови луѓе нашата Армија дојде до степен да нема доволно пушки за да го вооружа и активниот и резервниот состав а притоа истите да бидат функционални, бидејќи последниве 3 години многу оружје АРМ продаде и "уништи" а најголем виновник, не само за ситуацијата со пушките туку и фактот што нема средства за Сухоите, што нашите модернизирани хеликоптери поради кои ни љубоморат соседите(чии МИ-24 неможат да делуваат ноќе ниту пак да носат помодерно оружје со поголем домет и поосетливи сензори за одбрана но и за напад) не се одржаваат како што треба, а се шпекулира и дека новите тенкови Т-72 не биле во ред ама испадна тоа голема лага бидејќи скоро демонстрираа групна тенковска тактика и гаѓање со боева муниција.

Волк вистинскиот виновник е нашата влада, имено ние сме можеби единствена држава во која години по ред МВР има минимум два пати а и пред 4-5 години имаше три пати поголем буџет од АРМ-значи тоа е АПСУРД, јас разбирам ЕДНА ГОДИНА МВР да добие 300 а АРМ 100 поради набавките од Израел и САД на опрема за следење,сонари, златни ланчиња со микрофони, и што уште не или поточно моментално нашата МВР е опремена како МИ6 и разбирам да тоа трае една година, ајде две...ама овие цел мандат како да го разоруваат системот за национална одбрана од Надворешен агресор(интересно навистина сега знаеме како диши секој во државава така да 2001 не е можна, но дали е можно Косово+2001 и за мене е возможно и ако е така тогаш нека се врати нормалата и сега нека МВР биде со 100 милиони а АРМ со 250 па да видиш како веднаш работите ќе се сменат.

Патем не се секирај долгорочниот план за национална безбедност и за модернизација на одбраната се остварува а и добро е па и некои работи да не се гледаат нели??

Или сакаше да ги покажат новите комуникациски уреди кои не само што можат да следат сателитска комуникација, туку можат и да ја блокираат.

И на крај краеви таман е изложбата, тенковите си имат своја локација понатаму системите за ПВО си дежураат ОК е.(ова не е саем на вооружување и техника ебаго, а ако си бил таму е рајот, таму има од торпеда, па до Патриот-3 и многу гаџети меѓу кои за наведување ласерско на бомби а како двоглед е но бомбата гаѓа точно каде што означуваш или во пракса можеш терористи да бомбардираш во карлична коска или пак жути зуби:)

Јас незнам за тебе ама се чувствувам сигурен, а ако дојде да грми и да пука и агресор да дојде да ни го краде благото, да ни го јаде месото пие виното и силува жените, јас сигурно нема да бидам пред PC да се бунам против НВО кој веќе се случи-Откажете се, навистина ви велам нервите џабе ги трошите, поразени сте али не се секирајте, еве јас отворено кажувам дека нема да бидам пред PC туку ќе му се спротивставам на кој и да е агресор, а вие гледајте зајтгејс во меѓувреме мене не ми смета ама би ми влијаело така малку...на борбениот морал;)

VOLK2234 се шалам знаеш за зајтгејс и НВО;) , а за она дека стварно ќе застанам пред агресорот...тоа е 101% сигурно..

Да Живее МАКЕДОНИЈА!!!!!
 
ова орудие е за герилска војна и што нам највеќе ни е потребна , така да не ошекувајте некоја јака авијација и ПВО
 

Ептен си буквалиста. Јас не се сомневам во спремноста на нашите војници, туку во стратегијата на раководството.
Не е работата да се маваме во гради, БТРот бил со ќељави гуми, но може да тера со тие уште 2-3 години.
МИ-24 то е надграден, ОК, колку такви хеликоптери имаве? 1? 2? И тоа е доволно?
Ако се сруши, ќе позајмиме од МВР од тие новинарските што ги имаат.
За Град системот, кога последен пат е испукано ракета од него? Се кладам дека цевките се ко шајка рѓосани.
Со против авионски топ ќе срушиш Ф-16? Или очекуваш со двокрилци да не нападнат?
Да и не ја знаеш нивната намена како прво ниту пак потенцијалот, но тој самострел во прави раце може да онеспособи и оклопно возило.
А Рамбо сруши хеликоптер со лак и стрела. Ама Рамбо.

Каде е ПВОто?
Каде е авијацијата?
Каде се тенковите, мобилната артилерија?
21 век сме.
Зошто го укинаа воениот рок?
Новиве генерации претежно се тешки лиглиња и мамини мази. Ти и јас ќе ја браниме државата, а што правиме со помалите што 95% од нив
единствената пушка што ја држеле било на видео игра?

Армијата ни е 6000, од кои 2000 се администрација а 1000 готвачи... На крај изгледа стварно ќе испадне Грците или Бугарите да ни го чуваат воздушниот простор...
Но битно ќе имаме сачмарки со ласерски нишан.

кога ги читам VOLK2234 и Hiryu, како да пратам а1 и сител
Аман бе:eek:
 
еј брат не сакав некој да навредам, ама јас поим си неам од овие работи па за мене е збунувачки и пак не ми е јасно, кој од вас е во право
Уживај де;)
 
АРМ е изговор за да постои министерство за да се вработуваат партиски членови. Нас армија не ни е потребна кога од страна ни се сугерира дали може да се браниме или напаѓаме. Кога би биле сериозна држава а не банана тогаш ваквите слики не би ги имало и не би се дискутирало на вакви теми. Сиротите војничиња униформа немаат а не пак авијација и тенкови.
 
Кој простак го пишувал текстот, барем да ги погодел оружјата... И те молам волку да не тропаш глупости кога не разбираш ништо од АРМ, ова што го збориш ти сигурно си го чул од негде...
1.Имаме 4 активни МИ 24 (2 Александар 2 Јасмин) + МИ 8 и МИ 17 кои имаат можност за пукање
2. Градот го пукаат редовно, колку што дозволува буџетот, сигурно нема тебе да ти се јавуваат кога ќе пукаат...
3.За ПВОто, воениот рок, тенковите, артилеријата, ги нема поради буџетот од 100 милиони евра, ајде да те видам тебе давај плата на 8000 војници и рани ги (без администрација и готвачи, од каде ги извади само толку готвачи и администрација не ми е јасно)... Како за почеток почни да го читаш списанетио ШТИТ и ќе сфатиш дека знаат они што е најдобро, само немаат пари... Доволно е и ова сега што го имаме, само да биде модернизирано, види ја на пример Словенската армија, помалце војници од нас, три пати поголем буџет, модерно оружје -јака армија...
 
arm-5500.jpg

Хермелин (еден). Другиот е во Авганистан, а третиот е на сервис.

arm-6500.jpg

Најлони на седиштата, прашина да не фатат, зошто воопшто не се ни користат.
Ова мислам дека е Кобрата што ја донираа Турците пред некое време
 
Кој простак го пишувал текстот, барем да ги погодел оружјата... И те молам волку да не тропаш глупости кога не разбираш ништо од АРМ, ова што го збориш ти сигурно си го чул од негде...
Татко ти?
1.Имаме 4 активни МИ 24 (2 Александар 2 Јасмин) + МИ 8 и МИ 17 кои имаат можност за пукање
Ова веќе делува ветувачки.
2. Градот го пукаат редовно, колку што дозволува буџетот, сигурно нема тебе да ти се јавуваат кога ќе пукаат...
Редовно е релативен поим.
3.За ПВОто, воениот рок, тенковите, артилеријата, ги нема поради буџетот од 100 милиони евра, ајде да те видам тебе давај плата на 8000 војници и рани ги (без администрација и готвачи, од каде ги извади само толку готвачи и администрација не ми е јасно)... Како за почеток почни да го читаш списанетио ШТИТ и ќе сфатиш дека знаат они.......
Читав ОДБРАНА. Ама во 6-то одделение.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom